Филипче: Потребен е силен, достоинствен СДСМ да ја одржи идејата за напредна и слободна држава

Доктор Венко Филипче, носителот на листата во ИЕ4 на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, се обрати на вечерашниот митинг во Неготино.

„Нема никаква дилема дека СДСМ е исправен пред најголемиот предизвик од неговото основање. Резултатот на првиот круг на претседателските избори е под сите очекувања и го става на испит секој од нас, секој партиски член.

Ќе имаме време за тоа да анализираме каде сме грешеле, и кој бил виновен за лошиот резултат. Ќе имаме време да ги менуваме работите и да ја градиме одново довербата кај граѓаните. Тоа мора да го започнеме првиот ден после изборите. Но, сега пред вториот круг, и на денот кога ќе се бираат пратеници, мора да се мобилизираме.

Имаме обврска заради генерациите кои доаѓаат да ја чуваме жарта за општествени промени да тлее. После сите жртви што ги направивме како прогресивна и државотворна партија, недозволиво е сега да потклекнеме пред старите режимски политики. Ако сега се откажеме од борба, тоа е уништување на иднината за многу генерации.

Како во животот, во спортот, така и во политиката, нема вечни победници, ниту вечно поразени. Тешко е, но наша должност е повторно да се исправиме и да се избориме. Затоа, повикувам секој од вас да собере сила, заедно да одработиме за подобар изборен резултат.

Почитувани граѓани,

Свесни сме дека кај народот има разочараност, граѓаните се уморни чекајќи го клучот за Европа, дадовме многу, а ни се бара уште. Но, СДСМ секогаш гледа подалеку од дневно политичките интереси. СДСМ е единствена партија која го исправа кормилото на бродот кога тој ќе биде повлечен во погрешен правец. СДСМ е единствена партија која и покрај сите грешки, секогаш за водилка го има интересот и развојот на државата. Затоа, СДСМ им е потребен на граѓаните. Потребен е силен, достоинствен СДСМ кој ќе ја одржи и продолжи да ја промовира идејата за напредна и слободна држава.

Почитувани граѓани,

Многу од гласовите што беа дадени за други претседателски кандидати, можат да бидат вратени за листите на СДСМ и Коалицијата. Ве повикувам да им се спротивставиме на оние кои очигледно сакаат СДСМ да биде поделена. Нека не ве лажат кога ви кажуваат дека глас за ЗНАМ е глас за социјалдемократска партија. Или дека пак тоа не е против СДСМ. Така лажеа пред првиот круг, така веќе не можат да лажат. Последниве два дена паднаа маските и станува јасно дека глас за ЗНАМ е глас за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е глас за поделба на македонските социјалдемократи, на прогресивните, глас за слабеење на СДСМ на сметка на ВМРО-ДПМНЕ. На тој начин не се казнува СДСМ, само се наградува ВМРО-ДПМНЕ. Да владее без контрола и без разум.

Јас знам дека сите оние кои се незадоволни сакаат да испратат порака. Но, силно верувам дека никој не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола.

Сите ние знаеме добро што се случува кога ВМРО-ДПМНЕ е без контрола: стануваат насилни, владеат со страв и уцени, ги користат новите партии како ЗНАМ и ги елиминираат кога веќе не им се потребни. Одговорни сме тоа да го спречиме!

Затоа на 8 мај мора да докажеме дека не е сѐ готово, и дека рано им е да слават. Голема изборна битка е пред нас и ќе се обидеме да направиме сѐ за да го подобриме резултатот на 8 мај. На граѓаните им е потребен силен СДСМ на кој тие секогаш се потпирале во најтешките времиња. Во времиња на кризи, во времиња на важни одлуки, тука бил СДСМ.

Ајде да покажеме дека нашата солидарност е жива.

Ајде да покажеме дека можеме да правиме пресврти.

Ајде да покажеме дека нашите кандидати заслужуваат избор и поддршка.

Почитувани граѓани,

Не наседнувајте на приказните дека оние кои седат во Белата палата, која е симбол на криминалот и корупцијата, знаеле подобро од нас да се справуваат со корупцијата и криминалот.

Не наседнувајте на приказните за правда од оние кои пробаа да извршат убиства во Собранието, за да не дојде до промена на власта.

Не наседнувајте на лажните патриотски приказни на оние кои имаат резервна татковина, за кои патриотизмот е единствено чукање во гради додека државата пропаѓа во изолација. Тоа не е патриотизам, тоа е алатка за замајување на граѓаните. Каде се сега истите тие кои ве плашеа со некакви странски, тирански Платформи? Каде се сега кога ДПМНЕ најавува коалиција со партиите кои се построија во Приштина и од таму праќаат политички пораки? Или сега Приштинска платформа не им пречи, туку ја повикуваат во коалиција?

И ова е веќе виденото ВМРО-ДПМНЕ: со години ќе плаши и манипулира со национализам, а потоа ќе си прави дилови и дели територии.

Ве повикувам почитувани граѓани, драги пријатели, другарки и другари, уште еднаш да размислите пред гласањето. И да разговарате со своите соседи и пријатели. СДСМ од своето постоење до денес најискрено ги темели своите политики на зачувување на придобивките од нашето минато. Вие паметите дека понекогаш бевме сами на браникот на одбрана на НОБ и АСНОМ. Знаевме дека тие се темелите на нашата државност: ги почитувавме, ги одбележувавме и ги браневме кога овие другите ги рушеа и понижуваа. Ние, од СДСМ, никој друг. Никогаш со нашите политики не сме го довеле во прашање опстојувањето и напредокот на државата. Да не дозволиме со погрешен избор да се врати национализмот, насилството и примитивизмот во политиката, апсењето новинари, прислушувањата и грабежот.

Јас и другите кандидати за пратеници од СДСМ и коалицијата имаме програма и идеи за стабилност и иднина на Македонија. Јас верувам во вашата поддршка. Верувам дека луѓето размислуваат со своја глава и можат да носат правилни одлуки.

И ве повикувам сите да бидеме оптимисти. И да ја покажеме нашата сила и моќ на изборите на 8-ми мај. СДСМ има шанса. И од сите нас зависи дали ќе ја искористиме за да им испратиме вистинска порака.

Да живее Македонија. Да живеат СДСМ и Коалицијата!“

Османи: „Вреди“ се малцински претставник на Албанците

„Наша обврска е волјата на граѓаните да ја преточиме во реалноста“

Има разлика меѓу погледите и интересите на политичките партии од државните интереси.

Наша обврска е волјата на граѓаните да ја преточиме во реалноста.

Во предизборниот период имаше замислена пропаганда кај Албанците дека ДУИ се криминални.

Влада без Албанци и влада што го нема легитимитетот.

Уставното уредување не е идентично со владеењето, до Рамковниот договор дојде поради надгласувањето.

Еден глас да имаше „Вреди“ повеќе, јас ќе водев битка тие да ги застапуваат Албанците.

„Вреди“ се малцински претставник.

Стана тренд дека ако правите кампања против ДУИ ќе ја добиете наклонетоста на Македонскиот народ.

Имаше добро смислена пропаганда во партиските центри против ДУИ, но, не го убеди албанскиот народ.

Влада со нелегитимни Албанци е исто како и влада без Албанци.

Мандатарот има обврска да го почитува основниот договор меѓу македонскиот и албанскиот народ.

Тоа што се случи во дик е класична кражба и СДСМ е дел од заговорот со дик, тие може да добијат уште еден пратеник во 5-тата изборна единица.

Османи: Изборниот фолклор заврши

„Одговорноста на мандатарот е да не го поништи договорот меѓу Албанците и Македонците“.

Не може ништо да се смени во преговорите со Бугарија, мислите не се обидувавме? Или може, но на наша штета. Уставните измени се наш начин како да имаме контрола над тој процес. Само се губи време, се губи кредибилитетот на државата, убеден сум дека уставните измени се најголемиот интерес. Македонија е територија на четири држави, да кажете Македонската претседателка значи дека е претседателка само на македонската етничка заедница. Немаме луксуз да се расправаме со соседите, изборниот фолклор заврши. Албанци сите приватно може да бидеме, влада без легитимен претставник на Албанците е исто како влада без Албанци. Одговорноста на мандатарот е да не го поништи договорот меѓу Албанците и Македонците, инаку би се влегло во период на пост-охридска Македонија, рече Бујар Османи во Само Интервју.

БМВ донесе одлука за пик-ап модел

БМВ во 2019 година го претстави концептот на пик-ап модел базиран на X7.

Со оглед на растот на популарноста на BMW во Америка, многумина се прашуваат дали BMW ќе ја збогати понудата со модел од најпопуларниот сегмент во Америка - пик-ап модел со целосна големина. Мерцедес се обиде нешто слично со помош на Рено со лансирање на класата X, но не се прославија.

БМВ беше далеку повнимателен. И сега, пет години по претставувањето на концептот, го знаеме конечниот одговор. Во интервју за BMWBlog, Бернд Кербер, виш потпретседател на BMW и менаџмент на производи, изјави дека BMW се откажа од пик-ап моделот бидејќи не одговара на имиџот на марката.

„Мислам дека пик-апот не е добар“, рече тој. „Во принцип, би рекол дека бренд како BMW треба да се разликува од конкуренцијата, да произведува автомобили од соништата кои навистина ја истакнуваат суштината на BMW.“

Од друга страна, BMW не се откажува од теренски возила. Заедно со целата палета на подигнати модели, Кербер рече дека брендот ја препознава растечката популарност на моделите како Toyota Land Cruiser и Land Rover Defender и забележува дека постои глобална побарувачка за тие возила, кои тој ги нарекува SUV. BMW, исто така, сериозно размислува за робустен теренец со теренски способности.

„Тоа е интересен тренд бидејќи од феномен на САД, Јужна Африка и Австралија прерасна во глобален феномен“, рече тој. Блогот на BMW сугерира дека основата на таквите модели би можеле да бидат X3 и X5.

BMW би можел едноставно да ја подигне висината на подот на еден од своите теренци, да инсталира лизгачки плочи и браници и да застане или да оди чекор понатаму и да понуди надградба на бравата на диференцијалот, нови погонски единици и помоќни мотори.

притисни ентер