Ферари елегантно го најави новиот супер- автомобил

Италијанскиот Ферари го најави новиот модел со мистериозна фотографија на Иснтаграм.

На фотографијата се наоѓаат само филџан со кафе и елегантни темни женски очила на маса во кафуле.

Меѓутоа, во отсјајот на стаклото на очилата се гледа сребрен супер- автомобил.

„Ние сме подготвени за ново уживање“, порачаа од Ферари.

Се претпоставува дека новото Ферари во себе ќе има 3.8 литарски „V8“ агрегат со 600 коњски сили што ќе му овозможат убрзување од 0 до 100км/ч за само 3,5 секунди.

Од Ферари најавија дека нема да прават поевтин модел со „V6“ мотор од 150.000 долари како наследник на моделот Дино.

Ферари во следните години ќе се фокусира на ексклузивните супер- автомобили, а се очекува и првиот кросовер од оваа компанија.

Африм Гаши во „Само интервју“

Вечерва во „Само интервју“ гостин беше Африм Гаши

Ако не стане Зибери Премиер, значи дека ДУИ ги излажале албанците, рече Гаши.

Наш принцип е да преговараме околу нашата програма и ќе се држиме до неа доколку добиеме понуда да преговараме да бидеме дел од Влада, рече Гаши.

Повикот на Ахмети во Хаг мислам дека нема да влијае во политичките активности за состав на новата влада, рече Гаши.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само Интервју“ овде.

Нептун со ново иновативно решение за онлајн шопинг – Купувајте на рати отсега и онлајн!

Дигитализацијата на услугите е една од примарните процеси во Нептун Македонија, компанијата која континуирано на иновативен начин им го олеснува на потрошувачите купувањето на апарати за домаќинство.

Нептун Македонија, во партнерство со ИутеКредит Македонија, лансираа ново иновативно решение за онлајн шопинг со кое потрошувачите ќе може на лесен, брз и безбеден начин да купуваат онлајн на рати преку веб страната www.neptun.mk. Освен оваа новост изминатиов период Нептун Македонија промовираше неколку иновативни дигитални алатки: мобилна апликација за онлајн шопинг и дигитализација на happy лојалната програма и happy картичката.

Покрај опцијата потрошувачите да може да купуваат онлајн со кредитни или дебитни картички, отсега ќе имаат можност по изборот на саканите производи многу едноставно и брзо да аплицираат за купување на производ од Нептун преку исплаќање со наменскиот кредит од ИутеКредит и истиот да го исплаќаат од 3 до 24 рати со суми од 3.000 до 120.000 денари. Целиот процес е дигитализиран и потрошувачите нема да имаат потреба да достават физички документи со што се олеснува целиот купопродажен процес.

Процесот на апликација и одобрување е лесен и брз, што овозможува одличен бенефит за секој потрошувач. Во само 3 чекори потрошувачите ќе можат да ги купат своите омилени производи во Нептун:

Го избирате вашиот омилен производ на www.neptun.mk

Избирате опција за плаќање на рати преку ИутеКредит

Доколку апликацијата за кредит е одобрена, Нептун ви ја доставува нарачката во предвидениот рок

Овој начин на кредитирање при онлајн купување на производи е прв и единствен на пазарот во Македонија. Соработката помеѓу овие две иновативни компании придонесе за напредок на Е-трговијата во нашата држава. Само со вакви проекти и иновации можеме да го унапредуваме купувачкиот процес и да ги направиме услугите и производите подостапни за македонските купувачи.

Нептун Македонија најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија и преку 80 големопродажни партнери. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава.

Бејл барал поштеда пред вечерашниот дуел, го фатиле како игра голф (ВИДЕО)

Вечерва, по петмесечна пауза, Лигата на шампионите се враќа на реванш натпреварите меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, како и Јувентус и Лион во осмина финалето.

Сити на „Етихад“ ја брани предноста од 2: 1 од Мадрид стекната на 26 февруари и не може да смета на повредениот Серхио Агуеро и на исклучениот Бернард Менди, а Реал пристигнува без капитенот капитен Серхио Рамос, повредениот Маријан Дијаз и со мали повреди на Еден, Хазард и Марсел.

Тие нема да бидат придружувани од Герет Бејл, кој не е подготвен за мечот, но како што објасни Зинедин Зидан, тоа е лична одлука на Велшанецот.

„Зошто Бејл не е таму? Разговаравме и тој ме замоли да не игра. Тоа е сè што можам да ти кажам“, рече тренерот на Реал, додавајќи:

"Сè друго останува меѓу нас двајцата. Објаснив каква е ситуацијата. Немам ништо повеќе да додадам. Тој не е повреден. Ги почитувам сите играчи, вклучително и него. Работите што се случуваат во соблекувалната треба да останат таму. Тој сè уште е вистински играч, ова не е ништо , тој не се менува. Ќе повторам, тој е наш играч и јас го почитувам. Тој рече дека претпочита да не игра овде и ете, не игра.

Сè би било добро ако шпанскиот Ел Чарингито не излезе со снимка од ова попладне, покажувајќи што прави Бејл само неколку часа пред натпреварот од кој побара да биде поштеден.

Имено, редакцијата на шпанската телевизија доби видео од терен за голф каде Гарет Бејл, која инаку е позната како голем љубител на голфот, може да се види како го поминува времето.

притисни ентер