Филипче: Статусот на жените е всушност статусот на демократијата

Филипче учествуваше на трибината „Активни жени – напредно општество".

Ако сакаме да постигнеме некакви промени во општеството, треба да се активираат жените и тоа го докажаа сите претставнички и членки на Форумот на жените на СДСМ, со својата посветена работа, пожртвуваност и креативност, истакна потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на трибината под мотото „Активни жени – Напредно општество", во Дојран.

Филипче се осврна на постигнатото во изминатите години за изнаоѓање на конкретни решенија за проблемите на граѓаните, за решавање на напластените проблеми во државата, за враќање на парите на граѓаните, зголемување на платите, зголемување на социјалната помош за 300%, отворање болници, па и во време на пандемија.

Тој истакна дека заедно со пратеничките го сменивме најсмешниот закон што постоеше во Европа, законот за премин на бременоста, ја ставивме волјата на жената на прво место, отворивме центри за насилство врз жените, кои доаѓаа во ургентно и не сакаа да признаат дека се жртви на насилство, се додека не обезбедивме механизам за препознавање и соодветен третман.

Платите на лекарите специјалисти се дуплирани, огромен број млади лекари не ја гледаат иднината во странство, сакаат да работат тука, во болниците, во кои се инвестира, се купува нова опрема, истакна Филипче, додавајќи дека се направени 16 нови болници.

Хероите, односно хероините на пандемијата се докторите од кои 50 проценти се жени, и медицинските сестри од кои 95 проценти се жени, нагласи Филипче.

Тој упати апел до сите да се вакцинираат, бидејќи тоа е единствениот начин, со кој можеме да ставиме крај на пандемијата.

Во нашето општество, во кое има многу делови и сегменти, само еден сегмент е идеален, а тоа се жените, затоа треба да се вклучени во сите процеси, во сите институции, во што поголем број, зашто веќе видовме, а вие докажавте, дека статусот на жените е всушност статусот на демократијата во нашата земја. Да работиме заедно и понатаму да ја унапредуваме, порача потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на трибината под мотото „Активни жени – Напредно општество".

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: Адријана Лима позира гола под месечевата светлина

Бразилската манекенка Адријана Лима објави нова фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола.

Славната манекенка го покажа своето совршено тело позирајќи гола на месечевата светлина.

-Кога ќе се сретнат двете Месечини, напиша Адријана во описот на објавата.

Иако манекенката минатиот месец наполни 40 години, се уште изгледа феноменално и не покажува знаци на стареење.

Фото: Ѓоковиќ со белгиските гимнастичарки стана хит на интернет

Новак Ѓоковиќ повторно воодушеви бројни фанови на спортот ширум светот, неговиот ведар дух и дружељубивост секогаш се препознаваат.

Овој пат тој влегол на тренинг од олимписки гимнастичарки и им се придружил.

На интернет стана хит фотографијата која на својот Инстаграм профил ја објави белгиската олимписка гимнастичарка Нина Дерваел.

На фотографијата Нина вежба пред натпреварот а во изведувањето на шпага и се придружил и Новак Ѓокович и уште некои белгиски натпреварувачки.

„Кога Новак Ѓоковиќ ќе те замоли за фотографија, едноставно не можеш да одбиеш“, напиша Нина во описот на фотографијата.

Насмевнатиот Ѓоковиќ со шпагата ги освои срцата на фановите на белгиската натпреварувачка, а објавата е преполна со позитивни реакции.

Видео: Американски пожарникари возат низ голем пожар

Шумските пожари и понатаму беснеат на западот од САД.

Се бележат рекордни теператури, многу граѓани морале да ги напуштат своите домови, а пожарникарите се борат против пожарите во екстремни услови.

Двајца пожарникари загинале во пад на авион. На северот од Невада, недалеку од границата со Калифорнија, дошло до масовна евакуација поради избивање на пожар предизвикан од гром. Еден пожар создал голем облак од чад и пепел кој во комбинација со временските услови создал сопствени молњи.

Во Орегон пожарот зафаќа површина од 311 километри квадратни.

Пожарникарите објавија снимка од возење во сред пожар. Погледнете ја:

притисни ентер