Филипче: Учениците, родителите и наставниците да ги почитуваат пропишаните мерки - Канал 5

Филипче: Учениците, родителите и наставниците да ги почитуваат пропишаните мерки

Министерот за здравство Венко Филипче денеска во видео обраќање се обрати до родителите, учениците и образовните работници по повод почетокот на учебната година.

Филипче: Учениците, родителите и наставниците да ги почитуваат пропишаните мерки

„Пандемијата предизвикана од Ковид-19 донесе брза и тектонска промена во образованието каква што не се памети во историјата. Верувам дека за многу од вас, новиот начин на кој се почнува оваа учебна предизвикува чувство на неизвесност. Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и искрено сите ги разбирам. Но, како здравствен работник и прв одговорен во битката со пандемијата, барам разбирање и поддршка за сите здравствени одлуки кои ги донесовме во однос на образовниот процес. Секоја одлука е базирана на примарната и најважна цел, заштитата на јавното здравје, заштитата на здравствениот систем и пребродување на кризата. Секоја одлука која ја донесовме е донесена со цел да се обезбеди добар, но и безбеден образовен процес. И ова е единствениот исправен пристап во услови кога нема идеално решение", потенцираше министерот Филипче.

Во своето обраќање, министерот Филипче истакна дека целосното отворање на училиштата кое го применија многу земји се покажа како исклучително голем ризик, а во неколку земји тоа значеше целосен крах на системот и враќање кон силни рестрикции.

„Верувам дека никој не го посакува ова. Сите добро се сеќаваме каква штета на менталното здравје, економијата и целото општество донесоа рестрикциите. Тие се последното нешто што сакаме да го употребиме и затоа мора да бидеме многу внимателни. Сите ученици кои се враќаат во училишните клупи, нивните родители и наставниот кадар мора да бидат многу одговорни. Дури 600 училишта ја започнаа настават со физичко присуство. Од учениците, родителите и наставниците очекувам максимално и доследно почитување на пропишаните мерки. Од сите заедно зависи дали ќе ја задржиме состојбата стабилна а со тоа и безбедно и квалитетно да ја поминеме учебната година. Драги деца, вирусот не е шега. Можеби за вас е помалку опасен, но е многу поопасен за вашите родители, баби и дедовци. Почитувајте ги препораките, слушајте ги наставниците и штитете го здравјето на сите. Јас верувам во вашата зрелост и одговорност. Вие може да бидете пример за возрасните и за целото општество. Кризата е време во кое созреваме, во кое растеме како одговорни личности. Ви посакувам успешна учебна година", рече министерот Филипче.

YouTube video

Бред Пит возеше формула 1 болид

Холивудскиот актер Бред Пит, чиј нов филм за Формула 1 ќе има премиера следната недела, го оствари својот сон да вози болид од Формула 1 откако тестираше возило на Мекларен на патеката во Остин.

Бред Пит возеше формула 1 болид

Актуелниот светски шампион во конкуренција на конструктори Мекларен потврди денеска дека познатиот актер го возел моделот „Мекларен МЦЛ60“ произведен во 2023 година на патеката во Тексас во четвртокот.

Медиумите известуваат дека британскиот тим спроведувал приватен тест со редовниот возач на Формула 1, Ландо Норис, и возачот на Формула 2, Алекс Дан.

Тоа беше прв пат 61-годишниот Пит, кој го игра измислениот возач Сони Хејс во филмот „Формула 1„ на „Епл““, да вози вистински болид од Формула 1 на патека.

Автомобилите што се користеа во снимањето на филмот беа автомобили од Формула 2, модифицирани од Мерцедес за да изгледаат како вистински автомобили од Формула 1 што се натпреваруваат на гран- при трките.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, кој е копродуцент на филмот, рече дека Пит покажал вистинска брзина додека го тестирал автомобилот Ф2.

„Да се гледа како Бред вози со брзина поголема од 290 километри на час беше навистина импресивно бидејќи тоа не е нешто што може да се научи преку ноќ“, рече Хамилтон.

Синер во музички проект со Бочели

Најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер учествуваше во најновиот музички проект на прославениот оперски пејач и негов сонародник Андреа Бочели.

Синер во музички проект со Бочели

Во песната насловена „Polvere e Gloria“ (Прашина и слава), Синер не пее, туку рецитира на англиски јазик делови од своите говори одржани по најголемите победи во неговата кариера.

„Ќе има многу први места во нашите животи, само треба да бидете свои“, рецитира актуелниот шампион на Австралија Опен и неодамнешен финалист на Ролан Гарос, додека во позадина свири емотивна лирска музика.

„Ми претставува чест и задоволство што сум дел од овој проект со Андреа. Никогаш не можев да замислам дека ќе го слушнам својот глас во една од неговите песни, тоа е силна емоција“, рече Синер, кој зад себе има 19 АТП трофеи, вклучувајќи и три грен слем титули.

Бочели, кој има продадено повеќе од 70 милиони албуми, го опиша овој проект како „ода на упорноста и благородноста на секојдневниот труд, кој секој неизвесен чекор го претвора во дел од нешто поголемо“.

Санто уште три години на клупата на Нотингем Форест

Тренерот на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто, потпиша нов тригодишен договор, објави англискиот прволигаш.

Санто уште три години на клупата на Нотингем Форест

Португалскиот стратег седна на клупата на Форест во 2023 година.

Во својата прва сезона, му обезбеди опстанок на клубот во Премиер лигата, а изминатата сезона го водеше тимот до седмото место и нивно прво учество во европските купови од сезоната 1995/96.

„Воодушевен сум што можам да го продолжиме нашето патување во овој фантастичен фудбалски клуб. Откако пристигнавме во Форест, работевме исклучително напорно за да создадеме посебна врска меѓу играчите, навивачите и сите во клубот, што ни помогна да постигнеме големи работи минатата сезона“, рече Санто. /МИА

притисни ентер