Превозниците од Западен Балкан денеска на средба во Скопје – сè бара решение за ограничениот престој во Шенген-зоната
1Превозниците од Западен Балкан денеска на средба во Скопје – сè бара решение за ограничениот престој во Шенген-зоната
ФудбалСелими назначен за селектор на фудбалската репрезентацијата до 17 годиниМакедонската фудбалска репрезентација до 17 години има нов селектор. Ерхан Селими е новиот предводник на оваа млада селекција, каде доаѓа на местото на прерано починатиот Дашмир Беари.Селими веднаш по назначувањето, започна со работа, бидејќи младата репрезентација на Македонија ја очекуваат два контролни натпревари. Селекцијата до 17 години предводена од Ерхан Селими се наоѓа моментално во Црна Гора, каде што ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција. - За мене ова е нов и голем предизвик. Нормално е дека е голема одговорноста да со води младата репрезентација на Македонија до 17 години. Подготвен сум да дадам се од себе и да ја оправдам довербата. Не очекуваат два натпревари, во кои ќе настапиме само со играчни од домашното првенство и ќе се обидеме да оставиме добар впечаток.. Немавме многу врееме за подолги и посериозни припреми , но верувам во добри настапи, изјави Селими за веб-страницата на ФФМ. Натпреварите со Црна Гора ќе се играат денес и в четврток, двата со почеток во 18:45 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревозниците од Западен Балкан денеска на средба во Скопје – сè бара решение за ограничениот престој во Шенген-зонатаЗдруженијата на професионалните превозници од земјите од Западен Балкан денеска треба да одржат регионална средба во Скопје.Здруженијата на професионалните превозници од земјите од Западен Балкан денеска треба да одржат регионална средба во Скопје, на која ќе разговараат за проблемот со кој се соочуваат во однос на ограничениот престој во земјите од Шенген-зоната на 90 дена во период од 180 дена. На средбата, која по првпат се одржува во земјава, е најавено учество на раководствата на здруженијата на превозниците од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Превозниците веќе испратиле писмо до Европската унија со барање за директна средба со цел надминување на проблемот со кој се соочуваат. Тие го поставија 10 август 2026 година како рок до кој очекуваат од брисел да каже како ќе се реши статусот на професионалните возачи, но засега останаа без конкретен одговор. Министерот за транспор Николоски минатиот месец изјави дека проблемот со професионалните возачи земјава го решава самостојно преку билатерални разговори со држави од Европската унија, а не заедно со другите земји до Западен Балкан бидејќи, според него, ова прашање се злоупотребува од дел од нив за политички цели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаОд полноќ дизелот поевтин за 8 денари, бензинот за 4 денари за литарГолемо намалување на цените на дериватите.По неколкунеделен пораст од полноќ цената на дизелот падна за осум денари. Со новата одлука на Регулаторна и оваа недела се намалува цената на бензините, и тоа за 4 денари за литар. Новите намалени цени се пресметани со пониските акцизи.. Новата цена на Еуросупер -95 од ноќеска на полноќ изнесува 87 денари додека на Еуросупер -98 е 89 денари за литар. Дизелот од полноќ се продава по цена од 91,5 денари за литар Од владата за Канал 5 велат дека се додека на сила е кризната состојба акцизите ќе се нивелираат согласно закон. Во моментов во пресметките на Регулаторна и оваа недела се вкалкулирани намалени акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“Пред точно 34 години на денешен ден,11 август 1992 година, неполна година по прогласувањето на независноста, Собранието ги утврди два од клучните државни симболи на Македонија – знамето и химната „Денес над Македонија“.Со тогашниот Закон за знамето беше утврдена црвена основа со златно-жолто сонце составено од осум основни и осум споредни зраци, односно вкупно 16. Законот бил изгласан на 11 август, а објавен во „Службен весник“ следниот ден. Тоа знаме стана еден од најпрепознатливите симболи на независна Македонија во првите години од нејзиното постоење, но неговата употреба траеше само до 1995 година. Тогаш беше воведено сегашното знаме – црвено со златно-жолто сонце и осум зраци кои се протегаат до рабовите. За разлика од знамето, химната усвоена во 1992 година остана непроменета. „Денес над Македонија“, со текст на Владо Малески и музика на Тодор Скаловски, и претходно се користела како химна на Македонија, а на 11 август 1992 година била потврдена како химна на независната држава. Усвојувањето на државните симболи следуваше по референдумот за независност од 8 септември 1991 година и донесувањето на новиот Устав во ноември истата годинаТагови: знаме химна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter