Избори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик
2Избори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
2Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
3PEUGEOT го претставува својот нов дизајн на изложбениот простор на саемот за автомобили во париз 2026
МакедонијаФилипче ја прифати оставката на Рубин Земон од ИО на СДСМЛидерот на СДСМ Венко Филипче соопшти дека ја прифаќа оставката на членот на ИО, Рубин Земон, која ја поднесе по реакциите во јавноста за неговата средба во Софија со Виктор Стојанов од Фондацијата Македонија, кој има забрана за влез во земјава. Лидерот на СДСМ Венко Филипче експресно ја прифати оставката на Рубин Земон од извршниот одбор на партијата, по неговата заедничка фотографија со претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов. Филипче верува во објаснувањето на Земон дека нивната средба во Софија била случајна и смета дека е добар потег неговото повлекување од партиските органи. „Не, немав информации за средбата, јас разговарав вчера со него од коа излезе тоа по јавните мрежи. Иако ми објасни дека е целосно случајна средба, немал никаква апсолутно намера, јас сметам дека таква штета на партијата не треба да се нанесува. Се случуваат ненамерни пропусти, но оставката ја сметам за одличен морален чин, човекот едноставно не сака да прави терет на партијата, којшто ниту го заслужуваме, ниту пак има некаква суштинска врска или работа со тие состаноци. Таа тема со тоа е завршена.“ Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека фотографијата која беше објавена, а потоа избришана од фејсбук профилот на фондацијата е потврда дека СДСМ и лидерот Филипче одработуваат за бугарските интереси, како што велат, со единствена цел да се внесат Бугарите во македонскиот Устав. Филипче тврди дека овие обвинувања се пропаганда, а тој се залагал само за македонските позиции. „Оваа коалиција на Венко Филипче и Рубин Земон, односно на СДС со бугарски организации е спремна да го негира македонскиот идентитет, да го оспори нашиот македонски јазик, да ја избрише македонската историја и да ја уништи македонската култура. Ете, со овие луѓе соработува или коалицира уценетиот Венко Филипче и неговата СДС.“ „Јас лично и СДСМ ги застапуваме ексклузивно интересите на државата, македонските интереси. Интерес на државата е да се интегрира во ЕУ. Уставните измени не се интерес на Бугарија, Бугарија е земја членка на ЕУ, членка на Шенген, на еврозоната.. Туѓи интереси се да не го направиме чекорот, вистинското прашање е чии интереси ВМРО застапува со тоа што не се прават уставните измени и да се отворат преговорите со ЕУ?“ Филипче и денеска го повика премиерот Мицкоски заеднички да ги изгласаат уставните измени со цел да се продолжат преговорите со Европската Унија, и да ја споделат одговорноста за тој чекор. Тој повтори дека со овој повик неговата единствена намера е напредок на државата, а не учество во широка влада. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ.Филипче е против корупција само кога тоа политички му одговара и партиски се пресметуваФилипче е против корупција само кога тоа политички му одговара и партиски се пресметува, скандалот со Петровска е доказ за тоа.Случајот со Славјанка Петровска, кој Венко Филипче го отвори во јавноста дури во моментот кога Петровска стана дел од Платформата „12.05“ и почна јавно да бара промени во СДС, е доказ за двојните стандарди на Филипче. Платформата „12.05“ јавно побара Филипче да се повлече од лидерската позиција, а Филипче потоа директно ја прозва Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра. Ако Филипче со години располагал со информации за овој случај, тогаш зошто молчел досега? Зошто Филипче не ги доставил информациите до надлежните институции порано? И зошто токму сега, кога Петровска стана негов политички критичар, Филипче го обелоденува случајот? Преку овој случај на површина излезе целата хипокризија и двојните стандарди на СДС и Филипче. Од една страна, Филипче постојано зборува за Европската Унија, европските вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата како услов за европскиот пат на Македонија. Од друга страна, кога станува збор за наводи за сериозни злоупотреби во сопствените редови во СДС, Филипче знаел и молчел се до моментот додека тоа политички му одговарало. Европа не е само декларативна определба. Европските стандарди подразбираат одговорност, транспарентност и нулта толеранција кон корупцијата и кога сомнежите се однесуваат на сопствените редови, а не само кога можат политички да се искористат против противник. Ако Филипче навистина располагал со информации за наводниот случај од 37 милиони евра, тогаш зошто досега молчел? Не може од една страна да се бараат европски стандарди и европско обвинителство, а од друга страна да нема јасен одговор и да се молчи. Ако европскиот пат значи владеење на правото, тогаш истиот принцип мора да важи за сите, и за политичките противници, и за сопствените редови. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Убавата Емили блесна на филмска премиераЕдна од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски ги воодушеви сите со својот изглед во тесен црн фустан со длабоко деколте и му даде силна поддршка на својот партнер на грчката премиера на неговиот нов филм „Sacrifice“. Позната по своите провокативни пози, разголени модни изданија, а сега и по врската со Гаврас, Емили ужива во вниманието што го привлекува. Францускиот режисер Ромен Гаврас се појави во поопуштено издание, во широк црн капут и сина кошула, при што цело време ја прегрнуваше Емили. Емили ја надополни својата смела комбинација со чантичка со златен синџир и високи чевли што се врзуваат околу ногата, додека заедно пристигнуваа во културниот центар „Онасис Стеги“, пренесува „Дејли мејл“. Премиерата на неговиот најнов филм „Sacrifice“ се одржа на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во септември. Ова остварување претставува и негово деби на англиски јазик, а во главната улога се појавува Ања Тејлор-Џој како религиозен фанатик кој планира да жртвува тројца важни луѓе за да го спаси светот од уништување.Тагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Жена без ниту една маана, Ријана воодушеви во секси долна облекаСветската музичка ѕвезда Ријана уште еднаш „покаже “ дека е Жена без ниту една маана. Атрактивната Рири се соблече по гаќички и ги покажа своите бујни прекрасни облини. Уште едно провокативно издание на Ријана остави многумина без зборови. Таа се соблече по долна облека и ги покажа своите прекрасни облини. Иако не е активна во музичкиот свет, пејачката Ријана ја пронајде среќата во бизнисменките води. Таа е горда сопственичка на брендот за убавина и мода „Fenty“, а активна е и на социјалните мрежи. Редовно објавува фотографии од своето приватно опкружување и не е тајна дека го користи своето влијание на мрежите за да го промовира својот бренд. Така, таа неодамна објави збирка фотографии кои за кратко време предизвикаа бројни реакции ширум светот. Како што може да се види, таа гордо позираше во црвена долна облека што ги истакнуваше нејзините атрибути. Во преден план беа нејзините бујни гради и прекрасни облини, а не смее да се изостави ниту нејзината секси поза што ја заокружи оваа сензационална сцена.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook