Фетаи бара најстроги казни за Груевски и Јанакиески како поттикнувачи на насилствата пред Општина Центар

Груевски заедно со Јанакиески преку лицето Томиалав Лазаров ги поттикнале лицата градоначалникот Андреј Жерновски да добие неколку шамари и биде исплашен од десетина лица на протест, посочи Фетаи.

Судот за поттикнувачите на насилствата пред Општина Центар Никола Груевски и Миле Јанакиески треба да бидат најстроги за да се одвратат сите други од такви намери во иднина, изјави во завршниот збор обвинителката Фатиме Фетаи на денешното судење за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Фетаи рече дека од снимените разговори се слуша како првообвинетиот Груевски на 1 јуни 2013 година телефонски од второобвинетиот Јанакиески побарал да се организира протест на поголема група луѓе пред Општина Центар.

– Груевски заедно со Јанакиески преку лицето Томиалав Лазаров ги поттикнале лицата градоначалникот Андреј Жерновски да добие неколку шамари и биде исплашен од десетина лица на протест, посочи Фетаи.

Конечно, тоа што двајцата телефонски договараат, и се случува на 7 и 10 шестти 2013 година.

– Не само што протестираат, туку и ја кршат оградата и прозорците на општинската зграда. Единствено нешто што не се случува е тоа што загрижен граѓанин не удрил шамар на градоначалникот. Ова е единствено отстапување од замисленото дело. Настаните кои следуваат, само ја потврдуваат автентичноста на разговорот, изјави Фетаи.

Сето ова, според Фетаи, го потврдуваат и изјавите на сведоците.

Обвинетиот Александар Трајковски, појасни Фетаи, е најбучен во обидите да влезат во Општина Центар, што се гледа во видео доказите.

Обвинетиот Дарко Стојчевски, од доказите се гледа како се издвојува од толпата и тропа по прозорците и извикува уаа, уаа.

– Од видеото се гледа како се обидува да го земе мобилниот на Бијлана Секуловска и се заканува дека ќе и удри една. Од друго видео се гледа како ја крши оградата и како фрла со јајаца по зградата, изјави Фетаи.

Обвинетиот Даниел Трипуновски од доказите се гледа како ја тресе оградата, прескокнува и прерипува внатре, додека обвинетиот Трајче Петковски се гледа како лупа по клима уредот и фрла со јајца.

Обвинетиот Игор Бошковски, продолжи Фетаи, се гледа како удира по зградата и со расправа со повозрасни госпоѓи.

Нивните дејствија само се потврдуваат од исказите на сведоците.

– Предлагам судот да ги прогласи виновни и да им изрече соодветни казни, а притоа да се има предвид и интензитетот на дејствијата. За поттикнувачите немам сомнеж дека треба да бидат најстроги за да се одвратат сите други од такви намери. Во однос на извршителите, сите ги извршиле дејствијата, меѓутоа само за Игор Бошковски предлагам алтернативна казна поради интензитетот на неговите дејствија, изјави Фетаи.

Адвокатот по службена должност, на првообвинетиот Никола Груевски, рече дека целото дело се докажува само со еден разговор што е нелегално прибавен и го оспоруваме.

– Помилувањето за ова дело за Никола Груевски не може да се отповика. Тоа постоела во моментот на покревање на ова обвинение и судот не смеел да го прифати, изјави бранителот на Груевски.

Процесот го води судијата Душко Јосифовски.

Обвинителството на почетокот се откажа од гонење за лицата Даниела Рангелова, Милан Андонивски и Борче Богдановски./МИА.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово.

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово, два во Крива Паланка, Прилеп, Охрид и Претор, три во Берово, четири во Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, пет во Велес и Демир Капија, шест во Кавадарци и Гевгелија, а 10 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Попова Шапка со седум литри на квадратен метар, пет во Тетово, четири во Пожаране, Крива Паланка и Крушево, три во Охрид, два во Прилеп, Виница, Маврови Анови и Претор и еден литар на квадратен метар во Лазарополе, Демир Капија, Берово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Битола, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно ведро со мала до умерена локална облачност.

Утрово во крајните западни и источни делови има појава на умерена облачност, а наместа долж речните долини има појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера го надгледуваше пробното истрелувањето ракети од 240 милиметри од повеќецевни лансири, произведени од новоформираната фабрика на воената индустрија, објави денеска агенцијата КЦНА.

Севернокорејската агенција не даде повеќе детали за фабриката. Се верува дека Северна Кореја го зголемува производството на артилерија, а САД и Јужна Кореја ја обвинуваат дека ја снабдува Русија со оружје.

Пробното истрелување покажа дека ракетите ги исполнуваат потребните стандарди за точност и досег, соопшти КЦНА.

Ким изјави, пренесе КЦНА, дека повеќецевниот ракетен систем, што вклучува нова технологија, „ќе донесе стратешка промена во зајакнувањето на артилериските способности на војската“.

притисни ентер