ВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет се уште е член на Централниот одбор на СДС
2ВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет се уште е член на Централниот одбор на СДС
ФудбалФИФА може да го суспендира Бразил од меѓународните натпреварувања Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја предупреди Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) на можни санкции, вклучително и суспензија од учество на меѓународни натпреварувања, поради потенцијално мешање во изборот на новиот шеф на организацијата.ФИФА е загрижена поради претстојните избори на претседателот на ЦБФ кои се закажани за јануари 2024 година. ФИФА смета дека одлуката е неоснована и се заканува со санкции кон конфедерацијата, вклучително и отстранување на бразилската репрезентација од учество на меѓународни турнири. Евентуална казна ќе влијае на учеството на бразилската репрезентација во јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година и Копа Америка 2024 година. На 7 декември, судот во Рио де Жанеиро го суспендираше претседателот Едналдо Родригез да работи за „CBF“ поради изборни нерегуларности минатата година. ФИФА оваа одлука ја смета за кршење на сопствената повелба за немешање на владините тела во работата на фудбалските сојузи на земјата. Родригез (69) ја извршува својата функција од 25 август 2021 година. Првата година по неговото назначување, тој беше вршител на должноста шеф на организацијата, а на 23 март 2022 година беше потврден за 24-ти претседател на ЦБФ. По отстранувањето на Родригез од функцијата, Хозе Пердиз де Хесус стана нов вршител на должноста шеф на „CBF“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
ФудбалМбапе ја напушти репрезентацијата поради повреда, Зидан со лоша прогноза Килијан Мбапе ја напушти француската репрезентација со повреда на коленото здобиена во победата од 1-0 против Турција во првото коло од Лигата на нации. Францускиот капитен го постигна единствениот гол на натпреварот, но се повреди и мораше да го напушти натпреварот во 58-та минута. Мбапе веднаш побара медицинска помош по шутот што го постигна. Накратко се врати на теренот, но набрзо повторно заврши на тревникот и повеќе не можеше да го продолжи натпреварот. Францускиот штаб потоа објави дека има повреда на тетивата и ќе се врати во Мадрид на лекување. „Нема да ризикуваме“ „Не изгледа добро. Мислам дека ќе мора да се врати. Нема да ризикуваме. Има хиперекстензија на коленото“, рече францускиот селектор Зинедин Зидан по натпреварот. Затоа, Франција ќе ги игра следните натпревари од Лигата на нации против Белгија и Италија без својот капитен. Повредата се случи во многу незгодно време за Зидан. Натпреварот против Турција беше негов прв на француската клупа откако го наследи Дидие Дешан по Светското првенство. Неколку дена претходно, Мбапе изјави дека неговата соработка со Зидан изгледа „како филм“, а новиот тренер го остави во улогата на капитен на националниот тим. Франција е во групата А1 со Турција, Белгија и Италија. По победата во Турција, ќе следи посета на Белгија, потоа домашни натпревари против Италија и Белгија, додека последните две кола ќе се играат во ноември против Италија и Турција.Тагови: Килијан Мбапе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМеѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САДМеѓународниот кривичен суд (МКС) презеде низа чекори за да се заштити од потенцијални сеопфатни санкции од страна на Соединетите Американски Држави, изјави денес заменик-обвинителката на МКС, Наџат Шамим Кан.„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите системи во текот на изминатата година, вклучително и префрлање од канцеларискиот софтвер на „Мајкрософт“ на германскиот софтвер со отворен код „ОпенДеск“, како и алтернативни решенија за здравствено осигурување на вработените и банкарски услуги. Фајненшл тајмс соопшти дека судот им исплаќал плати на вработените со месеци однапред за да ги ублажи сите потенцијални прекини во плаќањата. Порано оваа недела, „Ројтерс“ објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвила санкции против целиот Меѓународен кривичен суд и планирала наскоро да ги објави. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет се уште е член на Централниот одбор на СДСНа Венко Филипче и СДС не може да им се верува за ништо.Рубин Земон кој беше член на Извршниот одбор на СДС пролетва излезе во јавност со тврдење дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и оти не е важен за македонскиот идентитет. По критиките кон него како член во највисокиот партиски орган, а и критики кон претседателот на СДС Венко Филипче, Земон излезе во јавноста и рече дека се повлекува од ИО на СДС бидејќи не сака да и нанесе штета на партијата. Сега истиот тој Земон беше на седницата на Централниот одбор на СДС која се одржа во четвртокот вечерта. Очигледно се што прават Земон и Филипче е лажење на граѓаните и ништо повеќе. Со терање на ваква политика СДС само тоне, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook