Ферати на местото на Стоиљковиќ – кои ќе бидат новите министри од ВРЕДИ? - Канал 5

Ферати на местото на Стоиљковиќ – кои ќе бидат новите министри од ВРЕДИ?

Од Вреди ги потврдија новите имиња кои треба да седнат на „Илинденска“ бр. 2.

Ферати на местото на Стоиљковиќ – кои ќе бидат новите министри од ВРЕДИ?

Јетон Шасивари во Правда, Седат Сулејмани во Култура, Агон Ферати, во односи меѓу заедниците. Од Вреди ги потврдија новите имиња кои треба да седнат на „Илинденска“ бр. 2., но останува дилема зошто за разлика од ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ од Вреди изостана прес- конференција на која ќе ги официјализираат предлозите. Според извори на Канал 5 во Вреди се уште се кршат копјата околу изборот на Агон Ферати, на местото на Иван Столковиќ во министерството за односи меѓу заедниците. Во игра покрај Ферати, според партиските извори, се уште неколку имиња за овој ресор, а до вечер се очекува да има конечна одлука.

Сепак премиерот Мицкоски денеска потврди дека ги добил персоналните решенија од коалициските партнери за министерствата со кои ќе раководат во реконструираниот владин кабинет и кажа дека за него се прифатливи.

- Да, ги имам предлозите и за новите министри од Влен и од партијата ЗНАМ, но ќе оставам, еве, тие да ги кажат, да не ги кажувам јас. За мене тие предлози се сосема во ред и очекувам да имаме уште поуспешна работа во новиот состав на Владата. Да, имаат и за односи меѓу заедниците, и за правда и закултура, изјави Мицкоски.

Вреди по реконструкцијата на Владата ќе има едно вицепремирско место. Беким Сали останува прв вицепремиер и министер за европски прашања, а на партијата ѝ остануваат секторите животна средина со Мухамет Хоџа и Бесар Дурмиши за економија и труд.

Вицепремиерската функција за добро владеење, која ја извршуваше Арбен Фетаи нема да постои во реконструираната влада, а овој ресор ќе се покрива од кабинетот на премиерот. Мицкоски синоќа ги објави предлозите на ВМРО-ДПМНЕ. Досегашниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски го презема местото на Азир Алиу во министерството за здравство, а за нов директор во ФЗО е именуван Златко Перински, кој досега беше министер за локална самоуправа. Тој ресор ќе го преземе Иван Стоилковиќ.

Актуелниот заменик министер Ѓоко Велковски го наследува Фатмир Лимани во министерството за социјална политика. Дополнително, Ерџан Демир ќе биде министер без ресор задолжен за имплементација на стратегијата за инклузија на Ромите, а свое учество во власта ќе земе и Демократската партија на Турците.

Кадар на ЗНАМ ќе раководи со Министерството за земјоделство, каде Димитриевски го номинира Борче Серафимовски. Горан Минчев останува на чело на Министерството за јавна администрација. Тој денеска кажа дека се задоволни од реконструкцијата

За лидерот на СДСМ, Венко Филипче, реконструкцијата на Владата нема да донесе ништо ново за граѓаните и државата.

Премиерот Мицкоски најави дека предлог-составот на новиот владин кабинет ќе биде доставен до Собранието до петок, заедно со биографиите на новите министри.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео:Воодушевувачка снимка од 120 метри, нурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе

Нурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе: Воодушевувачка снимка од 120 метри

Видео:Воодушевувачка снимка од 120 метри, нурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе

Големата сина дупка во Белиз крие неверојатни подводни светови. Нуркачите открија спектакуларни сталактити и богат морски свет.

„Големата сина дупка“ (Great Blue Hole) во Белиз е една од најпознатите дестинации за нуркање во светот, а нејзините огромни димензии и она што се крие под површината со години привлекуваат нуркачи од целиот свет.

Еден од нив одлучи да нурне во нејзините длабочини и со камера да ги сними призорите што ги затекна таму. „Големата сина дупка“ е широка околу 300 метри и длабока приближно 120 метри; таа претставува огромна подводна вдлабнатина (синкхол) сместена недалеку од брегот на Белиз.

Нуркањето таму е на листата на желби на многу нуркачи, а Реј Тилер од продукцијата „Fintastic Films“ конечно доби можност да ги истражи нејзините длабочини. За време на експедицијата, тој не нурна само во „Големата сина дупка“. Изведе вкупно три нуркања на некои од најпознатите подводни локации во областа, а го посети и оддалечениот остров Халф Мун Кеј (Half Moon Cay).

YouTube video

По нуркањето во „Големата сина дупка“ (Great Blue Hole), се нуркаше и на околните корални гребени. Таму беа забележани ајкули, ражи и морски желки, што го направи целото патување уште поатрактивно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ана Ивановиќ во друштво на познат хрватски пејач

Поранешната најдобра светска тенисерка, Србинката, Ана Ивановиќ и популарниот хрватски пејач Санди Ценов ги израдуваа своите следбеници со заедничка фотографија на Инстаграм, придружена со интригантна порака. 

Фото: Ана Ивановиќ во друштво на познат хрватски пејач

Хрватскиот пејач Санди Ценов е познат по својата љубов кон патувањата и дружењето, а со својата најнова објава на Инстаграм ги изненади и ги воодушеви своите следбеници.

Имено, Санди сподели фотографија на својот „Инстаграм стори“ на која позира со поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ, која важи за една од најуспешните и најпознатите спортистки од овие простори.

На фотографијата, направена во опуштената атмосфера на свечена вечера на отворено, и двајцата не ја симнуваа насмевката од лицето.

Поранешната тениска ѕвезда блеска во елегантен црн фустан со светки, додека музичарот се одлучи за класична елеганција – црн костум и бела кошула со откопчани копчиња.

Санди ја означи Ана во објавата и сподели впечатлива порака: „Патувајќи низ светот, запознавате навистина интересни луѓе...“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромната Триумфална капија на Трамп се претвора во воен комплекс

Огромната Триумфална капија на Трамп се претвора во воен комплекс. На покривот ќе има снајперисти .

Огромната Триумфална капија на Трамп се претвора во воен комплекс

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека планираната Триумфална капија висока 76 метри, која треба да се изгради на Националните гробишта во Арлингтон, ќе прерасне во „врвен воен комплекс“ со снајперисти на покривот и на плоштадот, како и со голем број дронови и залихи на муниција за снајпери.

Трамп тврди дека одлуката ја донел по „силно барање“ на американската војска. Триумфалната капија првично беше претставена како монументален објект за одбележување на 250-годишнината од американската независност. Трамп сега вели дека таа ќе добие и многу специфична воена намена.

Дронови, снајперисти и муниција Трамп на платформата „Truth Social“ напиша дека комплексот треба да овозможи сместување, складирање и брзо распоредување на голем број дронови, како и складирање на големи количини муниција за снајпери.

Според неговиот план, снајперисти би биле распоредени на покривот и на просторот на плоштадот околу триумфалната капија.

Планираната триумфална капија треба да биде висока 250 стапки (приближно 76 метри) и да се наоѓа на „Меморијал Сркл“ (Memorial Circle), меѓу Меморијалот на Линколн и Националните гробишта во Арлингтон.

Таа би била повисока од Триумфалната капија во Париз. Трамп со месеци зборува дека сака да ја одбележи 250-годишнината од американската независност со монументална градба, но проектот сè уште не ги поминал сите неопходни процедури.

Проектот сè уште нема целосно одобрение Заклучно со почетокот на септември, Комисијата за планирање на главниот град сè уште го немаше одобрено проектот, а не беше завршен ниту целосниот процес на разгледување, предвиден со американските закони за зачувување на историското наследство.

Во меѓувреме, проектот се соочи со правен приговор од ветерани, кои тврдат дека капијата би го нарушила историскиот визуелен поглед меѓу Вашингтон и Националните гробишта во Арлингтон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер