11 возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие – осум управувале без возачка дозвола, тројца под дејство на алкохол
111 возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие – осум управувале без возачка дозвола, тројца под дејство на алкохол
Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
ФудбалФФМ со проект на УЕФА го развива женскиот фудбал во МакедонијаФудбалската федерација на Македонија почна со проектот на УЕФА за поддршка и развој на женскиот фудбал наречен „Free Kicks“.Во првата фаза од проектот беше имплементирана едукација за практичен развој, со која беа опфатени 35 тренери кои веќе работат во женски фудбал, или би сакале да разботат со женски фудбал во иднина. - Инструкторот на УЕФА Ана Сињол, која втор пат е во Македонија како експерт за развој на женски фудбал имаше задача во двата дена од семинарот на присутните тренери да им го пренесе своето искуство во модерните фудбалски техники преку теоретска и практична работа, информираа од ФФМ. Повеќе од половина од учесниците на семинарот беа потенцијални женски тренери, од кои голем дел се уште се активни играчи во Првата лига, како и во женската А репрезентација. - Многу ми е мило што повторно сум во Македонија, и по само еднa година можам да забележам голем напредок. За разлика од семинарот кој се одржа минатата година, овој семинар е многу попосетен и вистинско освежување е што се присутни толку многу жени. Тоа покажува дека жените можат да препознаат можност за развој на својот кариерен пат во фудбалот и по завршувањето на активната кариера како играчи. Верувајте дека не е лесно да се дојде до успех и дека тоа не се постигнува преку ноќ. Секогаш кога ќе видите дека некоја женска селекција направила исчекор, бидете сигурни дека позади тоа стојат многу посветени луѓе кои вложиле илјадници часови напорна работа, истакнува Сињол. Темите и содржините кои беа презентирани од страна на Сињол беа во контекст на реалните ситуации и барањата на екипите во женскиот фудбал во Македонија, како и во контекст на заштита и привлекување на играчи во младинските екипи на женските клубови со што ќе се овозможи континуитет во работата на клубовите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија11 возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие – осум управувале без возачка дозвола, тројца под дејство на алкохолВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации на територијата на државата, полициски службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од нив, осум управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Д.С.(22) од Скопје, И.Л.(47) од село Батинци, скопско, Д.А.(30) од село Порој, тетовско, С.А.(19) од Гостивар, Џ.Р.(31) од Радовиш, Р.Е.(21) од село Раклиш, радовишко, А.Х.(47) од Струга и А.М.(31) од село Лисичани, кичевско. Исто така, во Гостивар бил извршен службен разговор со 16-годишник кој управувал патничко возило без претходно да се стекне со право на управување, во присуство на родител. Тројца возачи управувале патничко возило под дејство на алкохол, при што претходно учествувале и во сообраќајни незгоди. Станува збор за С.С.(43) од село Биљановце, кумановско, Х.Ј.(39) од село Драмче, кичевско, и Д.Ц.(31) од село Осиче, кривопаланечко. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или доколку имаат изречена забрана за управување со моторно возило. Одговорното однесување на секој учесник во сообраќајот е од суштинско значење за спречување на сообраќајни незгоди, заштита на човечките животи и создавање побезбеден сообраќај.Тагови: дејство на алкохол Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоведена постапка за злоупотреби во електронскиот систем на Универзитетот во ШтипПријавените, во својство на службени лица – вработени во Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип ја искористиле службената положба со што прибавиле за себе поголема материјална корист.Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против две лица поради сомненија дека како соизвршители сториле кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Компјутерска измама според член 251-б став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Пријавените, во својство на службени лица – вработени во Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип ја искористиле службената положба со што прибавиле за себе поголема материјална корист. Во периодот од 2021 до 2026 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени должности и овластувања, второосомничената, вработена како референт за студентски прашања на еден од факултетите, по добиени насоки од првиот осомничен раководител на Секторот за ,,Е-Индекс”, внесувала во информатичкиот систем на Универзитетот невистинити податоци. Со незаконити дејствија на менување, бришење или прикривање на податоците во базата за електронски индекс пријавените предизвикувале невистинити резултати при електронската обработка и преносот на податоците, а за сметка на тоа се стекнувале со материјална корист која во моментов се проценува на 21.000 евра. Јавниот обвинител до судијата на претходна достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.Тагови: Штип Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
Свет На изборите во САД демократите обезбедија мнозинство и во Претставничкиот дом и во СенатотДемократите победија на меѓуизборите во САД и од јануари ќе го преземат мнозинството и во Претставничкиот дом и во Сенатот на американскиот Конгрес, покажуваат прелиминарните изборни резултати.Со победи во Тексас, Ајова, Канзас и Јужна Каролина, демократите досега освоија 53 места во Сенатот, наспроти 42 за републиканците, со што го обезбедија мнозинството во горниот дом на Конгресот. Демократите водат и во Претставничкиот дом, каде засега имаат 220 места, наспроти 127 за републиканците. Според американските медиуми гласањето прерасна во своевиден референдум за политиките на Доналд Трамп, кого многу гласачи во САД го сметаат за одговорен за растот на цените и за влошената економска состојба. Сепак, Трамп иако ја честиташе неофицијалната победа на демократите во исто време за поразот ги обивни и дел од медиумите, како Фокс њуз кои важат за блиски до републиканците, поради како што рече тоа што имале многу гости од демократите. „Малку сум изненаден, мислев дека ќе направиме подобри резултати. Како што знаете, правото на вето е едно од најсилните овластувања што ги има претседателот. Ќе ми испраќаат неразумни предлози, а јас ќе ставам вето. И по неколку месеци ставање вето, ќе ми се јават и ќе ме прашаат како да ги средиме овие работи, па ќе ги решиме работејќи заедно. Имам многу пријатели кај демократите, верувале или не.“ изјави Доналд Трамп. Поранешниот американски претседател Барак Обама ја поздрави победата на демократите, оценувајќи дека гласачите испратиле јасна порака оти сакаат политика што обединува и лидери што нудат конкретни решенија. Едно од најзначајните појавувања во кампањата беше покрај прогресивниот демократ Абдул Ел-Сајед, кој ја освои трката за американскиот Сенат во Мичиген, станувајќи првиот муслиман избран во горниот дом на Конгресот. „Мичиген, успеавме! Јас се викам Абдулрахман Мохамед Ел-Сајед и чувствувам огромна гордост и чест што стојам овде како ваш новоизбран сенатор од големата сојузна држава Мичиген. Можеби сте забележале дека сè до овој момент секогаш велев ‘иншала’, односно ‘ако даде Бог’, секогаш кога ќе се споменеше исходот од оваа трка. Но денес, вечерва, тоа ‘иншала’ можеме да го претвориме во ‘алхамдулила’, односно ‘фала му на Бога’.“- изјави Абдулрахман Мохамед Ел-Сајед. Аналитичарот Џефри Сакс оценува дека изборниот исход значително ја ослабнал политичката позиција на Трамп, ќе му создаде проблеми, но и може да отвори нов простор за дипломатски решенија за Иран и Украина. „Неговата способност да управува со настаните сега е драматично помала отколку што беше вчера. Пораката до него е јасна и категорична. Во таа смисла, тоа е важно. Дали ќе се налути? Не сум психолог за да кажам. Мислам дека е интересно што веднаш рече дека ги прифаќа резултатите и дека ќе соработува со демократите. Ова е невообичаено за Трамп. Но, во американската политика, ова значи дека е крај на трампизмот. Тоа е она што е важно. изјави - Џефри Сакс. Победата на демократите значи нов политички баланс во Вашингтон и значително потешки последни две години од мандатот на Трамп, со посилна контрола врз неговата администрација, можни конгресни истраги и поголеми пречки за спроведување на неговите политики.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook