МакедонијаФИНКИ го посвети 14. роденден на својот студент Спире Стоименов кој го загуби животот во КочаниСо едноминутно молчење за настраданите во трагедијата во Кочани, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска ја почна промоцијата на дипломираните и магистрираните студенти во академската 2023/24 година.ФИНКИ, кој воедно го одбелжа и 14. роденден, настанот му го посвети на својот студент Спире Стоименов, една од 59-те жртви во пожарот. Спомнати беа и четворицата повредени студенти на ФИНКИ кои се уште се лекуваат во земјава и надвор, Ана Захариева, Анастасија Соколова, Јорданчо Ефтимов и Петар Стојменовски. -Нашиот драг колега Спире во текот на студиите редовно беше вклучен во организација на претходните свечености за Денот на факултетот и беше пример за студент кој придонесуваше за развојот и промоцијата на ФИНКИ. Денешниот настан го посветуваме на него, беше истакнато на почетокот на церемонијата. Министерката за образование и наука Весна Јаневска која се обрати до присутните, уште еднаш испрати порака дипломираните студенти да останат во државава. -Она што сакам вам да ви го порачам е – да продолжите да стекнувате знаења и вештини, затоа што се најдобар компас кој ве води до вашите цели. Немам дилема за вашиот просперитет. Ова е барана професија и секако дека сте и потребни на денешницата. Но, како министерка, посакувам да продолжите да живеете и работите овде, во својата земја, и да помогнете во нејзиниот развој. Тука сте најпотребни, потенцира Јаневска. Најавувајќи крупни промени за унапредување на квалитетот на високообразовниот систем, таа повтори дека Владата максимално е посветена на младите. Вети и дека ФИНКИ конечно ќе го добие новиот објект. -Во рамки на реформите се разгледуваат различни решенија, а меѓу нив е и тоа за гарантирано вработување на најдобрите студенти во една генерација на јавните универзитети и научни установи. Исто така, сакам и овде да повторам дека овој факултет конечно ќе го добие новиот објект. Процедурата е во тек и во текот на мандатот на оваа Влада, зградата ќе биде завршена. Наша цел е младите да добијат можности за квалитетно образование и добра работа во Македонија. Верувам дека и сите вие тоа најмногу го сакате и го заслужувате. Честитки на сите кои денес дипломираа и магистрираа. Говорот ќе го завршам со испраќање последен поздрав до студентот кој денеска требаше да се радува на постигнатиот успех, заедно со сите вас. За жал, животот му заврши во несреќата во Кочани. Нека почива во мир и нека е вечен неговиот спомен. Сочувство до семејството и сила во овие тешки мигови. На повредените четворица студенти, ваши колеги, им посакувам поскоро закрепнување и продолжување по патот до остварување на поставените животни и професионални цели, рече министерката. Деканот на ФИНКИ Боро Јакимовски информира дека минатата година на Факултетот дипломирале повеќе од 430 студенти, а 20 магистрирале. -Лани дипломираа повеќе од 430 студенти што е рекорден број и тенденција на раст од 20 отсто. Продолжуваме со школување на нашите студенти, но правиме и напори за нивно унапредување и подготвување за пазарот на труд. ФИНКИ соработува со индустријата и покрај научна мисла, дава и практично знаење препознаено од комапниите. Остануваме тука да ги подготвуваме нашите инженери, да ја унапредуваме економијата и целокупниот процес на дигитална трансформација на државата, истакна Јакимовски. Тој изрази надеж дека многу брзо ќе бидат завршени зградите во кои треба да се смести ФИНКИ со што, напомена, ќе се реши деценискиот проблем на Факултетот. Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп ја менува „играта“: „Одлично се сложувам со Ким Џонг Ун“Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека се сложува „многу добро“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.Трамп ја нагласи важноста на одржувањето добри односи со лидерите на земјите што поседуваат нуклеарно оружје. Трамп ги даде овие забелешки на предизборен митинг во Охајо пред изборите за Конгресот, зборувајќи за својот однос со кинескиот претседател Си Џинпинг и бранејќи ги своите врски со лидерите на големите сили. „Не е ли одлично да се сложувам со лидерите на големите земји, големите нуклеарни сили? Одлично се сложувам со Ким Џонг Ун од Северна Кореја“, рече Трамп. Тој додаде дека е добро да се има договор со некој што има „112 нуклеарни ракети“. Тој се сретнал со севернокорејскиот лидер три пати Трамп потврди во август дека се надева дека ќе се сретне со Ким подоцна оваа година, што дополнително ги разгоре шпекулациите дека можеби ќе се обиде да ја обнови нивната лична дипломатија, што досега резултираше со три билатерални средби: првата во Сингапур во јуни 2018 година, втората во Ханој во февруари 2019 година и најновата во селото Панмунџом на меѓукорејската граница во јуни 2019 година. Портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, во петокот изјави дека Трамп не ги смета разговорите со Северна Кореја за „отстапка“ и е подготвен да разговара со Пјонгјанг ако тоа е во интерес на САД. Најновите изјави на Трамп доаѓаат во време кога Северна Кореја продолжува да ги отфрла повиците за денуклеаризација и инсистира дека нејзиниот статус како нуклеарна држава е „неповратен“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче откри сомнеж за криминал од 37 милиони евра за пратеничка од СДСНека ги достави доказите и нека ги објави останатите сомнежи за криминал во СДС.Венко Филипче конечно прозборе за сомнежи за сериозни злоупотреби во редовите на СДС. Филипче изнесе сомнежи поврзани со пратеничката Славјанка Петровска, поранешен министер за одбрана и дел од Платформата 12.05, околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според неговите јавни наводи, постоела разлика од дури 37 милиони евра. Ова се наводи за сериозни финансиски средства и затоа Филипче има обврска пред граѓаните да одговори: Од кога ги знае овие информации? Зошто молчел досега? Кои документи и докази ги поседува? Кој го потпишал договорот и врз основа на што? Ако Филипче навистина располага со информации за сомнежи за криминал, тогаш нема простор за селективност, калкулации или меѓупартиски пресметки. Нека ги достави информациите до надлежните институции и нека ги презентира пред обвинител. Јавното обвинителство, согласно своите надлежности, треба да ги провери наводите и да утврди дали постојат основи за постапување. Ако Филипче знае за овој случај и има информации за други вакви случаи да ги пријави. Затоа го повикуваме да не застанува на овој случај. Ако има информации или сомнежи за други незаконитости во СДС, нека ги објави и нека ги достави до надлежните институции. Граѓаните заслужуваат целосна транспарентност и одговорност за секој сомнителен договор, секој потрошен денар и секоја одлука со која можеби е оштетен јавниот интерес. Јавноста има право да знае што се случувало. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИНРМ: Не за паметни броила кај сите домаќинства!Не се согласуваме и сметаме дека е штетна за граѓаните идејата за задолжително масовно воведување на паметни броила кај сите домаќинства.Реагираме уште во зародиш на ваквата идеја, бидејќи е извесно дека трошокот за набавка, инсталација, одржување и управување со системот на крајот ќе падне на товар на граѓаните, без оглед дали ќе се наплатува преку сметките за електрична енергија, преку мрежарина или преку буџетски средства обезбедени од даноците на граѓаните. Законот за енергетика веќе го регулира прашањето кога не е извршено мерење на потрошената електрична енергија. Член 185 став (2) предвидува фактурирање врз основа на претпоставена потрошувачка и задолжително усогласување со реалната потрошувачка преку коригирана фактура во тромесечје. Тоа значи дека за најголемиот дел од домаќинствата не е потребна скапа и задолжителна замена на постојните броила за да се обезбедат точни и коректни сметки. Потребно е доследно почитување на законот и редовно мерење на потрошувачката. Паметните броила имаат оправдана примена кај просјумери, производители на електрична енергија, батериски системи и граѓански енергетски заедници. Тие што имаат потреба од таква функционалност можат да ги инсталираат на сопствен трошок. Не постои оправдување целиот товар од една ваква инвестиција да се префрли врз сите домаќинства во државата. Прво да се почитува законот. Потоа да се бараат нови трошоци од граѓаните. ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАТагови: ИНРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook