Кочоска на брифинг со новинарите уверуваше дека буџетот за 2027 година е развоен, а долгот во рамки на планираното
2Кочоска на брифинг со новинарите уверуваше дека буџетот за 2027 година е развоен, а долгот во рамки на планираното
3Народната банка ја започна продажбата на 95,3 проценти од акциите на „АЛТА банка“, првата аукција закажана за 30 ноември
ТехнологијаФизичар од Харвард пронашол чудни топчиња во океанот: Не потекнуваат од Сончевиот систем Астрофизичар од Универзитетот Харвард, Ави Лоеб, кој со години истражува дали постои развиена форма на вонземски живот на други планети, пронашол стотици метални топчиња на морското дно, кои се чини дека не потекнуваат од нашиот Сончев систем.Доколку ова откритие биде потврдено, тоа ќе биде првпат луѓето да стапат во контакт, односно да држат и проучуваат објект кој пристигнал од меѓуѕвездениот простор. Лоеб и неговите колеги ги пронашле овие необични сферули во Тихиот Океан во близина на Папуа Нова Гвинеја, а потрагата по нив била започната откако метеорот CNEOS 2014-01-08 (IM1) се распаднал над областа во 2014 година, кој имал многу необична брзина и затоа го привлекол вниманието на научниците. Со оглед на тоа што сателитите на американската влада го следеле метеорот додека не се распаднал, Лоеб ја знаел приближната локација на неговиот пад и во јуни оваа година започнал експедиција насочена кон пронаоѓање на остатоците од IM1. Иако ова е потенцијално големо откритие, научната заедница останува малку скептична, особено затоа што експедицијата е предводена од Лоеб, познат по неговата потрага по интелигентен вонземски живот. Имено, Лоеб во 2021 година го основал проектот Галилео, чија мисија е да бара знаци на вонземска технологија. Дополнително, Лоеб во своето истражување споменува дека високата содржина на ураниум во пронајдените топчиња може да биде показател дека станува збор за некаква вонземска технологија. Планетарниот научник Моника Грејди од Отворениот универзитет во Велика Британија го коментира откривањето на сферулите во јули, пред објавувањето на прелиминарните резултати од анализата, и рече дека се потребни многу посилни докази за тврдењето дека се работи за вонземски сфери. „Каков е нивниот состав? Колку години имаат? Можеме ли да ги исклучиме загадувачите од Земјата? Можеме ли да исклучиме фрагменти од вонземски материјал од Сончевиот систем? Најубедлив доказ би бил да се измери староста на сферулите. Ако се постари отколку Сонцето, тоа би значело дека дошле од меѓуѕвездениот простор“, напишала Грејди. „Знаеме дека метеоритите од нашиот Сончев систем содржат железо и никел. Сферулите очигледно содржат „незначителни“ количества никел, што покажува дека тие речиси сигурно не потекнуваат од метеори во Сончевиот систем. Сепак, ова не докажува дека сферулите доаѓаат од меѓуѕвездениот простор, само ја зголемува веројатноста дека се работи за загадувачи од Земјата“, додава таа. Прелиминарната анализа на 57 минерални објекти сугерират дека барем некои од нив не припаѓаат на метеори во Сончевиот систем поради нивниот хемиски состав. „Ова е историско откритие. За прв пат луѓето држат во рацете материјал кој доаѓа од голем меѓуѕвезден објект. Исклучително сум задоволен од овие резултати“, рече американскиот претприемач Чарлс Хоскинсон, кој помогна во финансирањето на експедицијата на Лоеб, како што објави Science Alert. Имено, како што објави Харвард, ситните топчиња (до 1 милиметар во дијаметар) содржат екстремно големи количества берилиум, лантан и ураниум, што е состав на „BeLaU“ кој досега не е виден. Сферулите исто така содржат сооднос на изотоп на железо кои не се наоѓаат на Земјата, Месечината и Марс, што укажува на меѓуѕвездено потекло. Студијата, Discovery of Spherules of Likely Extrasolar Composition in the Pacific Ocean Site of the CNEOS 2014-01-08 (IM1) Bolide, сè уште не поминала независна рецензија од колегите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСекое десетто бебе на ГАК се раѓа предвремеСекое десетто бебе на Гинекологија се раѓа предвреме, а битката за живот во инкубаторот трае долго, бидејќи понекогаш се случува и да забораваат да дишат кога ќе се тргнат од апарат, но се почесто малите, но големи борци си заминуваат дома. Вака, со гордост во погледот, лекарите од одделот за неонатологија раскажуваат за третманот на децата кои пред време доаѓаат на овој свет, а по повод Светскиот ден посветен на прематурните новороденчиња. Годинава најмалото бебе родено на ГАК имало само половина килограм. Состојбата е значително променета во последните години и не е како порано по две бебиња да се третираат во еден инкубатор, велат од ГАК. Сега со донации има доволно инкубатори. Македонија сега има помала смртност кај предвремено родените бебиња споредено со европскиот просек, но сепак, фалат медицински сестри. Во моментов 40 тина бебиња се на одделот за неонатологија, но поради случаите на грип и морбили, посетата на родителите и блиските е ограничена, поради што здравствените власти апелираа на вакцинација со цел да се заштитат најранливите – бебињата кои во првата година не смеат да примаат МРП вакцина. Тагови: ГАК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
ЗдравјеЛицата со афазија добиваат прв клуб во државатаНа околу десет илјади луѓе им е потребна помош со состојба на афазија или нарушување на говорот, разбирањето, читањето и пишувањето настанато по мозочен удар или повреда на мозокот. Во рамките на Центарот за рехабилитација за говор се отвори центарот. Иницијатор е адвокатката Мирјана Марковска и Здружението за поддршка на лица со афазија ХОУП, која по состојба на мозочен удар, таа сака да им помогне на сите луѓе кои имаат афазија. Овој центар може да го посетат сите кои имаат ваква состојба заедно со нивните семејства, и да им се помогне и на другите членови на семејството за полесна комуникација. Со лицата ќе работат логопеди, психолози и кадар што е потребен за оваа состојба. Логопедите објаснуваат дека со правилни вежби им се помага многу на лицата со афазија, пред се на помладите луѓе кои се работо способни и имале мозочен удар или повреда на мозокот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаМитовски бара мандат за дејствување: Ќе го решам проблемот со кравитеГрадоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска повторно побара од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство итно да утврдат законски механизам со кој Општината ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот.Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска повторно побара од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство итно да утврдат законски механизам со кој Општината ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот од улиците и имотите на граѓаните, во соработка со надлежните институции и под ветеринарен надзор. Според Митовски, правосилните и извршни решенија за одземање на добитокот постојат повеќе од две години, но сè уште не се целосно спроведени. Тој истакна дека граѓаните предолго трпат материјални штети и дека е неопходна заедничка и координирана акција на надлежните институции во најможен краток период. -Се што барам од вас е да ми дадете законски мандат. Барем правен механизам што ќе ми овозможи да ја превземам организацијата и координацијата на терен заедно со сите надлежните останати институции и конечно да ги релоцирам животните од улиците и имотите на граѓаните. Ќе подготвам протокол и оперативен план и ќе ја спроведам акцијата за помалку од 10 работни дена, само најдете начин да добијам законски овласувања – изјави Сашко Митовски – Градоначалник на Крива Паланка. Од друга страна, директорот на АХВ, Јовица Андовски, вели дека минатата недела остварил средба со градоначалникот и дека веќе се подготвува оперативен план со конкретни надлежности, активности и рокови за решавање на проблемот. „Во постојана комуникација сме со градоначалникот. Знае тој дека го работиме оперативниот план со којшто целосно точно ќе се знае која институција за што ќе биде задолжена, со точни активности, законски рокови и очекуван исход. Овој оперативен план е во завршна фаза, очекувам во наредниот период да го споделиме со надлежните институции и заеднички со градоначалникот и другите институции коишто имаат надлежност да го разгледаме, додадеме некоја плус активност и во најкуси утврдени рокови, прецизни и надлежности да излеземе на терен и да го решиме проблемот – изјави – Јовица Андовски, директор на АХВ. Градоначалникот Митовски претходно побара и прогласување 30-дневна кризна состојба поради неконтролираното движење на повеќе од илјада грла добиток, кои предизвикуваат штети на земјоделските површини и приватните имоти, а претставуваат и опасност за сообраќајот. Сепак како што посочи тој планот минатата недела бил отфрлен од советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓуврем проблемот со кравите во Крива Паланка беше во фокусот на повеќе регионални и светски медиуми, а новинската агенција Асошиејтед прес објави видео-сторија за состојбата во градот за проблемот кој трае повеќе од 15 години. Тагови: „Дурмо турс“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook