Федерер: За ден-два загубив сѐ

„Малку иронично, но на самиот крај буквално изгубив сѐ“, изјави швајцарскиот тенисер Роџер Федерер во интервју за Њујорк Тајмс во врска со неговото повлекување од спортот, кое се случи минатата недела.

На Лејвер купот во Лондон, Роџер Федерер, освојувач на дваесет Грен слем титули во текот на неговата фантастична кариера, го одигра последниот меч. Тоа се случи во играта на двојки. Неговиот партнер беше неговиот најголем ривал во текот на кариерата, Рафаел Надал, а на спротивната страна беа Американците Џек Сок и Френсис Тиафо. На крајот победија Американците, а Федерер во разговорот донесе интересен заклучок:

„Ми изгледа чудно, но на крајот буквално изгубив сè. Го загубив последниот натпревар во сингл, последниот меч во двојки исто така. Мојот тим загуби, го изгубив гласот додека навивав за колегите. Изгубив сè за ден или два. Но, и покрај тоа, се чувствувам исполнето, добро и позитивно“.

Возач на БМВ сакал да се прави важен, па завршил во ендек (ВИДЕО)

Несреќниот човек зад воланот на БМВ сакал да си замине со стил, но завршил посрамен во каналот.

Видеото објавено на Редит предизвика голем интерес, пред сѐ поради несреќникот кој доживеа незгода во БМВ.

Видеото започнува со Mercedes AMG C63 кој го напушта паркингот со контролирано лизгање, а да не зборуваме за дрифтање. Иако овој Мерцедес е доста проблематичен за контрола, очигледно е дека зад воланот е релативно ладна глава со одредено искуство.

За жал, истото не може да се каже за возачот на БМВ, чија желба беше посилна од неговите способности. И излетал од паркинг со многу лизгање. Но, поради недостаток на искуство премногу ги вртел тркалата, па наместо да се исправи, родстерот БМВ тргнал десно и слетал на патот во ендек.

Иако несреќата не се случила со голема брзина, на видеото се гледа како BMW Z4 претрпел значителна штета. Поправката сигурно нема да биде евтина.

Солзите на Нејмар по поразот од Хрватска го обиколија светот

Репрезентацијата на Хрватска го победи Бразил со 4:2 на пенали во четвртфиналето на Мундијалот, откако по 120 минути беше 1:1.

Нејмар ги доведе Бразилците во водство со прекрасен гол во 105. минута, а Хрватска возврати преку Бруно Петковиќ, кој погоди во 117. минута на асистенција на Оршиќ.

Во првата серија Доминик Ливаковиќ му го одбрани пеналот на Родриг и со тоа изврши огромен притисок врз Бразилците кои немаа право на погрешен потег бидејќи Влашиќ, Мајер, Модриќ и Оршиќ брилијантно ги изведуваа пеналите. Во четвртиот сет Маркињос ја погоди стативата и Хрватска се пласираше во полуфиналето.

Фотографиите од шокираните Бразилци, кои долго по крајот на натпреварот лежеа на теренот, во неверување што им се случи, го обиколија светот. Посебно неутешни беа Антони и Нејмар кој плачеше на тревникот. Соиграчите го тешеа, но Нејмар не можеше да ги сопре солзите.

Четворица уапсени во Брисел под сомневање за корупција во Европскиот парламент

Четири лица, меѓу кои и поранешен пратеник во Европскиот парламент, се уапсени во Брисел како дел од истрагата за корупција поврзана со земја во Персискиот залив, соопшти Федералниот јавен обвинител на Белгија.

Државното обвинителство не ја именувало државата, но според белгискиот дневен весник „Ле Соар“ станува збор за државата Катар чии функционери наводно се обиделе да купат поранешен претставник на италијанските социјалисти, кој бил во ЕП од 2004 до 2019 година.

Истрагата опфатила дејствија „корупција“ и „перење пари“ од организирана банда, соопшти истрагата. Неколку месеци, белгиските истражни судии „се сомневаа дека една држава од Персискиот Залив влијаела врз економските и политичките одлуки на Европскиот парламент, со плаќање суми на пари или нудење големи подароци на трети лица кои, поради нивната политичка и/или стратешка положба, имаат големо значење“ во таа институција.

Сојузното државно обвинителство, кое е задолжено за истрага на кривични дела тероризам и организиран криминал, не го открива идентитетот на приведените лица. Утринава во рамките на истрагата нарачана од судија од Брисел, извршени се 16 рации во различни општини на главниот град на Белгија, каде се наоѓа и седиштето на ЕП.

Покрај четворицата уапсени, во рамки на истрагата полицијата запленила „околу 600.000 евра во кеш“ и „компјутерски материјал и мобилни телефони“ чија содржина ќе се анализира. Цел на операцијата биле помошниците на европратениците кои работат во ЕП. Меѓу уапсените е и поранешен пратеник во Европскиот парламент, соопшти државното обвинителство.

притисни ентер