Халк се ожени со внуката на својата поранешна сопруга (ФОТО) - Канал 5

Халк се ожени со внуката на својата поранешна сопруга (ФОТО)

Познатиот бразилски фудбалер Халк (39) се ожени со Камила Анџело, внука на неговата поранешна сопруга Иран Анџело, во црковна венчавка.

Халк се ожени со внуката на својата поранешна сопруга (ФОТО)

Камила и Иран се физички многу слични, а Халк и Камила биле заедно четири години. Камила е две години помлада од Иран, а пред две години доби дете со Халк.

Халк има петто дете

Камила и Халк ќе добијат син оваа година. Халк така ќе добие петто дете бидејќи имаше три деца со Иран за време на неговиот 12-годишен брак. Бракот на Халк и Иран се распадна откако Халк се зближи со Камила. Иран Анџело потоа проговори за португалските медиуми и го отвори своето срце по многу долго време.

Поранешната сопруга вели дека до ден денес сè уште не може да се помири со она што ѝ се случило. Нејзиниот сопруг ја измамил, а особено со нејзината внука. „Како да сум ја закопала ќерка ми жива. Се будам и заспивам без да разберам зошто сè ми се случи. Болката е многу голема, понекогаш мислам дека ќе ми го искине срцето. Таа ми беше како ќерка. Ѝ дадов сè на таа девојка уште од нејзиното раѓање.

Толку многу пати ги жртвував моите соништа за да ги остварам нејзините. И не зборувам само за материјални добра, бидејќи е лесно да се дадат кога имаш пари, туку за љубов, наклонетост, внимание, почит... Едноставно сè.“

Одлична кариера на Бразилецот

Халк денес има 38 години и неговата кариера е при крај во неговата татковина. Минатата сезона постигна 21 гол и асистираше осум пати во 61 натпревар за Атлетико МГ. Стана познат играјќи за Порто, но по одличните изданија во Португалија, не се одлучи за еден од првокласните европски клубови. Потпиша за руски Зенит во 2012 година, а подоцна замина уште пет години во Кина. Има 49 настапи и 11 голови за бразилската репрезентација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кајли Џенер носеше градник од 50 милиони, „ангелите“ збеснаа

Целиот свет сè уште зборува за познатата ревија на „Викторија Сикрет“, која се одржа во неделата во Лос Анџелес, каде најубавите жени во светот прошетаа по пистата во долна облека на овој популарен бренд.

Кајли Џенер носеше градник од 50 милиони, „ангелите“ збеснаа

Сепак, најголемо внимание привлече „фантазискиот градник“ што го носеше старлетата Кајли Џенер, што предизвика гнев кај дел од јавноста, бидејќи многу искусни модели кои со години работеа на своите манекенски кариери ја делеа пистата со неа.

„Фантастичниот градник“ е украсен со 4.410 природни дијаманти, меѓу кои се издвојува огромен жолт дијамант од 75 карати. На неговото создавање работеле 15 луѓе, а за да се заврши биле потребни повеќе од 1.000 часа работа.

Поради сето ова, како и фактот дека Кајли Џенер не е професионален модел, многумина се прашуваат што стои зад одлуката да ѝ се даде оваа престижна улога.

Моделите протестираат поради Кајли

Според британскиот таблоид Дејли Меил, изборот наводно бил таен договор од нејзината мајка Крис Џенер, додека одлуката била дочекана со ентузијазам од сите модели кои учествувале во ревијата.

Идентитетот на лицето кое ќе го носи овогодинешниот „фантазиски градник“ беше чуван строго во тајност до последен момент, а кога се дозна, некои модели протестираа против изборот.

- Некои од моделите од старата школа не беа особено воодушевени што Кајли беше во центарот на вниманието - изјави извор за Дејли Меил.

- Верувам дека моделите кои со години се големи имиња во светот на модата беа незадоволни, бидејќи не е лесно да се видат помлади девојки како го заземаат твоето место. Освен тоа, Кајли Џенер не е модел, туку милијардерка која изградила бизнис во козметичката индустрија, па сигурна сум дека некои од ветераните помислиле: „Гледај си ја својата работа, девојко!“ - додаде изворот.

Според истите извори, ветераните како Кендис Сванепул и Елса Хоск не изгледаа особено ентузијастични за време на ревијата.

Сванепул го носеше својот „фантазиски градник“ во 2013 година, додека Елса Хоск ја имаше таа чест во 2018 година. Сепак, не се очекува моделите јавно да коментираат за наводното незадоволство.

- Овие жени се премногу паметни за да кажат било што. Тие знаат како функционира медиумскиот свет и се свесни дека Кајли ќе го привлече вниманието на јавноста кон брендот. Но, погледнете ги нивните лица, воопшто не изгледаа среќни - тврди изворот.

Тајниот договор на Крис Џенер

Креативниот директор на „Викторија Сикрет“, Адам Селман, објасни за списанието „Вог“ зошто Кајли Џенер е избрана да го носи луксузниот градник.

Според него, ријалити ѕвездата ги надминува границите на модата, културата, телевизијата и секое индивидуално поле.

- Токму тоа го правиме. Шоуто е голем настан, вистински спектакл и забава, и верувам дека таа е идеалната личност што може да придонесе за тоа. Таа изгради своја култура. Колку луѓе можат да го кажат тоа за себе? - рече Адам Селман.

Сепак, „Дејли меил“ наведува дека зад одлуката Кајли да го носи најскапото парче од шоуто може да стои бизнис договор од нејзината мајка Крис Џенер.

Според овој медиум, нејзината сестра Кендал Џенер, која всушност е модел, моментално има договор со конкурентскиот бренд за долна облека „Интимисми“. Кендал не соработувала со Victoria's Secret од 2018 година.

Очигледно, Крис Џенер, позната по својата вештина во склучување деловни зделки, ги информирала претставниците на Victoria's Secret дека Кајли е достапна како алтернатива на нејзината сестра.

- Кога Кајли пред неколку месеци дознала дека Victoria's Secret ја сака во шоуто, таа веднаш се согласила. Поканата била почестена. Нејзиното учество било добро и за промоција на нејзиниот бренд, бидејќи јасно ставила до знаење дека користи производи од Kylie Cosmetics на пистата, што ѝ овозможило да зборува за нејзината нова колекција Winter Kissed, рекол изворот.

Според истите тврдења, Крис Џенер била особено воодушевена што нејзината ќерка ќе носи дијамантски градник.

- Крис знае како да склучува зделки. Како да рекла: „Ако Кајли ќе учествува во шоуто, тогаш ова ќе биде нејзиниот момент да блесне како принцеза“, додаде изворот.

Се чини дека и Кендал ја поддржала својата сестра. Таа оставила коментар под објавата на Кајли на Инстаграм: „Прекрасна жена!!!“

Немаше никаква нервоза околу одењето рамо до рамо со професионални модели

Кога станува збор за тоа дали Кајли Џенер се чувствувала нервозно одејќи по пистата рамо до рамо со врвни модели, како што се Адријана Лима и Алесандра Амброзио, лице блиско до неа тврди дека тоа не е во нејзиниот карактер.

- Кајли беше многу самоуверена на пистата. Ако има нешто што го има во изобилство, тоа е самодовербата. Никогаш не се откажува, не ѝ е грижа што критичарите мислат за неа и прави што сака. На несигурноста гледа со потсмев и тоа воопшто не ја засега. Не се плаши од ништо во животот - изјавил изворот за Дејли Меил.

Како што додал, Кајли била свесна дека изгледа одлично и дека нејзиниот изглед ќе привлече многу внимание, поради што била возбудена.

- Ако во одреден момент изгледала нервозно, можеби тоа бил само минлив момент на трема на пистата. Вистината е дека има многу малку работи што можат да ја исплашат Кајли - заклучил изворот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на жртви во невремето во Шпанија

Бројот на жртви од бурата Адам и поплавите во Валенсија, Шпанија, се искачи на четири, откако  беа пријавени уште две жртви, соопштија локалните власти.

Расте бројот на жртви во невремето во Шпанија

Тие рекоа дека 450 лица се спасени од поплавената област, а спасувачките операции се спроведуваат во исклучително тешки услови поради срушени патишта и поплави.

Бурата донесе рекордни врнежи од дожд и поплави во регионот Леванте на Иберискиот Полуостров и Балеарските Острови, објави RTVE.

Врнежите од дожд во понеделник беа помеѓу 600 и 700 литри на квадратен метар на јужниот брег на Валенсија и северно Аликанте. Спасувачките екипи и службите за итни случаи остануваат распоредени во најтешко погодените области од невремето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Продолжуваме да го унапредуваме здравството во интерес на граѓаните

Наш приоритет е обновување и унапредување на здравствениот систем. 

Мицкоски: Продолжуваме да го унапредуваме здравството во интерес на граѓаните

Со набавката на 100 нови амбулантни возила правиме значаен чекор кон побрзи и поефикасни интервенции, но продолжуваме да ги решаваме и останатите наследени проблеми.

Во периодот што следи, фокусот ќе биде на нови инвестиции во здравството, вклучително и Клиничката болница во Штип, Здравствениот дом со проширена дејност во Кичево и Клиничката болница во Тетово, проекти што се планира да се финансираат со поддршка на Светската банка и Европската инвестициска банка.

Со конкретни проекти и решавање на проблемите чекор по чекор, продолжуваме да го унапредуваме здравството во интерес на граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер