Федерер стартуваше со победа на Мастерсот во Лондон - Канал 5

Федерер стартуваше со победа на Мастерсот во Лондон

Швајцарецот Рожер Федерер со победа синоќа над Томаш Бердих го почна настапот на Мастерсот што се игра во Лондон. По сетови Федерер мечот го доби со 6:4 и 6:2.

Федерер стартуваше со победа на Мастерсот во Лондон
На воведниот меч од завршниот Мастерс и од групата „Стен Смит“ Новак Ѓоковиќ го победи Кеи Нишикори со 6:1 во двата сета.

Ѓоковиќ и Федерер имаат по една победа во оваа група.

По завршувањето на мечот Ѓоковиќ – Нишикори на Ѓоковиќ му беше врачен и пехарот за најдобар тенисер во 2015 година, бидејќи е јасно дека нема шанси некој друг играч да го освои пехарот.

Денеска на вториот ден од турнирот се играат мечевите од групата „Илие Настасе“. Први попладнево ќе играат Енди Мареј и Давид Ферер, а во вечерните часови е мечот Стан Вавринка – Рафаел Надал. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

43 годишен Македонец во Србија, понудил мито во замена за казна за брзо возење

Властите во Србија вчера уапсиле 43-годишен државјанин на Македонија кој е осомничен дека им понудил мито на полицајци за да не му напишат казна за брзо возење, објавија српските медиуми.

43 годишен Македонец во Србија, понудил мито во замена за казна за брзо возење

Припадници на министерството за внатрешни работи на Србија, управата за криминалистичка полиција и службата за борба против корупцијата, по налог на посебното одделение за сузбивање корупција при вишото јавно обвинителство во Краљево, го уапсиле осомничениот, со иницијали З. А., за кривично дело давање поткуп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали ова е најдобрата Панда досега? Познатиот водител го даде својот суд (ВИДЕО)

Фиат Гранде Панда под лупата на Џејмс Меј: Наследник на легендата или чекор назад?

Дали ова е најдобрата Панда досега? Познатиот водител го даде својот суд (ВИДЕО)

Познатиот британски автомобилски новинар и ТВ водител Џејмс Меј детално ја претстави Гранде Панда, модел на Фиат произведен во Крагуевац, истражувајќи ги нејзините клучни карактеристики, дизајнот и местото што го зазема во историјата на овој легендарен модел.

Меј, кој е познат како голем обожавател на Фиат Панда и кој долго време поседува копија од втората генерација на овој модел, ја спореди новата Гранде Панда со претходните верзии што одбележаа повеќе од четири децении од историјата на италијанскиот производител.

Тој посвети посебно внимание на промените во дизајнот, но и на начинот на кој филозофијата на брендот се прилагоди на барањата на современиот пазар.

По тест возењето на блага хибридна верзија, Меј разговараше со гостите за тоа колку новата Гранде Панда останала верна на оригиналната идеја за прифатлив и практичен автомобил за широките маси.

YouTube video

Гранде Панда носи посовремен изглед, поголеми димензии, повеќе технологија и електрифицирани опции за погон, но во исто време се обидува да ја задржи едноставноста и функционалноста што ја направија Панда еден од најпрепознатливите европски автомобили. Како што наведува Џејмс Меј, Фиат успеа да ги спои носталгијата и модерната технологија, создавајќи модел што би можел да привлече и долгогодишни фанови на Панда и сосема нова генерација купувачи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода и Природонаучниот музеј

Сите активности ќе се реализираат во согласност со наставните програми и по барање на училиштата.

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода и Природонаучниот музеј

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината.

Со овој Меморандум се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во Музејот, со цел наставните содржини да им бидат поблиски, поинтересни и попрактични на учениците.

Дополнително, соработката предвидува организирање стручни водства низ постојаните музејски поставки, тематски работилници согласно интересот на училиштата, како и предавања, презентации и практична настава со стручни лица и експерти од различни области во училиштата.

Сите активности ќе се реализираат во согласност со наставните програми и по барање на училиштата, со цел теоретското знаење стекнато во училниците да добие своја практична примена.

Овој Меморандум е важен чекор кон создавање современ и поквалитетен образовен процес кој овозможува учење преку директно искуство, истражување и практична работа. Ваквите партнерства во Општина Кисела Вода дава поддршка на проекти кои ги поттикнуваат младите да го истражуваат светот околу себе и да градат знаење како темел за нивната иднина

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер