Филипче: Не преговараме за фотељи и позиции, велиме малцинства во Уставот сега - Канал 5

Филипче: Не преговараме за фотељи и позиции, велиме малцинства во Уставот сега

Повикот да се изгласаат уставните измени и да се понесе заедничка одговорност со власта не значи повик за широка влада- појаснува лидерот на СДСМ Венко Филипче, откако во дел медиумите така се толкуваше неговата понуда до Мицкоски.

Филипче:  Не преговараме за фотељи и позиции, велиме малцинства во Уставот сега

-Ние не преговараме за фотелји и позиции. Ние зборуваме за иднината на Македонија во Европската Унија. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.- пишува Филипче на платформата Х. Од неговата партија и денеска повторија дека сега е шансата за продолжување на евроинтграциите преку уставни измени, во спротивно велат ќе имаме затворени врати со децении.

-Доколку ја пропуштиме оваа шанса за полноправно членство во ЕУ, ризикуваме да станеме слепо црево на Балканот. Затоа претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче го повика Христијан Мицкоски на државничка одговорност. Заеднички да ги изгласаме уставните измени. Подготвени сме целосно да ја споделиме одговорноста за овој процес, како што тоа го правеле сите политички партии во државите што успешно преговарале и станале членки на Европската Унија,- Богданка Кузеска – портпарол на СДСМ.

Од владејачката партија обвинуваат дека со инсистирањето да се изгласаат уставните измени, Филипче бил заштитник на бугарските ставови. Наместо да повикува на обединување околу Бугарите во Уставот, нека ни се приклучи во одбрана на македонските интереси, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Филипче е најголем промотор на бугарските позиции во Скопје. Филипче и СДС, ден денес имаат ист став по однос на Уставните измени со бугарските власти, предводени токму од Румен Радев. Филипче и СДС имаат ист став со бугарските власти дека ние сме „северномакедонци’’, дека Гоце Делчев е Бугарин, но кога ќе се дојде до темата уставни измени, тука Бугарија вели јасно и гласно дека тоа не е последниот чекор на Македонија кој треба да го испорача за да стане дел од европското семејство, додека уценетиот Филипче од негови познати причини ги лаже граѓаните дека ова е последниот чекор и дека утредента ќе станеме дел од ЕУ,- Валентин Манасиевски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Политичкиот аналитичар Патар Арсовски оценува дека за ова прашање е добро да се создаде консензус, но шансите за успех и понатаму се минимални.

-Ако некогаш се направат уставните измени, ако некогаш ги отвориме чаптерите и поглавјата најверојатно ќе биде добро сите политички партии да работат заедно на таа трансформативна агенда бидејќи е многу комплицирана, на многу места се бараат двотретински измени.. Меѓутоа во овој момент имајќи ја предвид политичката тензија дома, но и зголемувањето на антагонизмот меѓу Скопје и Софија, веројатноста дека ќе се направи таков консензус останува минимален,- Петар Арсовски – политички аналитичар.

Власта и опозицијата целосно различно го толкуваат и напредокот во реформите и добиените пари од Планот за раст. Според СДСМ, Македонија заостанува зад земјите од регионот со реализација на обврските, додека од ВМРО-ДПМНЕ велат дека имаме успешна реформска агенда која ќе биде потврдена и од самата ЕУ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата на Колумбија прогласи вонредна состојба по силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени

Владата на Колумбија прогласи вонредна состојба по силниот земјотрес што ја погоди земјата.

Владата на Колумбија прогласи вонредна состојба по силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени

„Јас лично ќе бидам на чело на оваа национална криза и неуморно ќе патувам низ земјата за да ги преземам неопходните мерки“, напиша претседателот Абелардо Де Ла Есприеља на платформата Х.

Земјотресот со јачина од 7,4 степени се случи вчера во општината Сан Хозе дел Палмар, околу 250 километри северно од главниот град Богота.

Според првичните податоци на владата, загинале повеќе од 110 лица, а над 1.500 објекти моментално се ризични за живеење.Како итна мерка, владата испрати војска која ќе учествува во потрагата по преживеани под урнатините.

Земјотресот ги погоди најсиромашните региони на земјата. Големи делови од регионот, исто така, се под контрола на вооружени групи.

Десетици згради се урнати во западниот дел од Колумбија, земјотресот био почуствуван и во Еквадор и Венецуела.

Се проценува дека бројките на загинати и повредени ќе растат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превозниците од Западен Балкан денеска на средба во Скопје – сè бара решение за ограничениот престој во Шенген-зоната

Здруженијата на професионалните превозници од земјите од Западен Балкан денеска треба да одржат регионална средба во Скопје.

Превозниците од Западен Балкан денеска на средба во Скопје – сè бара решение  за ограничениот престој во Шенген-зоната

Здруженијата на професионалните превозници од земјите од Западен Балкан денеска треба да одржат регионална средба во Скопје, на која ќе разговараат за проблемот со кој се соочуваат во однос на ограничениот престој во земјите од Шенген-зоната на 90 дена во период од 180 дена.

На средбата, која по првпат се одржува во земјава, е најавено учество на раководствата на здруженијата на превозниците од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Превозниците веќе испратиле писмо до Европската унија со барање за директна средба со цел надминување на проблемот со кој се соочуваат.

Тие го поставија 10 август 2026 година како рок до кој очекуваат од брисел да каже како ќе се реши статусот на професионалните возачи, но засега останаа без конкретен одговор.

Министерот за транспор Николоски минатиот месец изјави дека проблемот со професионалните возачи земјава го решава самостојно преку билатерални разговори со држави од Европската унија, а не заедно со другите земји до Западен Балкан бидејќи, според него, ова прашање се злоупотребува од дел од нив за политички цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ дизелот поевтин за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар

Големо намалување на цените на дериватите.

Од полноќ дизелот поевтин за 8 денари, бензинот за 4 денари за литар

По неколкунеделен пораст од полноќ цената на дизелот падна за осум денари. Со новата одлука на Регулаторна и оваа недела се намалува цената на бензините, и тоа за 4 денари за литар. Новите намалени цени се пресметани со пониските акцизи..

Новата цена на Еуросупер -95 од ноќеска на полноќ изнесува 87 денари додека на Еуросупер -98 е 89 денари за литар. Дизелот од полноќ се продава по цена од 91,5 денари за литар

Од владата за Канал 5 велат дека се додека на сила е кризната состојба акцизите ќе се нивелираат согласно закон. Во моментов во пресметките на Регулаторна и оваа недела се вкалкулирани намалени акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер