ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!
2ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!
ЖивотФевруари за 2,5 степени потопол од просекот, максимално измерената 21,6 степениФевруарските температури на воздухот во земјава годинава се повисоки за 2,5 степени во однос на многугодишниот просек од 1981 до 2010 година. Четиринаесет дена во февруари е забележана температура над 10 степени, а највисоката измерена е 21,6 степени во Гевгелија на 2 февруари. Средната месечна температура на воздухот се движела од 1,5 степен во Маврово до 8,2 во Гевгелија. Ниски температури под нулата се регистрирани на целата територија најчесто во планинските области. Средната максимална температура е од 7,5 степени во Маврово до 16,1 степен во Гевгелија, додека измерената средна минимална е од минус 3,8 степени во Берово до 2,1 степен во Гевгелија. Врнежите во текот на февруари биле во рамки на многугодишна просечна вредност. Просечно сума врнежи во февруари се движи од 15,9 мм во Гевгелија до 102,9 мм во Маврово. Според распространетоста на територијата, запазен е трендот, но само во области над 300 метри надморска височина. Временски, врнежите биле застапени во текот на трите декади од месецот, но количински најмногу ги имало во првата декада. Забележани се врнежи од дожд, снег и замрзнат дожд. Најмногу дожд на дневна основа од 39,8 мм е измерена во Маврово, каде е измерена и највисока снежна покривка од 41 см на 6 февруари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисЃоковиќ по поразот во Шангај: Беше речиси невозможноНовак Ѓоковиќ не успеа доволно да се опорави од заморот и освојувањето на Пекинг, па загуби од Хуберт Хуркач на првиот тест на Мастерсот во Шангај, но немаше причина за очај.- Пекинг беше одличен, а потоа рана елиминација овде... Но, добро. Имав одлична недела во Пекинг, сега сакам малку да одморам и да се подготвам за затворениот дел од сезоната - изјави Новак, а потоа подетално објасни: - Површината е исклучително брза, сосема поинаква од онаа во Пекинг. Ако изгубите сервис еднаш по сет, може да биде доволно да го изгубите мечот. Токму тоа се случи. Многу е тешко да се врати неговиот сервис, речиси невозможно - сервираше навистина добро. Не се адаптирав, а соочувањето со него веќе на првиот меч овде беше многу тешка ждрепка за мене - изјави Новак, пренесе Телеграф. Потоа го коментираше мечот со Хуркач кој го загуби во два сета каде Полјакот сервираше навистина неверојатно. - Ако претрпите пауза, доволно е да го загубите натпреварот. Еден брејк по сет и тоа се случува. Многу е тешко да се врати на негов сервис, беше речиси невозможно. Не се адаптирав, имав многу тешка ждрепка, особено што морав да играм со него веќе на првиот меч - потенцира Ѓоковиќ. Сега го чека турнирот „Шест кралеви“ во Ријад, но најголема желба му е да обезбеди учество на завршниот Мастерс во Торино, за кој моментално ја држи позицијата, но ќе биде многу тешко да остане таму. - Би сакал да го одиграме завршниот Мастерс во Торино. Се уште планирам да играм во Париз, па да видиме... Се надевам дека таму ќе имам добар резултат - заврши Ѓоковиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
ЖивотКрадци украле 30.000 шишиња вино во вредност од 5 милиони евра во ИталијаНевообичаена кражба во Италија.. Крадци украле 30.000 шишиња вино во вкупна вредност од околу 5 милиони евра од позната италијанска винарија, објави Би-Би-Си.„Марчези Антинори“, една од најголемите семејни винарии во Италија, соопшти дека кражбата во нивниот магацин во Тоскана се случила во саботата, додека компанијата се подготвувала да испрати пратка до клиенти во странство. Се претпоставува дека најмалку седум маскирани мажи ги деактивирале алармите и ги исклучиле камерите пред да натоварат два големи камиони со тоскански црвени Вина Тињанело, Солаја и Гвадо Ал Тасо на компанијата. Извршниот директор котарела изјавил дека ова е најголемата кражба од ваков вид во Италија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
ЗдравјеПедијатрите дневно дијагностицират од три до 4 деца со коксаки вирусОд три до четири пациенти дневно со вирусот коксаки се потврдуваат од страна на матичната докторка Мира Атанасова. Таа објаснува дека вирусот што се манифестира со исип на рацете, стапалата во устата и грлото се чест симпот за коксаки и тоа најчесто кај деца од предучилишна возраст. Доктор Атанасова објаснува дека најчесто лекувањето трае и до седум дена и треба детето да не оди во градинка, доколку има проблеми со грлото и висока температура со денови треба да се побара и болничко лекување. Коксаки вирусот може да го добијат и возрасните кои најчесто се пренесува од нивните деца. Најважно е изолација и терапија со витамини и течности. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35