Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња
1Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња
ЗабаваСандра Булок за позирањето на црвениот тепих: Се обидувам да не правам глупави гримаси (ВИДЕО)Сандра Булок откри дека дури и по една деценија успешна кариера, сè уште не се чувствува удобно на црвениот тепих.Таа зборуваше за непријатноста и паниката што ја чувствува за време на премиерите и свечените настани во разговор со нејзината пријателка Џенифер Анистон, но и за време на други неодамнешни јавни појавувања. Актерката повторно беше во центарот на вниманието поради промоцијата на филмот „Магија 2“, пишува People. „Се чувствувам како срна под фаровите“ Разговарајќи со Џенифер Анистон за списанието Interview, 62-годишната Булок истакна дека ја видела својата колешка од „Магија 2“ Никол Кидман на црвениот тепих „можеби еднаш или двапати“ од нивниот прв заеднички филм во 1998 година. „Секогаш паничам на вакви настани“, се пошегува актерката и продуцентка. „Знаете колку ги „сакам“. Се чувствувам како срна под фаровите, се потам и се обидувам да не правам глупави гримаси“. Добитничката на Оскар објасни дека тешко се справува со својот јавен имиџ и ја нарече 57-годишната Анистон една од нејзините „протеже“. „Уште од детството бев многу повлечена. Ја излудував мајка ми со тоа. Тоа е едноставно дел од мојата личност“, рече таа. Анистон се согласи дека „теписите и интервјуата се најтешкиот дел“, но Булок имаше поинакво мислење. „Всушност, добро ми оди со интервјуата. Проблемот е позирањето“, одговори таа и се пошегува: „Сакам да бидам Зендаја, но никогаш нема да бидам Зендаја. Јас сум како нејзин чистач на чевли. Таа е величествена.“ Долгогодишна борба со стравот на сцената Булок претходно зборуваше за вознемиреноста што ја чувствува на филмските премиери. Во 2018 година, таа откри за InStyle трик што го користи за да ја одржи самодовербата. „Не сум личност што знае како да се „продаде“ пред камерите“, рече таа во тоа време. „Се обидувам да ја канализирам Бијонсе. Секој пат ја правам истата поза.“ Неодамна разговараше за истата тема со Ејми Полер во подкастот Good Hang. „Јас не сум човек за црвениот тепих“, рече Булок, но 54-годишната Полер не се согласи. „Не ни е местото на црвениот тепих“, додаде Булок, опишувајќи го искуството како „кошмар“. „Не е вистина“, одговори Полер. „Ти припаѓаш таму!“. Враќање по паузата Промоцијата на продолжението на филмот „Магија“ го означи враќањето на Сандра Булок на црвениот тепих по години отсуство од јавноста. Актерката се повлече од холивудските проекти додека нејзиниот партнер Брајан Рендал се бореше со амиотрофична латерална склероза (АЛС). Рендал почина во август 2023 година на 57-годишна возраст. „Магија 2“, во кој глумат Никол Кидман, Стокард Ченинг, Дајан Вист, Ли Пејс, Џои Кинг и Мејзи Вилијамс покрај Булок, се прикажува во кината овој четврток, 10 септември.Тагови: Сандра Булок Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамСериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничињаИстрагата опфаќа 1,2 милиони возила на „Ford“ во САД.Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) денеска започна прелиминарна истрага за повеќе од 1,2 милиони возила на „Ford“, по добиени извештаи за ненамерно активирање на страничните воздушни перничиња, што резултирало со сериозни изгореници кај патниците. Како што пренесува Ројтерс, агенцијата соопшти дека примила осум поплаки и четири извештаи за инциденти поврзани со возила од моделот „Ford Explorer“, произведени во периодот од 2021 до 2026 година. Според податоците на „NHTSA“, возачите, патниците на предните седишта, како и некои полициски службеници – кои го користеле моделот „Explorer Police Interceptor“ – се здобиле со изгореници од втор и трет степен откако се активирале страничните воздушни перничиња вградени во седиштата. Покренувањето на прелиминарна истрага претставува прва фаза од регулаторниот процес, во текот на која „NHTSA“ го проценува обемот на проблемот и утврдува дали е потребно дополнително испитување или евентуално повлекување на возилата. Од „NHTSA“ наведуваат дека прелиминарната проценка обично трае до осум месеци. Доколку се појават дополнителни докази, агенцијата може да ја прошири истрагата и, на крајот, да наложи повлекување на возилата. Извор: Б92Тагови: Ford Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕксплозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваатБројот на загинати во експлозија во челичарница во Измир се искачи на најмалку 16, а пријавени се и 13 повредени, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по работници заробени под урнатините.Во изјава по состанокот на кабинетот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека 16 лица ги загубиле животите, а 13 се повредени – од кои двајца потешко – во експлозија во фабрика за железо и челик во Измир, пренесува агенцијата Анадолија. Тој изјави дека одговорните за каква било небрежност во Измир ќе сносат одговорност. Претходно, тој добил извештај за несреќата од министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, кои отпатуваа во Измир. Според „ТРТ Хабер“, во Измир пристигнал и министерот за труд и социјална сигурност, Ведат Ишикхан. Тој најави дека Институцијата за социјална сигурност назначила главен инспектор за истражување на околностите под кои се случила несреќата. Министерот за правда, Акин Ѓурлек, изјави дека е започната истрага и дека на случајот се ангажирани четворица обвинители од Јавното обвинителство во Менемен. 🚨🇹🇷 DEATH TOLL RISES TO SIX AFTER MASSIVE EXPLOSION AT STEEL FACTORY IN İZMİR, TURKEY At least six workers have died following a devastating explosion and fire at the HABAŞ iron and steel factory in Aliağa, İzmir. https://t.co/hL6jzn2JC5 — Nova Intel (@intel_nova) November 9, 2026 Турските власти изразија сочувство до семејствата на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените, напоменувајќи дека спасувачките операции се во тек, а околностите околу несреќата се истражуваат. Експлозијата се случила за време на леење на стопен челик. Експлозијата се случила денеска околу пладне во погон на компанијата „Хабаш“ во областа Бозкој, предизвикувајќи пожар и густ чад над фабриката. Противпожарните екипи го изгаснаа пожарот, додека на местото на настанот беа испратени полиција, медицински персонал и спасувачки тимови. Според првичните информации, до експлозијата дошло за време на леење на стопен челик, кога кран се откачил и паднал во електрична печка. Во соопштение од регионалните власти се наведува дека осум работници останале заробени под урнатините, поради што спасувачките екипи започнале интензивна операција за нивно пронаоѓање. Повредените се пренесени во блиските болници, а едно лице со хеликоптер е префрлено во болница во Измир. Компанијата Хабаш соопшти дека несреќата се случила за време на планирани работи за одржување на една од печките со електричен лак, додавајќи дека повредените добиле итна помош и биле пренесени во болници. Извор: Б92Тагови: експлозија турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штетаПожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, но причинета е материјална штета, соопштија од скопската противпожарна единица. Командатот на единицата Звонко Томески, кажа дека со пожарот зафатени биле индивидуални куќи. Избувнал на кров на двокатна куќа, а потоа поради близината на околните објекти, зафатил делови од уште две други куќи. Интервенирале со девет возила и со 22 пожарникари, кои го ставиле пожарот под целосна контрола. Повреднеи нема, а висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува. View this post on Instagram A post shared by Televizioni Alsat (@alsat.mk) Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook