Превозниците од Западен Балкан денеска на средба во Скопје – сè бара решение за ограничениот престој во Шенген-зоната
1Превозниците од Западен Балкан денеска на средба во Скопје – сè бара решение за ограничениот престој во Шенген-зоната
ФудбалАлонсо: Предавањето на трофејот во Леверкузен ќе биде исклучително посебен настанТренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо ги сподели своите емоции по серијата на неговиот клуб од 50 натпревари без пораз на сите турнири.- Предавањето на трофејот во Леверкузен ќе биде исклучително посебен настан. Играчите играа со огромна концентрација цела сезона, и јас сум многу горд на нив, изјави Алонсо, цитиран од официјалниот сајт на Бундеслигата. Избраниците на Алонсо на 12 мај го совладаа Бохум на гости во натпреварот од 33. коло во Бундес лигата - 5:0. Баер сега има 50 натпревари без пораз во низа. „Фармацевтитре“ станаа третиот тим во историјата на европскиот фудбал кој стигнал до бројката од 50 натпревари без пораз. Претходно тоа го постигнаа Селтик (52 натпревари од 1915 до 1917 година) и белгискиот Унион (60, 1933-1935). /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
МакедонијаПревозниците од Западен Балкан денеска на средба во Скопје – сè бара решение за ограничениот престој во Шенген-зонатаЗдруженијата на професионалните превозници од земјите од Западен Балкан денеска треба да одржат регионална средба во Скопје.Здруженијата на професионалните превозници од земјите од Западен Балкан денеска треба да одржат регионална средба во Скопје, на која ќе разговараат за проблемот со кој се соочуваат во однос на ограничениот престој во земјите од Шенген-зоната на 90 дена во период од 180 дена. На средбата, која по првпат се одржува во земјава, е најавено учество на раководствата на здруженијата на превозниците од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Превозниците веќе испратиле писмо до Европската унија со барање за директна средба со цел надминување на проблемот со кој се соочуваат. Тие го поставија 10 август 2026 година како рок до кој очекуваат од брисел да каже како ќе се реши статусот на професионалните возачи, но засега останаа без конкретен одговор. Министерот за транспор Николоски минатиот месец изјави дека проблемот со професионалните возачи земјава го решава самостојно преку билатерални разговори со држави од Европската унија, а не заедно со другите земји до Западен Балкан бидејќи, според него, ова прашање се злоупотребува од дел од нив за политички цели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
ЕкономијаОд полноќ дизелот поевтин за 8 денари, бензинот за 4 денари за литарГолемо намалување на цените на дериватите.По неколкунеделен пораст од полноќ цената на дизелот падна за осум денари. Со новата одлука на Регулаторна и оваа недела се намалува цената на бензините, и тоа за 4 денари за литар. Новите намалени цени се пресметани со пониските акцизи.. Новата цена на Еуросупер -95 од ноќеска на полноќ изнесува 87 денари додека на Еуросупер -98 е 89 денари за литар. Дизелот од полноќ се продава по цена од 91,5 денари за литар Од владата за Канал 5 велат дека се додека на сила е кризната состојба акцизите ќе се нивелираат согласно закон. Во моментов во пресметките на Регулаторна и оваа недела се вкалкулирани намалени акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“Пред точно 34 години на денешен ден,11 август 1992 година, неполна година по прогласувањето на независноста, Собранието ги утврди два од клучните државни симболи на Македонија – знамето и химната „Денес над Македонија“.Со тогашниот Закон за знамето беше утврдена црвена основа со златно-жолто сонце составено од осум основни и осум споредни зраци, односно вкупно 16. Законот бил изгласан на 11 август, а објавен во „Службен весник“ следниот ден. Тоа знаме стана еден од најпрепознатливите симболи на независна Македонија во првите години од нејзиното постоење, но неговата употреба траеше само до 1995 година. Тогаш беше воведено сегашното знаме – црвено со златно-жолто сонце и осум зраци кои се протегаат до рабовите. За разлика од знамето, химната усвоена во 1992 година остана непроменета. „Денес над Македонија“, со текст на Владо Малески и музика на Тодор Скаловски, и претходно се користела како химна на Македонија, а на 11 август 1992 година била потврдена како химна на независната држава. Усвојувањето на државните симболи следуваше по референдумот за независност од 8 септември 1991 година и донесувањето на новиот Устав во ноември истата годинаТагови: знаме химна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook