ФИБА се уште е против АБА лигата каде што игра МЗТ Скопје - Канал 5

ФИБА се уште е против АБА лигата каде што игра МЗТ Скопје

Европската кошаркарска асоцијација (ФИБА) се уште нема дадено дозвола за продолжување на регионалната АБА Лига и покрај постигнатиот договор во вторникот, во Загреб, по што се чинеше дека кризата е завршена.

ФИБА се уште е против АБА лигата каде што игра МЗТ Скопје

Екипите кои се дел од ова натпреварување, меѓу кои е и македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром, станаа целосни сопственици на лигата. Со тоа се надеваа дека ќе им биде симната забраната од страна на ФИБА, но од континенталната федерација на кошарката доаѓаат најави дека нема да го поддржат договорот од Загреб.

ФИБА ќе даде дополнителен рок до 29 јуни, кога клубовите повторно во Загреб ќе треба да потпишат нов договор кој ќе биде прифатлив за европската куќа на кошарката. Доколку не биде дадена дозвола за лигата, а клубовите решат да играат, националните федерации ќе бидат исфрлени од ФИБА, што значи дека нема да бидат дел од Европското првенство, кое се игра во септември.

Од МЗТ најавија дека клубските потреби нема да ги стават пред државните и дека нема да дозволат македонската репрезентација да го пропушти еврособирот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поради процесот Брдо-Бриони во Охрид и Струга посебен режим на сообраќај

Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што денес и утре ќе се одржи во Охрид, од денеска во Охрид и Струга, на сила се засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај, информираат од МВР.

Поради процесот Брдо-Бриони во Охрид и Струга посебен режим на сообраќај

Станува збор за активности насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците, објектите и локациите опфатени со протоколот за посета. Полициските станици за безбедност во патниот сообраќај во Охрид и Струга, на трасите предвидени за движење на возилата под придружба, интензивно спроведуваат мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот во двата града, особено по булеварот „Туристичка“ во Охрид, на дел од автопатот Охрид-Кичево, во централното градско подрачје во Струга, по регионалниот пат Струга Струга-Дебар, како и по други улици и сообраќајници каде што нема да биде дозволено запирање и паркирање моторни возила. Тука, предвидени се краткотрајни застои во сообраќајот кои ќе трааат до поминување на возилата со кои се превезуваат учесниците на средбата. Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности на терен, СВР Охрид навремено воспостави контакти и координација со службите на локалната самоуправа, со правните субјекти задолжени за одржување на патиштата и улиците, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици во општините Охрид и Струга, јавните претпријатија и други релевантни институции. Апелираме до граѓаните-возачи на патнички и други моторни возила, да ги почитуваат насоките на полициските службеници на терен, со цел непречено одвивање на сообраќајот и безбедноста на сите учесници а своите возила, да ги користат само во неопходни случаи во периодот на спроведување на мерките, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Атрактивна спортистка позираше само во пешкир по сауната

Германската атлетичарка Алика Шмит повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи, откако сподели со своите следбеници фотографија направена веднаш по опуштањето во сауната.

Видео-фото: Атрактивна спортистка позираше само во пешкир по сауната

28-годишната атлетичарка објави фотографија на својата приказна на Инстаграм на која позира облечена само во крпа.

Посебно внимание привлече сцената во позадина, бидејќи зад неа се протегаше импресивен планински пејзаж.

Заедно со фотографијата, таа накратко напиша „Поглед по сауната“, односно погледот по сауната.

Како што се очекуваше, објавата брзо предизвика бројни реакции од нејзините следбеници, кои го изразија своето воодушевување од коментарите.

Имаше и реакции од колегите спортисти, кои исто така ја забележаа нејзината нова објава.

Алика Шмит одамна е позната надвор од атлетскиот свет.

Германската претставничка настапи на Олимписките игри во Париз во 2024 година, каде што ја претставуваше својата земја во штафетното натпреварување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Градскиот ѕид со нова урбана опрема, поставени вкупно 68 клупи во строгиот центар

Општина Центар го заокружува уредувањето со нова урбана опрема долж Градскиот ѕид. Деновиве активностите го опфатија потегот од улицата „Македонија“ до Соборниот храм и внатрешниот простор кај „Агромеханика“. 

Герасимовски: Градскиот ѕид со нова урбана опрема, поставени вкупно 68 клупи во строгиот центар

Во оваа фаза се поставени 48 клупи и 39 корпи за отпадоци. Заедно со клупите поставени во првата фаза на пешачката патека на улицата „Даме Груев“ и кај Зелено пазарче, вкупниот број изнесува 68.

Клупите се со различен дизајн, стандарден и модерен, што придонесува за подинамичен и попријатен градски амбиент. Во исто време, граѓаните можат да се одморат, да седнат, да поразговараат и да уживаат на отворено кога временските услови го дозволуваат тоа.

„Се стремиме улиците во Центар да добијат современ европски изглед, но и да ја задржат хуманата димензија. Да бидат места каде што секој ќе може да се одмори за момент, да земе здив и да помине пријатни моменти, а не само да протрча низ градот“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Тој упати апел до граѓаните совесно да ја користат и чуваат новата урбана опрема.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер