Финскиот експеримент пропадна: Паричната помош од државата се покажала како лоша идеја

Финската влада ги објави првите резултати од двегодишниот експеримент со гарантирана плата за невработените, завршен пред еден месец.

Експериментот, спротивно од очекувањата, покажал дека тоа не ги мотивирало доволно корисниците да работат и така да заработат повеќе.

Во текот на овој експеримент, 2000 невработени Финци станале првите Европјани кои уживале во гарантиран личен доход, добивајќи секој месец чек од државата, без оглед на тоа дали нашле работа или седеле дома, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата пишува дека во финскиот Институт за социјално осигурување (Кела) изјавуваат дека “се уште не може да се извади цврст заклучок“ од овој експеримент, во кој по случаен избор невработените Финци добивале загарантирана плата од 560 евра месечно и тоа ослободена од данок.

Со овој експеримент Финска тестираше една од алтернативите за обновување на моделот за социјална заштита, што е голем проблем и се очекува да биде решен после парламентарните избори во април.

Црн лебед во грчката река Еврос

 Единицата за управување со Националните паркови во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, додека спроведувала научно набљудување на делтата на реката Еврос наишла на ретка и невообичаена појава – црн лебед, јави дописничката на МИА

Црниот лебед воопшто не е својствен за Грција и затоа е непознато како воопшто се нашол во реката.

Најзастапен е во Австралија и Нов Зеланд, а живее во реки, големи езера, лагуни, а понекогаш и по должината на бреговите.

-Вработените во единицата за управување ги пречка пријатно изненадување бидејќи при научно набљудување на делтата на Еврос забележаа црн лебед, напишаа на Фејсбук од надлежните за Националниот парк објавувајќи фотографии од ретката појава.

Тошковски: МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач

Изјава по остварена средба со претставници од Фондацијата „Ромите за демократија“ кои денеска организираа протестен марш од ДИК до МВР.

Тие протестираа заради закани кои биле упатени кон нивни набљудувачи за време на првиот круг од Претседателските избори 2024.

Министерот за внратрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач за време на изборниот процес.

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на САД дека користеле хемиско оружје

 Кремљ ги оквалификува како неосновани американските обвинувања дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва останува обврзана со договорот за забрана на употреба на хемиско оружје.

Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршува Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје.

„Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт департментот. /МИА

притисни ентер