Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот
2Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот
3„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
КултураФестивал на етнографскиот филм ЕТНОФФВо Кинотеката на Македонија денеска ќе се одржи 8-то издание на Меѓународниот фестивал на етнографскиот филм ЕТНОФФ, на кој ќе бидат прикажани 14 етнографски филмови.На овој фестивал ќе можат да се видат филмови кои зборуваат за „Хималајското злато“, печурка која вирее и се бере во најодалечените Непалски Хималаи, зошто близнаците се симбол за несреќа во Мадагаскар и која е општествената „казна“ за тоа, приказ на занаетчиството преку рацете и работата на повозразен пар на хрватските острови, но и домашни, локални приказни преточени во визуелен приказ. Фестивалскиот ден ќе биде поделен на два филмски блока, едниот со почеток во 12 часот, а другиот со почеток во 16:30 часот. По завршување на проекциите со почеток од 20:30 часот фестивалот ќе биде затворен со музичка програма со настап на групата Чалгии Мерак. Влезот на фестивалот е бесплатен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД велат дека погодиле 90 цели во Иран откако Трамп претходно се закани дека ќе ги „удри силно“САД велат дека погодиле 90 цели во вториот ден од нападите врз Иран откако Доналд Трамп претходно се закани дека ќе ги „удри силно“.Неколку земји од Персискиот залив оттогаш пријавија ирански напади - ова вклучуваше експлозии во главниот град на Бахреин, Манама, пресретнување ракети и беспилотни летала од Кувајт и издадено е безбедносно предупредување од Катар. Мохамед Багер Галибаф, главен преговарач на Иран со САД, рече дека Америка „сè уште не научила дека малтретирањето и кршењето на ветувањата повеќе не се бесплатни“. Иранските медиуми објавија дека експлозии се слушнале во областите долж јужниот брег на земјата и дека нападите ги погодиле островите во Персискиот залив кои се под контрола на Иран.Ова следува по американските напади во вторникот, за кои Централната команда на САД соопшти дека биле одговор на нападите врз три комерцијални бродови што транзитираа низ теснецот.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВРЕДИ: Задржувањето на Ќафасан без објаснување на нашите тројца функционери бара официјален одговор!08:39Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00
ВРЕДИ: Задржувањето на Ќафасан без објаснување на нашите тројца функционери бара официјален одговор!08:39
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
ФудбалСтартува мундијалското четвртфинале, Франција - Мароко за првиот полуфиналистФудбалските селекции на Франција и Мароко вечерва од 22 часот го играат првиот натпревар од четвртфиналето на 23 Светски шампионат. Франција и Мароко ќе се борат за пласман во полуфиналето во Фоксборо, на стадионот „Џилет“, кој е домашен терен на легендарниот НФЛ-тим „Њу Ингланд Петриотс“. Улогата на фаворит во дуелот меѓу втората и четвртопласинарана репрезентација од последниот Мундијал, ја има србрената Франција,предводена од големите светски фудбалски ѕвезди, Мбапе, Олисе, Дембеле...секако свои адути има и тимот на Мароко, како Хакими..., Но многупати досега фудбалот покажал дека на вакви средби не секогаш победувале посилните репрезентации, поради тоа вечерва се очекува дуел со многу возбудувања но и тактички надмудрувања. Селекторот на Триколорите Дешан нагласи дека вечерва очекува исклучително тежок натпревар против Мароко. „Мароко нема профил на екипа како Парагвај. Ќе мораме да бидеме многу ефикасни, бидејќи станува збор за врвна репрезентација. Како што се искачувате кон врвот на планината, така и нивото на противникот е сè повисоко. Менталитетот сам по себе не носи победи, но може да биде причина за пораз“, заклучи селекторот на Франција. Инаку, според француските медиуми вечерва ќе биде жестоко низ земјата без разлика кој и да победи. Кој и да победи на четврфиналето Париз, ќе „изгори“ пренесуваат поголем дел од медиумите. Полицијата Во Париз веќе прогласи вонредни мерки. Париската полиција подготвува посебни мерки пред натпреварот меѓу Франција и Мароко во САД. Франција го елиминираше Парагвај во осминафиналето со голот на Килијан Мбапе, додека Мароко убедливо ја совлада Канада со 3:0.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтотПонекогаш се чудам како може исти државници, исти претседатели, исти премиери, на еден начин да се однесуваат во рамките на НАТО, да манифестираат разбирање, а кога се работи за Европската унија, 20 години да нè држат во лавиринтот.Порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по учеството на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, во рамки на самитот на нато во Анкара. Од кабинетот на претседателката информираат дека на маргините на самитот таа остварила средби со регионалните лидери. Синоќа имала кратка средба со бугарскиот претседател Румен Радев, во присуство на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Според неа, Радев истакнал дека не сме само соседи, туку дека таа му е пријателка, што претседателката го оценила како инспиративно и охрабрувачко. Подолг разговор Сиљановска-Давкова имала со унгарскиот премиер Петер Маѓар, кој најавил уште позасилена поддршка за западен балкан и намера за регионална турнеја, нагласувајќи дека стабилноста и мирот на балканот се неминовни без членство на овие земји во ЕУ.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter