Масакр во Краков: Деветмина загинати, три тела се пронајдени во куќата на напаѓачот, Полска прогласи дводневна жалост
1Масакр во Краков: Деветмина загинати, три тела се пронајдени во куќата на напаѓачот, Полска прогласи дводневна жалост
3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ЖивотДревниот дебарски храм заблеска за Цветници, благодарение и на христијаните и на муслиманитеПо повод празникот Цветници, кој традиционално се одбележува во овој возобновен божји храм, црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар, денеска, како некогаш што било, беше преполн со верници, постојани и поранешни жители.По повод празникот Цветници, кој традиционално се одбележува во овој возобновен божји храм, црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар, денеска, како некогаш што било, беше преполн со верници, постојани и поранешни жители кои за празникот се тука, но во голем број присуствуваа и жители од други градови на државава. -Завршувајќи ја душеполезната Велика Четириесетница, благодарение на Свештената Бигорската Обител, пред се на владиката Партениј, заедно го одбележавме празникот на Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на Животот над смртта. Ме потсетува на некои поодамнешни години, кога тука живевме многу голем број православни. Од срце им благодариме на Свештената бигорска обител и владиката Партениј, вели Јованка Василевска, врз чии плеќи се надвиснати осум децении. Со Божествената Архиерејска Литургија, чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, заедно со Бигорските архимандрити, јеромонаси и дебарскиот свештеник Миле Ангеловски. За сите дебрани, како што самите велат, денешниот ден е голем ден. -Верувам дека и ѝ направиме чест на Пресветата Владичица наша Богородица, заради оваа нејзина црква-паметник со големо историско и духовно значење, а им оддадовме чест и благодарност на богољубивите предци, коишто со голема пожртвуваност ни го оставиле ова велелепно и свето наследство што ете сега го гледаме возбновено и во сиот свој сјај, додава Евангелија Грбиќ од Кичевскиот хор Митрополит Козма Пречистански, кој пак, денеска милозвучно пееше на богослужбата, но изведе и неколку каланди во возобновениот трем на храмот. Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ е сместена во населбата Варош, во горниот дел на градот изградена е во 1840 година и е една од најубавите преродбенски цркви. -Таа е во вистински спомен на духовниот и градителски дострел на нашите предци од тој славен период, имајќи ги предвид и тешките општествени и економски услови и ограничувања. Порано била главен соборен храм на Дебарското архиерејско намесништво и била седиште на Дебарската митрополија. Потврда за тоа е и фактот што и ден денес просторот до црквата ние дебрани го нарекуваме митрополија, вели Душан Казанџиевски претседател на црковниот одбор на дебарската парохија. Тој денеска од страна на владиката Партениј беше одликуван со орден Претеча заради сите негови заслуги околу историскиот храм. -Возљубени дебрани, мили браќа, сестри и чеда. Знаете дека минатата година, заедно со малкуте православни дебрани од градот, започнавме да го обновуваме овој свет и славен Храм на Царицата Мајка Богородица. Лани започнавме со нешто малку, но годинава обновивме многу повеќе. Ги реставриравме столбовите, ги променивме распаднатите греди на храмовиот балкон, ја очистивме целата црква и сосема го возобновивме тремот, кој сега е навистина прекрасен. Кога пред два месеца започнавме интензивно да обновуваме и да градиме, доста средства ни пристигаа од нашите Христијани ширум целата наша возљубена Македонија. Во делото, пак, на возобновата најмногу се потруди благочестивиот господинот Душан Казанџиовски од Дебар, чесен и угледен човек од стара дебарска фамилија, еден од малкутемината храбри коишто останаа да живеат тука. Во обновата, исто така многу се потруди и сестра Елисавета од манастирот во Рајчица. Да знаете дека сите што работеа на храмот, секое утро уште пред 5 часот доаѓаа овде, остануваа некогаш и до полноќ, само за да би го завршиле навреме, рече владиката Партениј. Затоа, додаде, дозволете ми, во оваа свечена прилика, по одлука на советот на старците од Бигорскиот манастир, да го одликуваме нашиот возљубен Душан Казанџиовски со највисокото манастирско одликување – орденот „Претеча“, заради неговите особени трудови, заложби, пожртвуваност и љубов за овој свет и сечесен храм. - Бездруго, тој неуморно работи и се грижи за Црквата, и да ви исповедам нешто лично – сум го гледал како лее солзи кога црквата пропаѓаше, а го гледам и денес кај повторно плаче, но сега од радост. Овој добар човек го почитуваат сите граѓани од Дебар. Кога и да поминеше низ дебарската чаршија изминатиов период, нашите драги сограѓани, честитите Албанци кои знаат што правиме, му даваа средства, за да ја помогнат обновата на Црквата, па така Душан секојпат се враќаше во храмот со парични даренија. Затоа се молиме и нив Бог да ги благослови. Денеска на Божествената Литургија се помоливме и за сите граѓани на овој град, без разлика на нивната национална припадност, без разлика на нивната вера, оти сите ние сме возљубени деца на Господ, со вдахновеност и радост истакна владиката Партениј. Благодарност, искажува и сестра Ефимија, до сите дебрани, без разлика на нивната верска или етничка припадност. -Тука сме со посебно чувство на заедништво и припадност, на благодарност кон Бога и едни кон други заради ова големо дело што во толку кратко време успеавме да направиме да изгледа вака. Им се заблагодаруваме на сите Дебрани, без разлика на нивната вера или националност, кои несебично ја даваа својата помош во текот на последните 2 месеци откако започнаа активностите на возобнова на храмот, додава сестра Ефимија. Вредните дебранки за неколкуте стотина прсутни верници подготвија и богата закуска. /МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМасакр во Краков: Деветмина загинати, три тела се пронајдени во куќата на напаѓачот, Полска прогласи дводневна жалост По вчерашниот масакр во центарот на Краков, Полска, во кој беа убиени шест лица, а уште тројца беа пронајдени мртви во домот на напаѓачот, доаѓаат нови информации за повредените. Меѓу жртвите се и возачите на кочии кои секојдневно превезуваат туристи на главниот градски плоштад. Двајца од нив се борат за живот, а неколку други се тешко повредени, објави нивното здружение, објавува „Полски Онет“. Во пукотницата се повредени 15 лица, меѓу кои и двајца полицајци. Регионалниот гувернер Кшиштоф Јан Клечар изјави дека 12 лица се тешко повредени. Меѓу жртвите има и странски државјани. Осомничениот бил совладан и префрлен во болница во Краков, каде што бил опериран поради повреди опасни по живот. Според полициските информации, тој користел полуавтоматска пушка слична на АР-15. Со себе имал и пиштол, а во автомобилот е пронајдено дополнително оружје и муниција. Полското Министерство за одбрана ги отфрли шпекулациите дека напаѓачот бил активен или поранешен член на армијата. Потврдени се тројца пронајдени мртви во домот на напаѓачот Полиш Факт објави дека обвинителот Томаш Вашчук, портпарол на Канцеларијата на окружниот обвинител во Краков, потврдил дека тројцата пронајдени мртви во домот на напаѓачот се неговите родители и сестра. Нивните тела се пронајдени во Островјец Свјетокржиски, каде што живеел 24-годишниот напаѓач, Михал О. 🇵🇱 ❗️@PolskaPolicja weszła do mieszkania zamachowca. Materiał z działań funkcjonariuszy pojawił się na profilu FB Radia Ostrowiec. https://t.co/QpfMPmUH2m — WarNewsPL (@WarNewsPL1) November 7, 2026 Поради стравувања дека можеби биле поставени експлозивни направи во зградата, полицијата прво употребила дрон за да ја провери зградата. Тие ги откриле телата на две жени и еден маж. Околностите на нивната смрт сè уште се истражуваат. Се истражува можен екстремистички мотив Мотивот за масакрот сè уште е непознат. Министерот Киервински рече дека првичните наоди укажуваат дека напаѓачот имал „многу радикални ставови“. Исто така, постојат индикации дека бил фасциниран од крајно десничарските идеологии, но истражителите сè уште не утврдиле дали тие се поврзани со нападот. Полицијата во моментов верува дека дејствувал сам и ги отфрли извештаите за можен соучесник. Да ве потсетиме дека напаѓачот вчера влегол со автомобил на главниот плоштад во Краков малку по 15 часот и почнал да пука кон минувачите. Убиени се четири жени и двајца мажи. Меѓу загинатите е и еден британски државјанин. Полскиот претседател Карол Навроцки прогласи дводневна национална жалост, која ќе трае денес и утре, додека жалоста во Краков ќе трае до среда. Полициската истрага и собирањето докази продолжуваат, а истражителите ги повикуваат сведоците да се јават и да помогнат во расветлувањето на околностите на нападот. Туск ги објави имињата на ранетите полицајци: „Тие се вистински херои“ Полскиот премиер Доналд Туск ги објави имињата на двајцата полицајци кои го запреа напаѓачот во Краков, каде што во пукањето беа убиени шест лица. „Искусните полицајци Јакуб Кулик и Артур Морањски се вистински херои. Веројатно спасија животи на многу луѓе, без оглед на опасноста да ги изгубат своите. Нивната состојба е сериозна, но имаат многу добра медицинска нега. Цела Полска навива за вас“, рече Туск. Еден од полицајците добил три прострелни рани и се бори за живот, додека другиот е исто така ранет. Министерот за правда Валдемар Журек изјави дека полицајците го запреле напаѓачот со своите тела и спречиле уште поголема трагедија. Полска официјално прогласи дводневна национална жалост Полскиот претседател Карол Навроцки потпиша указ со кој прогласува национална жалост за масакрот во Краков. Според соопштението за медиумите на портпаролот на претседателот Рафал Лешкевич, жалоста ќе трае на 8 и 9 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители Во нашата редакција се обрати Скендер Мехмет од Кисела вода, кој во име на станарите тврди дека во два влеза од нивната зграда нема парно греење. Писмото ви го пренесуваме во целост: „Ви се обраќаме како очајни, револтирани и крајно разочарани граѓани, кои повеќе од 24 часа се оставени без парно греење, без конкретно објаснување и без никаква информација кога проблемот ќе биде решен. Од вчера, 07.11.2026 година, пред 09:00 часот, становите со броеви 17, 18, 19, 20 и 21 во влез 1 и истите станови во влез 2, на ул. Локов бр. 5 во Скопје, Кисела Вода, немаат парно греење. Во зградата живеат мали деца, повозрасни и болни лица, семејства кои се принудени да престојуваат во студени станови. Дел од нас веќе се разболени, а ситуацијата станува сè понеподнослива. ДАЛИ ВО 2026 ГОДИНА Е НОРМАЛНО СЕМЕЈСТВА ДА БИДАТ ОСТАВЕНИ БЕЗ ГРЕЕЊЕ СРЕДЕ ГРЕЈНА СЕЗОНА?! Од вчера досега, станарите имаат направено повеќе од 20 телефонски пријави. На секоја пријава го добиваме истиот одговор: „Ќе биде постапено во најбрз можен рок.“ Поминаа повеќе од 24 часа, а тој „најбрз можен рок“ очигледно нема крај! Никој не ни кажува што е проблемот, дали воопшто некој работи на негово решавање и уште колку време треба да поминеме во студени домови. Се чувствуваме целосно игнорирани и оставени сами на себе! Токму затоа, во овој мејл ги вклучуваме и медиумите. ПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИТЕ, ВЕ МОЛИМЕ ЗА ПОМОШ! Ве замолуваме да ја објавите нашата ситуација, да побарате одговори од надлежните и да ни помогнете нашиот глас конечно да биде слушнат. Не бараме ништо повеќе од основни услови за нормален живот. Не бараме привилегии. Бараме греење во сопствените домови, услуга за која редовно плаќаме! Жално е што сме доведени во ситуација да молиме медиуми за помош за нешто што треба да биде најнормална обврска на надлежните служби. До надлежните: Колку пријави се потребни за конечно да реагирате? Колку часа треба да поминат? Дали треба нечија здравствена состојба сериозно да се влоши за да ја сфатите ситуацијата сериозно? Бараме ИТНО воспоставување на греењето, јавно објаснување за прекинот и конкретен одговор кога проблемот ќе биде решен. Апелираме до медиумите да не го игнорираат овој повик. Очајни сме, изморени од празни ветувања и немаме намера повеќе да молчиме!“ Загрижени станари од ул. Локов бр. 5, Скопје Влез 1 и влез 2 Скендер МехметКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државатаСДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем. Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата. Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени. Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат. СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења. Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter