Fiat Chrysler и Peugeot се спојуваат во автомобилски концерн Stellantis

Италијанско-американската групација Fiat Chrysler Automobiles  и француската Groupe Peugeot S.A. го запечатија своето долгоочекувано спојување во новиот автомобилски концерн Stellantis, четврта по големина автомобилска групација во светот.

„Стелантис има„ доволно длабоки џебови за да го финансира преминот кон електрични возила и да ги нападне поголемите ривали Тојота и Фолксваген“, пишува агенцијата, додавајќи дека за финализирање на договорот за спојување од 52 милијарди долари, италијанско-американските и француските производители на автомобили траеја повеќе од една година.

Акциите на „Stellantis“, предводена од сегашниот извршен директор на PSA, Карлос Таварес, ќе се тргуваат во понеделник во Милано и Париз, а во вторник во Њујорк.

Аналитичарите сега работат на тоа како Таварес планира да се справи со огромните предизвици на групата, од прекумерните капацитети до слабите перформанси во Кина, за кои Таварес се надева дека ќе се дискутира на првата прес-конференција на извршниот директор во вторник.

FCA и PSA процениле дека Stellantis може да ги намали годишните трошоци за повеќе од 5 милијарди евра (6,1 милијарди долари) без да ја затвори централата, а инвеститорите се исто така заинтересирани за акциониот план на Таварес и други детали, вклучително и трансформацијата на опсегот на електричните автомобили,оживување на заостанатото богатство на групата во Кина, рационализирање на нејзината огромна глобална империја и справување со големите прекумерни капацитети.

Автомобилскиот концерн Stellantis ќе ги вклучи сите 14 брендови на автомобили FCA и PSA под еден покрив,пишува Ројтерс.

Снимката која ја објави ќерката на Балашевиќ го расплака Балканот

„Најмногу го сакам татко како тато“, вели малечката Лола на снимката.

Лола Балашевиќ, најстарата ќерка на Ѓорѓе Балашевиќ, е неутешна по татковата смрт и на Инстаграм со своите следбеници сподели снимка со сестрата и родителите која настанала на крајот од осумдесеттите или на почетокот на деведесеттите години од минатиот век.

На снимката се Ѓорѓе, Оливера, Беба и Лола, а двете девојчиња зборуваат за љубовта кон својот татко и она што сакаат да бидат кога ќе пораснат.

„Најмногу го сакам татко како тато“, вели малечката Лола на снимката, а истата реченица ја сподели и во описот на видеото.

Стотиците нејзини следбеници не ги допре толку снимката колку плачењето и издишувањето на Лола Балашевиќ кои се слушаат во позадина.

Многумина и напишаа дека плачат додека ја гледаат снимката.

Снимката на Инстаграм е прегледана повеќе од 50 илјади пати.

Електричен автомобил кој чини само 4.500 долари

Бројот на продадени примероци од евтиниот кинески електричен автомобил со вена од 4.500 долари, го надмина бројот на продадени Тесла автомобили во Кина.

Овој многу компактен автомобил се покажа како вистински хит и на кинескиот автомобилски произведувач „SAIC“ му донесе голем приход.

„Hong Guang Mini EV“ со значката на „Wuling“ во Кина, се произведува во соработка со американскиот произведувач на автомобили „General Motors“.

Само во минатиот месев бројот на продадени автомобили од овој тип е двојно поголем во споредба, со бројот на продадени Тесла автомобили.

Иако најпопуларен е моделот кој чини 4.500 долари, со доплата од околу 500 долари може да се добие модел кој има вграден клима уред.

Според експертите, иако заостанува зад Тесла во смисла на квалитетот ,големината и дометот затоа што со едно полнење поминува само 160 километри (сосема доволно за во град), малиот електричен автомобил тоа го надополнува на полето на цената и компактноста.

Малиот автомобил може да се паркира било каде и е практичен за големите и пренатрупани кинески градови.

Малиот електромобил се продал во 25.778 примероци само во јануари, додека Тесла, за споредба, продала 13.843 автомобили.

Иако е голема разликата во бројот на продадени автомобили, продажбата на електромобили од повисока класа е во пораст во Кина, каде компанијата Тесла само во минатата година ја зголемила продажбата за двојно.

Италија ги заострува мерките заради новите видови корона

Италијанската влада денес ги заостри рестриктивните мерки во пет од 20 региони во обид да го спречи брзото ширење на инфекцијата со коронавирус, особено на многу заразните нови варијанти.

Италија воведе систем со четири зони во зависност од раширеноста на инфекцијата (бела, жолта, портокалова и црвена), што овозможува прилагодување на рестриктивните мерки, а ситуацијата се проценува секоја недела.

За прв пат од крајот на јануари, два региона, Базиликата и Молизе, се класифицирани како црвени зони.

Тоа значи дека тие треба да ги затворат баровите и рестораните, строго да го ограничат движењето на луѓето и да затворат се, освен неопходните продавници.

Три региони се префрлени од жолто во портокалова зона, Ломбардија и Пиемонт, кои ги вклучуваат Милано, Торино, соодветно и централниот крајбрежен регион Марке.

Во овие региони, рестораните и баровите се затворени, освен за достава, на луѓето не им е дозволено да ги напуштаат своите градови, освен во итни случаи, поради работа или поради здравствени причини.

Сардинија е првиот регион прогласен за бела зона и има само минимални ограничувања.

Од понеделник, два региона ќе бидат црвени, девет портокалови, осум жолти и еден бел.

Министерството за здравство во петокот предупреди дека бројот на заразени продолжува да расте. Во изминатите 24 часа имало 20.499 новозаразени, а во претходниот ден регистрирани биле 19.886 случаи.

Во последните пет дена, бројот на новозарезени се зголемил за 35 отсто во однос на истиот период минатата недела.

Италија објави 253 смртни случаи од коронавирус во петокот, а 308 ден претходно.

Со регионални ограничувања, спортските сали остануваат затворени скоро низ целата земја, а работното време на баровите и рестораните е ограничено.

Мерките скоро сигурно ќе останат на сила и по Велигден на 4 април.

Министерот за култура Дарио Франческини рече дека владата се уште размислува да за отворање на кината и театрите во жолтите зони од 27 март.

притисни ентер