Филипче: Почитувањето на превентивните мерки е клучот за враќање во нормала

Министерот за здравство Венко Филипче, три месеци по дијагностицирањето на првиот случај со коронавирусот во нашата држава, оцени дека епидемијата е целосно под контрола и оти битката е добиена, но борбата се уште трае. 

Тој потенцира дека вирусот е тука, но оти треба да научиме да живееме со него и да ги почитуваме мерките за заштита- носење маска, држење физичка

-По три месеци ние сме на крстосница дали да продолжиме да го враќаме постепено животот во нормала, да се отвораат угостителските објекти, бизнисите, границите и притоа граѓаните да ги почитуваат сите мерки пропишани од Комисијата за заразни болести или ако мерките не се почитуваат, оваа агонија со вирусот да продолжи и понатаму и по неколку месеци да бидеме соочени со предизвик повторно да воведуваме рестриктивни мерки, рече Филипче.

Министерот потенцира дека огромен дел од граѓаните ги применуваат мерките за заштита, но тие, се жртви од оние кои, не го прават тоа.

-Ние практично три месеци работиме и се справуваме со коронавирусот. Неколку пати кажавме дека првата битка е добиена. Но борбата се уште трае и ќе трае. Факт е дека вирусот нема да замине, ќе биде тука. Ќе мора да научиме да живееме со него. Тоа го прават во сите земји. Меѓутоа, мора да се заштитиме. Затоа ослободувањето и попуштање на мерките, оди заедно во пакет со таканаречените меки мерки, а тоа се задолжително носење на маска, држење физичка дистанца и често миење и дезинфекција на рацете, истакна Филипче.

-Огромен број граѓани покажуваат свест, се придржуваат до мерките. Но, за жал добар дел од граѓаните тоа не го прават. Дури некои не веруваат во постоењето на вирусот, забележа тој.

Филипче потенцира дека сите мерки се носат врз основа на наука и бројки, а не на парамедицина, како што пишувале некои медиуми.

-Тоа се мерките кои се носат во цел свет. Ние со овие мерки продолжуваме понатаму и тоа е клучот со кој животот постепено го враќаме во нормала. Во изминатиот период имавме доволно време да го зајакнеме здравствениот систем, да се купи доволно опрема, да се купат доволно заштитни материјали. Да стекнат лекарите, медицинските сестри знаење за болест со која никој претходно немал искуство. Не знаевеме каква ќе биде манифестацијата, каков ќе биде текот на болеста. Меѓутоа сега се стекна искуство и знаење, рече Филипче, кој потенцира дека сето тоа е во насока на што поквалитетен третман на пациентите.

Според него, целосно сме подготвени да се носиме со ситуацијата. Во овој момент епидемијата е целосно под контрола, подвлече министерот за здравство.

Тој рече дека добри страни се тоа што не работат училиштата и градинките и што се затворените граници

-Очигледно е дека вирусот е тука. Веројатно ќе ја чекаме вакцината, како и целиот свет и стекнувањето на колективниот имунитет. Но тоа е се уште далеку. Огромен дел од борбата со вирусот паѓа на граѓаните. Да се почитуваат мерките на заштита. Сакам на секој еден граѓанин да му биде јасно дека сите сме одговорни за нашето здравје, со тоа го штитиме и здравјето на нашите најблиски и колективното здравје. Само со почитување на мерките, ќе ставиме крај на ширење на вирусот./МИА

Мали тврди дека државата од 2020 година привлекла 15,9 милијарди евра странски инвестиции

Српскиот министер за финансии Мали тврди дека државата од 2020 година привлекла 15,9 милијарди евра странски инвестиции

Од 2020 година Србија кумулативно привлече 15,9 милијарди евра директни странски инвестиции, изјави денеска српскиот министер за финансии Синиша Мали на средба со инвеститори од САД, јави Бета.

„Не правиме разлика меѓу домашни и странски инвеститори. Се надевам дека во Србија ќе најдете проекти и можности кои ќе ве интересираат да инвестирате“, им порача Мали на инвеститорите кои по посетата на српската делегација на Вашингтон по повод Пролетната сесија на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка пристигнаа во Белград со цел да се запознаат со сите параметри на српската економија.

Мали изјави дека во Србија не се прави разлика меѓу домашни и странски инвеститори, соопшти Министерството.

„Се надевам дека во Србија ќе најдете проекти и можности кои ќе ве интересираат да инвестирате“, рече министерот.

Тој наведе дека ланскиот раст на БДП во Србија бил 2,5 отсто и дека само во последниот квартал бил 3,8 отсто, а во февруари годинава бил 5,9 отсто и дека се базирал на извозот и инвестициите, како и на таа официјална статистичка. Податоците на Србија покажуваат дека секоја економска гранка бележи раст.

Тој посочи и дека Србија има стабилен јавен долг, на ниво од 47,6 отсто од БДП. /МИА

Невладините со барања до партиите за подобрување на еколошката слика во земјава

Ако за време на претходните парламентарни избори, во фокусот на кампањата на политичките партии беше подобрувањето на квалитетот на воздухот, овој пат ниту еден политичар не стави акцент на екологијата.

Ако за време на претходните парламентарни избори, во фокусот на кампањата на политичките партии беше подобрувањето на квалитетот на воздухот, овој пат ниту еден политичар не стави акцент на екологијата, обвинуваат дел од граѓанските иницијативи и еколошки здруженија.

Тие бараат одговор од партиите што ќе преземат за намалување на загадувањето на воздухот, кога ќе го завршат префрлувањето на 700 јавни објекти од мазут и нафта на незагадувачки енергенси за загревање, дали имаат стратегија како да ја прекинат финансиската зависност на општините само од комуналии и издавање нови градежни дозволи.

Дали оваа иницијатива доаѓа со задоцнување, со оглед на тоа што програмата за парламентарните избори партиите веќе почнаа да ја презентираат, ја прашавме Ели Пешева од О2 Иницијатива.

Подносителите на иницијативата бараат конкретни одговори со рокови, буџет и одговорни институции кои ќе го сработат ветеното.

Премиера на претставата „Мац, мац“ вечерва во велешкиот театар

На сцената на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „Мац, мац“ инспирирана од „Мачка на вжештен лимен покрив“ на Тенеси Вилијамс во режија и кореографија на Филип Петковски.

Во претставата играат актерите Ведран Чешарек-Брик, Ана Јовановска, Илин Јовановски, Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Филип Христовски и Сандра Танчева.

Музиката е на Мориц Вернер од Германија, сценографија на Дардан Жегрова од Косово и Филип Петковски, а костимографијата е на Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска.

Проектот е финансиран од Интернационалниот фонд за копродукција (Internationaler Koproduktionsfonds) на Гете институтот и Министерството за култура. /МИА

притисни ентер