Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
ЖивотФизибилити студија за причините за намалувањето на нивото на Преспанското Езеро Република Грција, Република Албанија и Република Македонија мора да преземат сериозни чекори за надминување на состојбата со повлекување на водите од Преспанското Езеро, смета градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски.Локалната самоуправа, според него, согласно ингеренциите презема се што е во надлежност за заштита на ова природно богатство. Но, како што нагласи првиот човек на Општината, проблемот е покомплексен и потребна е физибилити студија која ќе понуди решенија. – Со министрите за животна средина и просторно планирање и за земјоделство, шумарство и водостопанство Насер Нуредини и Аријанит Хоџа и експерти од оваа област дискутиравме за сите можни причини кои доведоа до намалување на нивото на Преспанското Езеро, истакна Гошаревски. Освен климатските промени, како една од причините, додаде, е наведено и зголемувањето на обработливи земјоделски површини и користење на подземните води за нивно наводнување. – За 10 години земјоделското земјиште е зголемено за 1.500 хектари, односно од 3.000 на 4.500 хектари. Трите држави на експертско ниво треба да изработат физибилити студија и да понудат можни решенија, истакна Гошаревски. Раководителот на сектор за животна средина при Општина Ресен, Ајман Алмалла смета дека сликата на преспанското крајбрежје е алармантна. Во Претор е повлечена за 35 до 40 метри во хоризонтала. – Водата е повлечена неколку сантиметри од брегот. Кон крајот на февруари имавме состојба на минус 493 сантиметри согласно водомерната летва во Стење, што, според последното мерење извршено од Секторот за животна средина при Општина Ресен, во Стење, покажува намалување на уште 12 сантиметри. Не падна дожд и тоа си го прави своето. Преспанското Езеро е уникатен и повредлив еколошки и хидролошки систем што е многу осетлив на климатските промени, но и на човечките активности. Тоа е дел од причините зошто состојбата е на такво ниво. Потребна е сеопфатна анализа на сите компоненти на водниот биланс, за да дојдеме до банка на податоци согласно која ние можеме да предвидиме мерки за намалување на негативните појави, вели Алмалла. Општина Ресен, во соработка со Хидробиолошкиот завод од Охрид, посочи, почнала со анализа на севкупнот живот во Преспанското Езеро, на квалитетот на водата во езерото, но и во сливните подрачја. – Согласно тие анализи и резултатите од нив треба да се седне на државно ниво и да се преземат мерки и активности краткорочни што можеме на ниво на Општина Ресен да ги спроведуваме во однос на одржливото управување. Покрај на ниво на Влада, потребна е и прекугранична соработка, додаде раководителот на Сектор за животна средина. Ваква состојба, додаде, имало и во 2007 и 2008 година, но, како што појасни Алмалла, од 2010 до 2016 година нивото на водата повторно било вратено. – На годишно ниво имаме над 36 милиони кубици вода што се користат за наводнување. Експанзијата на земјоделското земјиште треба да го ставиме под контрола, да воведеме нови култури кои ќе бидат одржливи на климатските промени, а со тоа и ќе се намали процентот на користење на подземните води и водите на Преспанското Езеро, посочи Алмалла. За надминување на состојбата со водостојот на Преспанското Езеро, здружението Охрид СОС почна петиција. Според Драгана Велковска од Охрид СОС, езерото во моментот има најниско ниво во последните 100 години, односно откако се мери нивото на водата. – Со петицијата бараме итно и неодложно Владата на Република Македонија да прогласи кризна состојба на целото подрачје на сливот на Преспанското Езеро, да се формира научно техничка комисија за спас на езерото, да се дефинира фазен план за негов спас,…/МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последициПо бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани. По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаФранција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската тркаФранцуската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува. Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите. Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто. Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто. Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови. Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.Тагови: ле пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Супа од тикваВо понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.Состојки за денешниот рецепт: 1 помека тиква 2 главици кромид 2 моркови 4 чешниња лук 1 парче сирење 400 гр. шманд или кисела павлака 100 гр. печени семки 100 мл. маслиново масло 2 големи лажици сув зачин 2 големи лажици куркума Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook