ФИФА најавува ограничување на мандатот на претседателот - Канал 5

ФИФА најавува ограничување на мандатот на претседателот

Светската фудбалска федерација (ФИФА) најави крупни реформи во својата организација и работа, само неколку денови по неочекуваното повлекување на Сеп Блатер, кој четири дена пред тоа беше одново избран за претседател.

ФИФА најавува ограничување на мандатот на претседателот
Според претседателот на Комитетот за ревизија и усогласување на ФИФА, Доменико Скала, ќе бидат изменети досега „недопирливите“ прашања за мандатот на претседателот, како и за неговата плата.

Ограничувањето во рокот за тоа колку еден претседател на ФИФА може да остане на оваа функција, добива примарно значење, а прв пат ќе се соопштува и колкава е неговата плата, која досега раководството на фудбалската федерација ја криеше од јавноста, изјави Скала за Би-Би-Си.

Сеп Блатер е 17 години на претседателската функција, но тој е дури на третото место според должината на времето поминато на чело на ФИФА.

Во првиот бран од реформи, Скала ги споменува и проверките, што во иднина ќе се прават, за оние кои треба да ги предводат регионалните фудбалски федерации и асоцијации кои се дел од ФИФА. Досега такви проверки раководството во Цирих нема правено, па проверката на „подобноста“ на овие функционери им била препуштана само на регионалните фудбалски тела.

Ова не е првпат, ФИФА и нејзините функционери да најавуваат „темелни реформи“, да ги посочуваат и за нив да гласаат членовите на извршните органи на Федерацијата, но сите потоа, најчесто, остануваа само на хартија или пропаѓаа.

Сегашниве реформи кои се најавуваат од седиштето во Цирих доаѓаат во сосема различна ситуација од сите претходни, затоа што се појавуваат по бурните две недели што темелно ја потресоа ФИФА, откако избувна скандалот со корупцијата во врвовите на Федерацијата.

Американските правосудни власти обвинија 14 поранешни и сегашни функционери за поткуп, рекет и за перење пари преку американски банки, а седумина од нив, по налог на ФБИ, беа уапсени од швајцарската полиција во Цирих и сега чекаат екстрадиција во САД.

Сите се претседатели или високи функционери на федерации и асоцијации од земјите на Централна и Јужна Америка, како и од Карибите. Весникот „Њујорк Тајмс“, кој редовно добива информации од луѓе во истрагата, тврди дека се подготвува обвинение и за Сеп Блатер, но тој засега не е обвинет.

Преку овој весник Американецот Чак Блејзер, поранешен висок функциоенр на ФИФА, кој е еден од тројцата обвинети во САД за неплаќање данок, призна дека прифатил поткуп за да гласа за изборот на Јужна Африка за домаќин на Првенствто во 2010 година, како и дека не бил сам во тоа. Блејзер исто така прифатил да оди „озвучен“ на разговори и средби со своите колеги, што потоа и помогнало на полицијата да го заокружи кругот на осомничените и обвинетите функционери.

Најавите на Доменико Скала за првите од серијата крупни реформи во ФИФА, доаѓаат откако швајцарските весници открија дека и Блатер е влучен во овој процес, затоа што тој останува на функцијата додека не се избере негов наследник. За тоа е потребен вонреден Конгрес на ФИФА, а тој не ќе може да се состане пред крајот на оваа, или почетокот на идната година.

Британската Би-Би-Си открива и дека поранешниот потпретседател на ФИФА, Џек Ворден, кој по напуштањето на фудбалот се префрли во политиката на Тринидад и Тобаго од каде потекнува, изјавил оти е подготвен да зборува и да даде своја верзија за случувањата и обвинувањата кон Светслата фудбалска федерација.

Ворден е еден од обвинетите во операцијата на американските правосудни власти. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Британија постави воен сателит во вселената- „Титанија“ влезе во орбитата на Земјата

Велика Британија доби „нов пар очи“ во вселената откако лансираше нов воен сателит во орбитата, објави Министерството за одбрана.

Британија постави воен сателит во вселената- „Титанија“ влезе во орбитата на Земјата

Титанија е вториот воен сателит што влезе во употреба, по лансирањето на Тајче во 2024 година, а уште два се планирани за блиска иднина.

Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, изјави дека сателитите ќе им овозможат на вооружените сили на Велика Британија „порано да детектираат закани, правејќи ја Велика Британија побезбедна“.

Титанија е со големина на машина за перење и тежи околу 100 кг. Патува со брзина од 27.000 км/ч и кружи околу Земјата на секои 90 минути. Беше лансиран минатиот месец со ракета на SpaceX од Калифорнија.

Сателитите ќе бидат управувани од Вселенската команда на Велика Британија, со седиште во RAF Хај Викомб.

Покрај набљудувањето на Земјата од вселената, Министерството за одбрана тестира и мрежа од вселенски сензори од три локации низ целиот свет. Проектот се нарекува Инарос. „Способноста за набљудување на Земјата од вселената е од суштинско значење и за националната отпорност и за воената предност“, рече главниот воздухопловен маршал Сер Харв Смит, началник на Воздухопловниот штаб.

„Ова ќе биде демонстрирано во годините што доаѓаат со сателитите Тајче и Титанија, заедно со Јуно и Оберон“, додаде тој.

„Ќе ги следиме овие критично важни сателити со најсовремена технологија од целиот свет, вклучувајќи ги и нашите сензори Инарос, за да се осигураме дека нашите вооружени сили можат да се борат и да победуваат каде и да се.“

Титанија е дизајнирана и изградена во Хемпшир, како дел од партнерството помеѓу Лабораторијата за одбранбена наука и технологија (Dstl) и BAE Systems.

Британскиот министер за одбрана нагласи дека сателитите Титанија и системот Инарос се „изградени и дизајнирани во Велика Британија“ и дека се поддржани од „повеќе од 3 милијарди фунти инвестиции во вселенски капацитети“.

Секретарот Стритинг рече дека проектите ќе значат „висококвалификувани работни места низ Велика Британија, посилна индустриска база и побезбедно Обединето Кралство“.

Соопштението доаѓа кратко време по откривањето на првата вселенска ескадрила на Велика Британија. Шефот на RAF рече дека вселената „станала домен на војување, без разлика дали ни се допаѓа или не“.

Ризикот беше илустриран минатиот месец кога руски воен сателит се приближи опасно до комерцијален сателит, што некои експерти го сметаат за проба за напад.

САД неодамна за прв пат потврдија дека распоредиле оружје во вселената за да се заштитат од „непријателска акција на противникот“.

Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, сака да изгради систем за ракетна одбрана „Златна купола“ составен од копнени системи и „вселенски сензори и пресретнувачи“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца патници загинаа во автобуската несреќа во Хрватска, 27 се повредени - се преврте автобус на „Ниш експерес“

Министерката за здравство на Хрватска, Ирена Хрстиќ потврди дека шест лица се тешко повредени во тешката автобуска несреќа на автопатот А3, додека 27 лица се класифицирани како полесно повредени на местото на несреќата. 

Двајца патници загинаа во автобуската несреќа во Хрватска, 27 се повредени - се преврте автобус на „Ниш експерес“

Двајцата возачи на автобус се меѓу повредените, но сè уште не е познато колку се сериозни нивните повреди. Двајца патници загинаа во несреќата, објави Индекс.

Сите повредени се пренесени во болниците во Загреб

Веднаш по пријавата, на терен беа испратени девет екипи на Итна медицинска помош, шест од Загрепската жупанија, две од Сисак-Мославина и еден хеликоптер на Итна медицинска помош.

Според првичната тријажа, пет лица имале тешки повреди, а уште едно лице е пренесено со хеликоптер. Две тешко повредени лица се пренесени во КБЦ Сестре милосрднице во Виноградска, едно лице во Клиниката за трауматологија во Драшковиќева и две во КБЦ Загреб.

„Важно е да се нагласи дека сите тешко повредени лица се примени во болниците во рок од еден час за понатамошни прегледи и лекување“, истакна Хрстиќ.

Останатите 27 лица, кои беа класифицирани како полесно повредени на местото на несреќата, беа пренесени со амбулантно возило или со полициска придружба во пет болници во Загреб за понатамошни прегледи. Тоа се Загрепската болница, Болницата „Сестри на милосрдието“, Болницата „Дубрава“, Болницата „Меркур“ и Клиниката за трауматологија во Драшковиќева.

Министерот нагласи дека сите учесници во несреќата се испратени на болнички прегледи.

Автобусот излетал од автопатот и се превртел

Тешката несреќа се случила утрово околу 7:25 часот на 61-от километар од автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички излетал од патот и се превртел на страна.

Според досега достапните информации, во автобусот имало 35 лица, вклучувајќи 33 патници и двајца возачи. На местото на несреќата биле испратени и пожарникари, кои учествувале во спасувањето на жртвите и спречувањето на евентуален пожар.

Вицепремиерот Томо Медвед го посети местото на несреќата и разговараше со помладите патници во автобусот.

„Се сретнавме со помлади луѓе кои беа патници во автобусот. Јасно е дека се под стрес. Ги охрабривме и за нив беше соодветно згрижено“, рече Медвед.

Тој додаде дека полицијата ги утврдува идентитетите и националностите на патниците и дека ќе се координира со надлежните амбасади доколку е потребно.

Причината за автобуската несреќа сè уште не е позната. Полицијата спроведува истрага која ќе ги утврди сите околности на слетувањето и превртувањето на автобусот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)

Неверојатна сцена беше видена во аргентинскиот фудбал, каде што навивачите на Росарио Централ истрчаа на теренот за да го прослават освојувањето на трофејот, убедени дека нивниот тим станал шампион на табелата за годината. 

Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)

Сепак, прославата беше прерана, бидејќи Бока Јуниорс постигна гол во 96-тата минута со кој ја освои титулата.

Во последниот натпревар од сезоната Клаусура, Росарио Централ го победи Естудијантес де Рио Куарто со 2-0, со што стигна до 62 бода на вкупната табела, која ги вклучува резултатите од двата кратки шампионски циклуси (Апертура и Клаусура).

Играчите и навивачите веруваа дека ова е доволно за да го освојат новововедениот трофеј, бидејќи Бока Јуниорс играше против Дефенса и Хустиција во исто време, а резултатот беше 0-0 до крајот на судиското продолжение.

Фудбалерите на Росарио се собраа околу своите мобилни телефони за да го следат финалниот натпревар на нивниот најголем ривал. Убедени дека нивната работа е завршена и дека Бока повеќе не може да ги престигне, навивачите истрчаа на теренот и почнаа да слават со играчите.

Сепак, следеше целосен пресврт. Енер Валенсија постигна гол против Дефенса и Хустисија во 96-тата минута, со што Бока победи со 1-0 и вкупно 63 бода на вкупната табела, еден повеќе од Росарио.

Така, трофејот отиде кај Бока Јуниорс, а капитенот Леандро Паредес имаше чест да го подигне пехарот што само неколку минути претходно навивачите на Росарио веќе го сметаа за свој.

- Веќе немам зборови да опишам што доживувам и чувствувам. Морав да верувам. Знаев дека ќе напаѓаме до самиот крај на натпреварот, до последната секунда. Не беше среќа, туку континуитет и работа. Го заслуживме ова и успеавме - рече Паредес.

Двата тима се квалификуваа за плејофот на Клаузура, кој ќе започне по паузата за меѓународни натпревари. Бока Јуниорс го очекува и финалето на Копа Судамерикана против бразилскиот тим Атлетико Минеиро, закажано за 21 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер