Беким Сали: Пораките од Европскиот парламент се потврда дека Македонија има реална европска перспектива
1Беким Сали: Пораките од Европскиот парламент се потврда дека Македонија има реална европска перспектива
3Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија, Бразил – 2026
МакедонијаФилипче за повикот на Кочовска: Доаѓаме, но да дојдат и медиумите, пред граѓаните нека ни објасни„Министерката Кочовска нè повикува на средба за „убаво да ги објасниме работите“.„Добро. Доаѓаме. Но, да дојдат и медиумите со камери. Отворете ги вратите широко, нека слушаат и нека гледаат граѓаните. Нека ни објасни како 1 + 2 = 5, како што објаснуваше дека половина Европа ќе банкротира, а Македонија ќе стане богата. Ние сме подготвени за отворена дебата со бројки, а не со политички конструкции. Граѓаните заслужуваат вистина, а не ново алиби за катастрофалното водење на финансиите.“, објави на X претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на повикот за средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Министерката Кочовска нè повикува на средба за „убаво да ги објасниме работите“. Добро. Доаѓаме. Но да дојдат и медиумите со камери. Отворете ги вратите широко, нека слушаат и нека гледаат граѓаните. Нека ни објасни како 1 + 2 = 5, како што објаснуваше дека половина Европа… — Venko Filipce (@VFilipche) May 23, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиКрива Паланка шампион, цела сезона без пораз за хет трик во титулиКрива Паланка во финалето од плеј оф го победи Младост 96 и со тоа стана шампион на Македонија во најсилната пинг понг лига. Ова е трета титула по ред, а истата ја завршува со совршен учинок од 20 победи и ниту еден пораз. Крива Паланка покажа доминација во текот на цела сезона, а Младост 96 не успеа да направи пресврт во финалниот натпревар. Пинг понг сезоната заврши со World Table Tennis Contender Skopje 2026 кој федерацијата на Македонија го организира по втор пат. Титулата кај машките ја освои Словенецот Дарго Јоргиќ, а кај жените Сацуки Одо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
МакедонијаБеким Сали: Пораките од Европскиот парламент се потврда дека Македонија има реална европска перспективаПрвиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја поздрави расправата во Европскиот парламент по Извештајот за Македонија.Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја поздрави расправата во Европскиот парламент по Извештајот за Македонија, оценувајќи дека пораките упатени од европратениците претставуваат силна потврда за европската перспектива на државата и дополнителен поттик за продолжување на реформскиот процес. Во рамки на дебатата, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, испрати охрабрувачки пораки за европската перспектива на државата, истакнувајќи дека земјата има капацитет и потенцијал да биде дел од следниот бран на проширување на Европската Унија. „Ова е значајна порака која доаѓа во важен момент за нашата држава. Фактот што во Европскиот парламент се препознава напредокот на Македонија и се истакнува можноста земјата да стане следна членка на Европската Унија претставува охрабрување за сите институции да продолжат со уште посилно темпо на реформи. Европа ја гледа Македонија како дел од европското семејство, а наша обврска е преку резултати да ја оправдаме таа доверба“, изјави Сали. Тој нагласи дека Владата останува целосно посветена на спроведувањето на реформите во владеењето на правото, јавната администрација, економскиот развој и зајакнувањето на демократските институции, како клучни предуслови за напредок во евроинтегративниот процес. „Членството во Европската Унија не е само надворешнополитичка цел, туку стратешки избор кој носи посилни институции, економски развој и повеќе можности за граѓаните. Нашата европска перспектива е јасна и остварлива. Денешната дебата во Европскиот парламент е потврда дека местото на Македонија е во Европската Унија. Наша одговорност е преку реформи, резултати и политичка зрелост да го искористиме овој моментум и да ја приближиме државата до полноправно членство во европското семејство“, истакна Сали. Во однос на сите прашања разгледувани во рамки на Извештајот, Сали нагласи дека Македонија останува посветена на европските вредности, добрососедските односи и конструктивниот дијалог, во согласност со преговарачката рамка и принципите на Европската Унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваО. Карпош: Летна читачко-креативна детска авантура во КарпошВо период од 16 јуни до 16 јули, библиотеката ,,Другарче” ќе биде централно место за дружење, креативност и многу читање. Станува збор за проектот ,,Читањето како навика, библиотеката како дом-Интеркативни читачки работилници за деца”, во организација на Марија Павлеска, едукатор и основач на профилот ,,Мама ми чита”. Проектот е финансиски поддржан од Општина Карпош, преку Програмата за култура на Секторот за дејности од јавен интерес. Работилниците ќе се одржуваат секој вторник и четврток, во период од пет недели. За време на овие интерактивни читачки и креативни работилници, децата ќе откриваат нови книги, ќе создаваат свои приказни и ќе развиваат читачки и социјални вештини во друштво на своите врсници. Во текот на еден месец, децата ќе уживаат во игра и драматизација како и стекнување на нови пријателства. Читачко-креативната работилница се однесува за деца од 4 до 12 годишна возраст, а учеството е бесплатно кое претходно се пријавува преку порака на инстаграм профилот @mama_mi_chita. Општина Карпош секогаш ги поддржува ваквите иницијативи со цел да се поттикне љубовта кон читањето и навиката да се посетува библиотеката од најмала возраст. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter