Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини
1Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини
Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
2Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
ТенисФедерер: Следам што прават Ѓоковиќ и НадалПоминаа околу година и половина од пензионирањето на Роџер Федерер. Доволно за да направи мал осврт на случувањата откако го напушти „белиот спорт“, а легендарниот Швајцарец го направи тоа во интервју за магазинот „ЏиКју“. Секако, неодминлива тема беа неговите најголеми ривали. - Следам што прават Ѓоковиќ и Надал. Знам кога Новак соборува рекорд или кога Рафа се подготвува да се врати. Се разбира, не го организирам животот за да гледам што прават, туку следам тенис. Тажен сум што Надал не може да игра колку што сака. Знам дека се повлече од Индијан Велс, но се надевам дека ќе се врати на натпреварите, истакна Роџер. Тој вели дека бил пресреќен од начинот на кој се повлекол од тенисот. - Кога го одиграв последниот натпревар во Лондон, бев опкружен со Енди, Новак, Рафа и Борг. Реков дека е адекватно да бидам првиот што ќе се пензионира. Сега тие очекуваат сличен момент. Ќе ми биде жал ако Мареј се пензионираше порано поради колкот или Надал поради колената. Бев среќен што отидов прв и се надевам дека ќе направат тоа што сакаат, истакна легендарниот тенисер. Вели дека максимално ужива во пензијата. – Натпреварувачот што беше во мене целосно исчезна. Многу сум горд на се што постигнав, никогаш нема да заборавам кога го срушив рекордот на Сампрас, порача Федерер. На крајот имал тежок период и не го напуштил теренот како што сакал. - Последните години беа многу тешки. Затоа сега чувствувам големо олеснување. Чувствував дека се ближи крајот на мојата кариера, страдав во тие моменти бидејќи знаев дека ќе биде тешко. И во Лондон и се што му претходеше, додава тој. Вели дека е задоволен што го одиграл последниот меч на Лејвер купот. - Играњето на последниот турнир секогаш ме плашеше. Дека не знам дали ќе го завршам во првиот круг или во финалето. Противникот заминува, а вие останувате сами со микрофонот. Зборуваш и готово. Вака испадна подобро, бев опкружен со моите најблиски ривали, истакна поранешниот светски рекет бр.1 во интервјуто за магазинот. Тој ужива во пензионерските денови и не му недостасува тенисот. -Сите ме прашуваат како се чувствувам, а јас велам дека не ми недостига тенисот. Чувствувам целосен мир. Веројатно и затоа што знам дека коленото, телото и мозокот не би ми дозволиле да бидам таму. Се чувствувам како да добив се од мојата кариера. Сум пробал се. Сакам да играм тенис кога сум со моите деца. Пред еден месец првпат резервирав терен за да играм со сопругата и децата, заврши Федерер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површиниИнспекциските служби на Општина Центар за една недела изрекоа глоби, во износ од 1.300 до 1.800 евра, за четири градилишта на територијата на локалната самоуправа.Казните се изречени поради оставање градежен материјал и градежен шут на јавни површини, со што биле нарушени комуналниот ред и јавната чистота, а биле отежнати движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот. „Нашите инспектори се на терен и будно ја следат состојбата на активните градилишта. Контролите продолжуваат, а особено внимание посветуваме одржувањето на чистотата и непреченото користење на јавниот простор. Секој што нема да ги почитува прописите ќе биде соодветно санкциониран“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Од Општина Центар апелираат до инвеститорите и градежните компании да не оги узупираат а јавните површини, да ги почитуваат законските обврски и да се грижат за безбедното движење на граѓаните. Инспекциските контроли продолжуваат со засилен интензитет.Тагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаМисајловски: Инфраструктурните активности продолжуваат со силно темпоМинистерот за одбрана Владо Мисајловски денеска беше во Касарната „Гоце Делчев“ – Скопје, во увид на градежните активности за целосна реконструкција на објектот на Директоратот за безбедност и разузнавање во рамки на касарната.При денешната посета, министерот во разговор со вработените посочи дека активно се работи на реализација на зацртаните цели и дека инвестициите кои се прават во делот на инфраструктурата се првенствено за подобрување на условите за работа и престој на вработените во Армијата и министерството. Во моментов активно се работи на целосно завршување на активностите предвидени со реконструкцијата на овој објект односно се поставуваат нови преградни ѕидови, се поставува целосно нова електричната инсталација, осветлување, се работи на поврзување на противпожарна и громобранска инсталација, се поставува нов вентилациски систем и систем за греење, промена на подна облога и на врати и се извршуваат работни зафати за доработка на санитарните јазли како и довршување на гипсарски, молерофарбарски и фасадерски работи со цел постигнување на енергетска ефикасност на објектот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаМОН-УНИЦЕФ: Модернизирано средното стручно образование со СТЕМ вештини за професиите на иднинатаСо почетокот на новата учебна година, околу 10.800 ученици запишани во прва година средно стручно образование ќе станат првата генерација што ќе учи според модернизирани наставни програми.Со почетокот на новата учебна година, околу 10.800 ученици запишани во прва година средно стручно образование ќе станат првата генерација што ќе учи според модернизирани наставни програми кои интегрираат СТЕМ-компетенции вклучувајќи зелени и дигитални аспекти во сите струки. Со обука на 569 наставници, изготвени нови ресурси за учење и зајакната соработка со приватниот сектор, оваа реформа ќе им помогне на учениците да применуваат одржливи практики на идните работни места и да одговорат на предизвиците поврзани со климатските промени, кои сè повеќе влијаат врз секој сектор од економијата. „Реформата доаѓа во време кога стручното образование станува сè попривлечно за младите луѓе. Денешните ученици ќе влезат на пазар на труд којшто се менува под влијание на технолошките промени, зелената транзиција и новите начини на работа. Со модернизирањето на стручното образование, им помагаме на младите да ги стекнат вештините неопходни за успех, а истовремено на компаниите им овозможуваме пристап до кадар подготвен да придонесе за раст, иновации и одржување на конкурентноста“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Иако овие вештини се особено важни во сектори како што се обновливите извори на енергија, одржливото градење и зелените технологии, транзицијата кон зелена економија ги менува работните места во речиси сите сектори. Учениците од економските струки ќе учат за моделите на зелени бизниси и одржливи иновации, додека пак учениците од угостителско - туристичките струки ќе учат како да го намалат отпадот од храна и да применуваат одржливи практики. Реформата е насочена кон надминување на јазот којшто постои меѓу еколошките амбиции на младите и нивното знаење и вештини во областа на животната средина. Предводена од Министерството за образование и наука и Центарот за развој на стручното образование, реформата ги вградува СТЕМ вештините кои вклучуваат зелените и дигиталните аспект во стручното образование. УНИЦЕФ обезбеди техничка поддршка со финансиски средства од Владата на Шведска и компанијата „Нелт“. „Подготовката на децата и младите за иднината бара преиспитување на тоа кои вештини се важни во целиот образовен систем. Со вклучувањето на СТЕМ вештините кои вклучуваат зелените и дигиталните компетенциит во стручното образование, Македонија помага да се обезбеди секој ученик да биде подготвен за успех во економијата и климата што се менуваат“, изјави Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ. Новите наставни програми им помагаат на учениците да развијат не само техничко знаење, туку и вештини за решавање проблеми, иновации и прилагодливост, со што ќе дадат значителен придонес во исполнувањето на целите од Стратегијата за образование 2026–2032 година и на Реформската агенда на Северна Македонија 2024–2027 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00