Филипче: Измената во Законот за лекови доаѓа по барањето на „Фајзер" кое е на глобално ниво - Канал 5

Филипче: Измената во Законот за лекови доаѓа по барањето на „Фајзер" кое е на глобално ниво

Измената во Законот за лекови доаѓа после специфичното барање на компанијата „Фајзер" кое го донесоа на глобално ниво, а тоа е за конкретниот продукт, односно вакцината против Ковид-19. 

Филипче: Измената во Законот за лекови доаѓа по барањето на „Фајзер" кое е на глобално ниво

Немаат обврска да прават никакви договори со локални компании, туку самите да аплицираат во надлежните институции во секоја од државите, како претставништво од надвор, од странство, за да направат регистрација на продуктот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тоа, додава Филипче, воопшто не е пречка вакцината да дојде во земјата, и тоа било разговарано и со претставниците на „Фајзер" заради тоа што, како што рече, во нашиот Закон има механизми кои се користеле и претходно и за вакцини и за други препарати да се внесат со т.н. интервентен увоз.

– Не може да има регистрација во ниту една од земјите затоа што продуктите се нови, не е тоа возможно да се очекува, ниту пак има потреба бидејќи документите што се даваат за интервентен увоз се сосем доволни заради тоа што ние со тоа се обезбедуваме дека целата постапка на правење на вакцината, контролите во матичните земји каде се направени, контролите од меѓународните лаборатории, сертификатите за квалитет се тоа со што се осигурува квалитетот, рече Филипче.

Министерот вели дека сите вакцини ги евалуираат. Тоа на што ставаат приоритет е да се осигураат во нивниот квалитет.

– Сигурни сме дека се развиени на безбедни платформи, но некои веќе аплицирале во меѓународните регулаторни тела, а некои имаат само докази и документи од нивните регулаторни тела од матичните земји и тие нашите експерти ги разгледуваат, после потврдата и уверувањето дека се тоа сосем безбедни сертификти на кои може да им се верува. Ние даваме предност на мрежата на европските лаборатории, рече Филипче.

Тој смета дека тука сосем добро може да го спроведат процесот на имунизација и посочи дека ќе останат тука да ги вакцинираат сите наши граѓани по приротиет така како што се дефинирани групите.

– Вчера имавме разговор со претставништвото на „Фајзер" во Белград и таму се работи на двата договора – нашиот драфт договор за нашите 800 илјади дози и дозволата српските власти да ги дадат фајловите за ние да ги увеземе тие вакцини од нивната земја. Веднаш кога ќе ги добијат фајловите и дозволата ние сме спремни да ги примиме, рече Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опра Винфри откри која одлука во кариерата ја смета за голема грешка (ВИДЕО)

Опра Винфри откри дека сè уште смета дека една одлука во нејзината кариера е голема грешка. 

Опра Винфри откри која одлука во кариерата ја смета за голема грешка (ВИДЕО)

Во гостувањето во подкастот „Бејби, ова е Кеке Палмер“, таа се потсети на својот единствен музички сингл „Run On“, кој во 1999 година послужи како воведна шпица за 13-тата сезона на нејзиното иконско ток-шоу „Шоуто на Опра Винфри“. Иако со децении беше една од најпознатите телевизиски презентерки во светот, таа признава дека пеењето никогаш не било нејзина работа.

Во времето на создавањето на песната, Винфри размислувала дали да продолжи да ја води емисијата или да се сврти кон нови деловни предизвици. Таа рекла дека во тоа време се молела за одговор, а инспирацијата ја пронашла во старата духовна „Run On“, која зборува за фактот дека човек не може да избега од вистината и од сопствените постапки. „Исус ми рече: „Мора да продолжиш“, рекла таа, објаснувајќи зошто одлучила да ја сними својата верзија на песната, според „Пипл“.

YouTube video

Призна дека пеењето била нејзина голема грешка

Иако во тој момент ѝ се чинеше дека донела правилна одлука, денес таа гледа на таа музичка екскурзија сосема поинаку. „Сфативме дека не можам да пеам, иако земав часови по пеење“, призна таа. Кога Кеке Палмер ѝ кажа дека песната не е толку лоша како што мислеше, Винфри одговори со насмевка: „Го кажуваш тоа само затоа што ме гледаш во очи. Беше доста лошо.“

Подоцна откри дека тоа сепак не е нејзиното најголемо жалење во кариерата. Таа рече дека не жали што го завршила „Шоуто на Опра Винфри“ во 2011 година, туку дека во исто време ја започнала својата телевизиска мрежа, OWN.

„Не би ја рестартирала сопствената мрежа и би ја завршила емисијата во исто време. Тоа е единственото нешто за кое жалам“, рече таа, додавајќи дека требало да земе една година пауза пред да се впушти во нов голем проект.

Денес, вели дека најмногу ужива во едноставните работи и потивкиот начин на живот. „Кога е дождлив ден, го сакам животот“, рекла таа. Додала дека дождот, каминот, ќебето, кучето и добрата книга ѝ носат најголема среќа бидејќи тогаш нема притисок или очекувања од другите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре наутро ќе бидат затворени трите грчки гранични премини

Цариниците во Грција утре ќе одржат штрајк, а границите ќе бидат затворени вкупно четири часа, јавија локалните медиуми.

Утре наутро ќе бидат затворени трите грчки гранични премини

Од 5 до 9 часот наутро по македонско време (6 до 10 часот по грчко), сите гранични премини ќе бидат затворени.

Автомобилите ќе се пропуштаат на секои десет минути, додека за камионите границите ќе бидат целосно затворени, најави синдикатот.

Така ќе биде и на трите гранични премини кон Македонија, „Евзони“ („Богородица“), „Дојрани“ („Дојран“) и „Ники“ („Меџитлија“).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Пожар во близина на селото Трстеник, пожарникарите интервенираат

Во моментов пожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар во близина на селото Трстеник.

Јанчев: Пожар во близина на селото Трстеник, пожарникарите интервенираат

Со брза и координирана интервенција се преземаат сите неопходни мерки за локализирање и ставање на пожарот под контрола, објави ноќеска по полноќ на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер