ФФМ го одржа редовното генерално Собрание

 Фудбалската федерација на Македонија денес го одржа редовното генерално Собрание на кое присутните делегати го усвоија извештајот на претседателот и Управниот одбор на ФФМ за 2022 година.

Највисокото тело на федерацијата ја усвои завршната сметка за минатата година и буџетот на федерацијата за идната година, а беше усвоен извештајот на независниот ревизор. Делегатите на Собранието едногласно ги усвои извештајот од Администрацијата на ФФМ за исполнување на стратегискиот план 2021-2025, а беше усвоена и Стратегијата за социјална одржливост.

Работниот дел од денешното Редовно Собрание на ФФМ го следеа претставници на УЕФА и ФИФА. Денис Бастари, претставник на одделот за Национални асоцијации ја претставуваше УЕФА, додека Елкан Мамадов и Лоренцо Каваљари беа претставници на ФИФА.

Претседател на ФФМ, Муамед Сејдини најави продолжување на политиката на вложување во инфраструктурата со ставање акцент на тренинг-центарот „Петар Милошевски“.

- За федерацијата и понатаму стратешки важно е вложувањето во инфраструктурата. До сега вложувавме во терени насекаде низ Македонија, но она што е важно да се нагласи е дека во наредниот период ќе работиме на подобрување на условите и на нашиот тренинг центарот „Петар Милошевски“. Со Управниот одбор ќе ја донесеме најдобрата одлука и мислам дека во наредниот период ќе можеме и поконкретно да зборуваме за тоа. Поентата не е само да се фотографираме, туку да ги покажеме конкретните чекори кои ги преземаме. Преку стратешки и проектен пристап, се подобрува фудбалската инфраструктура насекаде низ државата, градиме и уредуваме нови и постоечки стадиони, трибини и услови за тренинг, изјави меѓу другото Сејдини.

Претставниците на ФИФА и на УЕФА дадоа поддршка на ФФМ и ветија и изразија надеж дека средствата кои ќе ги доделата на нашата федерација ќе се искористат ефикасно и во насока на развој на фудбалот.

Во Јапонија е претставена новата Хонда Акорд (ВИДЕО)

На крајот на 2022 година, Honda премиерно ја претстави новата генерација на седан во Америка и Кина, која Европа нема да ја види.

Штета, бидејќи Акорд отсекогаш имал значителен број верни фанови. Во меѓувреме, Honda го лансираше новиот Accord, кој на домашниот јапонски пазар сега пристигна со препознатлив изглед, но и со нови технологии.

Визуелно идентично со американската верзија, новиот Accord се дистанцира со погонот. Јапонците можат да ја изберат само верзијата e:HEV, што значи дека се работи за хибрид кој само се полни. Комбинира бензински мотор 2.0, два електромотори и CVT менувач. Техничките податоци не се познати, но добро е да се знае дека подеднакво моторизираниот Civic има 184 КС и 315 Nm.

Друг интересен детал е приспособливиот ротирачки прекинувач на централната конзола што ги заменува традиционалните контроли. Honda го нарекува „Experience Selection Dial“ и веќе го нуди на кинеската верзија на моделот. Може да се користи за контрола на аудио системот, климатизацијата, осветлувањето итн.

Да го споменеме и 12,3-инчниот инфозабавен екран со технологија „Google Built-in“ и системот за помош Honda Sensing 360 ADAS од безбедносен аспект.

Првите испораки на моделот се очекуваат на почетокот на следната година.

Зоран Арсовски –Бабата избран за претседател на стручното жири на Меѓународно биенале во Русе

Академскиот современ визуелен уметник Зоран Арсовски – Бабата избран за  претседател на стручната жири комисија на lX Меѓународно биенале на минијатура “Уметноста на минијатурата” која ќе се одржи во Русе, Бугарија.

На покана од “Уметничката Галерија Русе” – Бугарија, Македонскиот современ академски визуелен уметник Зоран Арсовски – Бабата ќе биде претседател на стручната жири комисија на lX Меѓународно биенале на минијатура “Уметноста на минијатурата”. Жирирањето ќе се одржи во периодот од 28 – 30 септември 2023 година во Русе, градот на реката Дунав во Бугарија. Организатори на овој Меѓународен биенален настан на минијатура се “Уметничката Галерија Русе” – Бугарија, од каде најавуваат многу силна конкуренција на веќе пристигнатите уметнички дела на уметници од целиот свет. Ова е еден од најзначајните настани за уметноста на минијатурата, којашто по својата тежина е една од најтешките дисциплини во уметноста бидејки бара многу прецизност и уметничка креативност, која носи силни пораки коишто многу кажуваат на малото сликарско платно. Арсовски во последните неколку години имаше свои самостојни проекти и изложби на минијатури во повеќе држави пред меѓународната јавност кои беа изложени во повеќе познати Уметнички Галерии коишто привлекоа големо внимание и оставија силен впечаток на пошироката јавност. За творештвото на Арсовски се напишани бројни рецензии и уметнички критики од страна на стручните домашни и странски историчари на уметноста, кои го следат неговиот уметнички пат и го препознаваат преку многубројните современи, концептуални изложби преку кои тој ги пренесува неговите пораки кои живеат на уметничкото платно, со оригинален и препознатлив сопствен стил. Тој досега има реализирано 15 самостојни изложби и учествувано на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, уметнички фестивали и симпозиуми во земјава и странство.

За својата работа има добиено повеќе награди, признанија и дипломи, се наведува во соопштението од уметникот.

Десетици ученици се отпишале од училиштето во Белград, каде Коста К. направи масакр

Од почетокот на учебната година од ОУ „Владислав Рибникар“ се отпишале 60 ученици, откако на почетокот на мај се случи трагедија без преседан во поновата историја на Србија, изјави српската министерка за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ.

На 3 мај во училиштето се случи масовно убиство кога тринаесетгодишниот ученик Коста К. со пиштолот на својот татко на првиот час уби чувар и девет ученици, а тешко рани уште пет соученици и наставничка.

„Мораме да разбереме дека децата, чии пријатели, браќа, сестри повеќе не се таму, не можат да одат во тоа училиште“, изјави Ѓукиќ Дејановиќ за новинарите во Белград. Таа изјави дека денес училиштето има повеќе од 1.000 ученици и „целата помош и поддршка од државата“.

Учебната година во Србија започна овој септември со контроверзи околу тоа дали по масовното убиство во Рибникар државата ги презела сите мерки децата во училниците да се чувствуваат безбедно и безгрижно, а нивните родители да бидат спокојни.

Од почетокот на учебната година полициски службеници дежураат во сите училишта, а Министерството за образование на сите училишни управи им испратиле упатства за работа, особено во однос на безбедноста на учениците. Учениците од петто до осмо одделение добиле и нова воннаставна активност, а предметот е наречен Доблести и вредности како животен компас.

13-годишниот ученик, кој по злосторството сам се пријавил во полиција, се уште е под надзор во специјализирана психијатриска установа, а неговиот татко, чиј пиштол бил употребен за извршување на убиството, е во притвор.

Полицијата го уапсила таткото за тешко кривично дело против општата безбедност, откако било утврдено дека синот го носел на стрелишта на вежбање стрелање, а двата пиштоли и муницијата за кои поседувал соодветни дозволи, ги оставил во сеф достапен за неовластени лица.

Во меѓувреме, притворот му е продолжен, меѓу другото и поради тоа што кривичното дело за кое се товари предвидува затворска казна над 10 години.

Убиствата во училиштето, а еден ден подоцна и во две села каде што 21-годишник уби осум претежно млади луѓе, а рани уште 14, предизвикаа масовни протести наречени „Србија против насилството“, повикани од проевропската опозиција со цел да се престане со поттикнување насилство во политиката, јавниот простор и медиумите. Тие собири се претворија во масовен граѓански бунт, на кој се приклучија студенти, синдикати, невладини организации, здруженија и движења, а поддржани од актери и академската заедница на универзитетски професори и научници.

Протестите се уште траат, но веќе не се масовни како во првите месеци.

притисни ентер