Финален спринт во спорот за името

Коѕијас во Берлин потврди договор има. Медиумите во Атина го претставија до последен детаљ.

Кој е јазолот што ќе го пресечат Заев и Ципрас?.

Според информациите на Канал 5 останува премиерите Заев и Ципрас да пресечат за опсегот на употребата на името.

Повеќе за ова во видеото и анализата на Гоце Михајлоски.

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

 Поранешниот претседател Стево Пендаровски се откажа од правото на користење државна пензија, и одлучил да и се врати на академската кариера.

- Кaко поранешен претседател, Пендаровски нема да ја користи државната пензија која му следува по закон, затоа што веќе се врати на својата академска кариера како професор на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје, потврдија за МИА од неговиот тим.

Претставници на Министерството за внатрешни работи ќе продолжат да го обезбедуваат поранешниот претседател во согласност со безбедносните проценки што ги прават.

Пендаровски ќе користи и канцеларија со тројца вработени од неговиот поранешен кабинет.

-Во однос на административната и логостичка поддршка која му е потребна за средбите со поранешни и актуелни државници и за учество на меѓународни конференции претседателот Пендаровски побара од државните институции повремено да користи канцеларија, но, бидејќи таква пракса и законски основ не постои, Пендаровски во иднина ќе го искористи правото да отвори канцеларија, каде што тројца од сегашните вработени во Кабинетот, ќе бидат ангажирани во поддршка на тие активности на поранешниот претседател, се посочува во изјавата за МИА.

Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство, Пендаровски има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима шефот на државата, на канцелариски простор со најмногу тројца стручни соработници, лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач согласно со прописите што ги донесува министерот за внатрешни работи.

Правата кои произлегуваат од највисоката државна функција ги користат поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.

Младите бараат сериозни врски: „Tinder“ во опаѓање, „Hinge“ во подем

Корисниците се помалку сакаат да платат за запознавање на популарната апликација „Tinder“, додека во исто време расте побарувачката за сличната апликација „Hinge“.

Ова се резултатите објавени во кварталниот извештај на компанијата „Match Group“, која ги поседува двата бренда.

Бројот на корисници кои плаќаат за „Tinder“ се намалува шест квартали по ред, а во првиот квартал од 2024 година падна за девет отсто на годишно ниво на 10 милиони корисници, пренесува „Tech Crunch“.

Спротивно на тоа, бројот на претплатници на апликацијата „Hinge“ пораснал за 31 отсто во истиот период, на 1,4 милиони корисници.

Според порталот, падот на „Tinder“ бил очекуван поради промената на навиките на корисниците на апликациите за запознавање. Помладите корисници се повеќе заинтересирани за сериозни, долгорочни врски отколку за обичните врски по кои е познат „Tinder“.

Спротивно на тоа, „Hinge“ се здоби со популарност од своето основање меѓу корисниците кои бараат посериозни врски.

Додека „Tinder“ се бори да ги задржи претплатниците, „Hinge“ е на пат да стане „бизнис од милијарди долари“, според извршниот директор на „Match Group“, Бернард Ким.

Приходите од апликацијата „Hinge“ се зголемија за 50 отсто на 124 милиони долари во првиот квартал од 2024 година, а приходот за цела 2023 година е 396 милиони долари.

„Match Group“ ќе се обиде да ја зголеми атрактивноста на „Tinder“ преку нови функции како што се дополнителни опции за жени, а наскоро ќе бара секој профил да содржи фотографија од лицето, се вели во соопштението на компанијата.

Извор: Б92

Кина почнува кампања против насилничкото однесување во училиштата

Министерството завчера соопшти дека спроведува едукација за ментално здравје за наставниците и учениците, со посебен осврт на децата на мигрантите од руралните средини или тие „оставените“.

Кинеското Министерство за образование денеска соопшти дека започнува кампања за решавање на проблемите, вклучително и претераните домашни задачи и малтретирањето во училиштата, како дел од напорите за зајакнување на менталното здравје на учениците.

Министерството завчера соопшти дека спроведува едукација за ментално здравје за наставниците и учениците, со посебен осврт на децата на мигрантите од руралните средини или тие „оставените“, чии родители поголемиот дел од годината работат во големите градови.

Во известувањето на Министерството, објавено на неговата веб-страница, се детализирани 12 негативни практики во училиштата, вклучително и занемарување и толеранција на насилничкото однесување.

притисни ентер