Филипче: За ризичните групи вакцинацијата против Ковид-19 е приоритет и високо препорачана

Министерот за здравство Венко Филипче денеска имаше состанок со директорите на здравствените домови од цела држава, каде се дискутираше за вакцинацијата против Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

-Организирањето и спроведувањето на процесот на вакцинација против Ковид-19 е од особена важност и вклучува повеќе чинители во државата. За вакцинација на граѓаните ќе се користат постоечките вакцинални пунктови во здравствените домови низ државата, болници и други здравствени капацитети, бидејќи таа инфраструктура е добро поставена и функционира. Секој здравствен дом, ќе треба да достави извештај по направен увид во човечки капацитети со кои располага како и задолжителна проверка на техничките капацитети и нивната функционалност. Исто така секој здравствен дом ќе мора да назначи одговорно лице за координација и организација на Ковид-19 вакцинацијата, рече Филипче.

Здравствените домови ќе добијат о прашалник каде ќе треба детално да го наведат бројот на кадарот за вакцинација, нивната обученост бројот на вакцинални пунктови, во колку смени работат во работни денови и викенди, како и колку од персоналот учествувал во обуки за одржување на „студен синџир", истакна професор д-р Александра Грозданова, претседател на Комитетот за имунизација.

Во стручна видео презентација професор Грозданова пред директорите на здравствените домови образложи повеќе клучни сегменти за процесот на вакцинација, чување и дистрибуција на вакцината, начинот на апликација на вакцината, процесот на вакцинирање, како ќе се закажува вакцинација преку системот „Мој термин". Секој здравствен дом ќе изготвува записник од извршено примопредавање на вакцината, а преку системот „Мој термин" ќе се следи процесот на вакцинација.

-Се поставува посебен модул на Ковид-19 вакцина, идентичен како оној кој сега се користи за други вакцини. За нашите колеги во вакциналните пунктови ќе биде стандардна постапка за давање вакцина, сепак бидејќи е нова вакцина ќе се организиара едукативен тренинг, посочи проф. д-р Грозданова.

На директорите на здравствените домови им беше посочено дека почетокот на вакцинацијата нема да значи веднаш намалување на ризикот од Ковид-19, ниту пак веднаш ќе се почувствува намалување на притисокот врз здравствените домови. Ризичните групи, со голем ризик за Ковид 19 ќе бидат приоритетно вакцинарани и за нив вакцинацијата е високо препорачана но не задолжителна. Вакцинацијата за Ковид-19 ќе биде бесплатна за сите граѓани, а лична одлука на секој граѓанин е дали ќе се вакцинара, стои во соопштението.

Страшна смрт на 10- годишно дете од САД: Згрижувачка мајка од 150 килограми легнала врз него

Згрижувачката мајка Џенифер Ли Вилсон (49) од Индијана, која тежела преку 150 килограми, е осудена на пет години затвор затоа што го гушела 10-годишното момче седум минути додека не умрело.

Џенифер го убила Дакота Леви Стивенс во сурова „казна“ откако тој побегнал и го молел соседот да го спаси од нејзиното злоставување.

На 24 април, момчето истрчало во куќата на соседот, велејќи му на сопственикот дека неговите згрижувачки родители го удриле и не му дозволувале да разговара со својот социјален работник. Само неколку минути подоцна следела ужасна казна за момчето кое своето „непослушно“ однесување го платило со живот.

Кога стигнале дома, Џенифер решила да легне врз Дакота додека малечкото цело време врескало. Таа станала од него дури кога тој „замолчи“.

Дакота бил прогласен за мртов во болницата во Саут Бенд два дена подоцна, а обдукцијата утврдила дека претрпел оштетување на органите и меките ткива, крварење во црниот дроб и белите дробови и други повреди.

Судскиот вештак во округот Сент Џозеф пресудил дека смртта на Дакота е убиство поради насилно задушување, пишува Dailymail.

Високиот судија Мајкл Бергерсон ја осудил Џенифер на пет години затвор и уште една година условна затворска казна под обвинение за убиство од невнимание во Врховниот суд во Портер. Казната била повисока од стандардните три години за кривично дело од петти степен и повеќе од она што го барале одбраната или обвинителството.

Заменик-обвинителката Мери Рајан побарала две години затвор, две години домашен притвор и една година условна, додека нејзините адвокати барале таа да не биде осудена на затвор, туку на три години домашен притвор и две години условно.

„Тој е прогласен за мртов од задушување, 10-годишно момче, кое овој суд нема да го игнорира, бидејќи обвинетата го игнорирала. Таа очигледно употребила поголема сила отколку што било потребно и тоа ги создало околностите што довеле до неговата смрт“, рече судијата Бергерсон.

Судијата Бергерсон рече дека Џенифер ја нарушила довербата вродена за нејзината улога на згрижувачка мајка и зборувала на телефон „со бесчувствително непочитување“ со Дакота додека тој умирал.

„Ова прекрасно момче плачеше и плачеше за својот живот, а обвинетата целосно несвесна го уби детето. Тешко е да се замисли полош сплет на околности“, додаде судијата.

Судијата Бергерсон рече дека олеснителните фактори како што се каењето на Џенифер и недостатокот на криминална историја „мора да бидат отфрлени од огромните докази за вина во овој случај“.

Мајката на Дакота го дала детето на посвојување кога имал само пет години поради зависност од дрога, а неговиот татко починал од инфекција поврзана со употреба на дрога.

Трамп: Путин ја уништува Русија, војната во Украина му создаде големи проблеми

„Руската војна во Украина го доведе лидерот на Кремљ Владимир Путин во голема неволја“, изјави Доналд Трамп за новинарите во Белата куќа по преземањето на функцијата 47-ми претседател на САД.

„Украинскиот претседател Володимир Зеленски ми рече дека сака да склучи договор, не знам дали сака Путин. Можеби не. Мислам дека треба да се договорат. Мислам дека ја уништува Русија со тоа што не склучува договор.“ рече Трамп во Овалната соба, на првиот ден од неговиот втор мандат.

„Мислам дека Русија е во прилично голема неволја. Погледнете ја нивната економија, погледнете ја инфлацијата во Русија. Одлично се согласував со Путин, се надевам дека тој сака да направи договор“, додаде Трамп, според Политико.

Новинарите постојано го прашуваа Трамп за неговите ветувања дека ќе стави крај на руската инвазија на Украина и го потсетија дека тоа ветување го дал на првиот ден од неговиот мандат.

Трамп рече дека Путин мора да биде незадоволен од бавниот напредок на неговата војна против Украина, речиси три години откако нареди целосна инвазија и 11 години откако руските војници првпат се појавија на Крим.

„Тој ја уништува земјата. Повеќето луѓе мислеа дека ќе издржи околу една недела, а сега веќе сте трета година. Тоа не го прави добар“, рече Трамп.

„Имаме податоци дека загинале речиси милион руски војници. Загинаа околу 700.000 украински војници. Русија е поголема, тие имаат повеќе војници да изгубат, но тоа не е начин да се води држава“, додаде тој.

Украина претходно ги негираше бројките на Трамп, тврдејќи дека изгубила повеќе од 43.000 војници убиени во акција и повеќе од 370.000 ранети. Кремљ не ги открива официјалните податоци за жртвите, но Украина проценува дека Русија изгубила 150.000 војници и повеќе од 400.000 ранети во 2024 година.

Ресторан мора да плати дури 2,8 милиони долари отштета: Не ја опоменале гостинката на време

Џенезис Монита (19) од Сан Антонио го тужела синџирот ресторани „Бил Милер“ по инцидент што се случил во мај 2023 година.

Во таа прилика, тинејџерката нарачала тако за појадок, во комплет со сос за скара. Меѓутоа, садот бил жежок, па таа го испуштила на ногата и се здобила со изгореници од втор степен, пренесува Fox 7 Austin.

Џенезис тврдела дека го испуштила садот за сос затоа што вработените не ја предупредиле „колку е жежок“. Од ресторанот наведуваат дека нивниот течен додаток е 73 степени врел, а гостинката истакнува дека тој ден бил потопол за десет степени.

Поротата составена од шест мажи и шест жени во петокот пресудија во корист на тужителката, а на ресторанот му било наредено да ѝ плати отштета од неверојатни 2,8 милиони долари.

Казната изнесува 1,9 милиони, надоместокот за душевна и физичка болка е 900.000, додека 25.000 се изречени за плаќање медицински трошоци.

Во исто време, поротата заклучила дека ресторанот бил „небрежен“, што довело до инцидентот. Тие имаат можност да се жалат на пресудата.

Синџирот „Бил Милер“ е основан во 1952 година и има повеќе од 70 локации низ Тексас.

притисни ентер