2Град Скопје: Средба со делегацијата на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа
Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
2Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
ТенисФедерер противник на Ѓоковиќ во финалето на завршниот АТП Мастерсот во ЛондонРоже Федерер и Новак Ѓоковиќ ќе играат во финалето на завршниот АТП Мастерс.Во швајцарското полуфинале одиграно синоќа во „О2’’ арена во Лондон, Федерер го победи сонародникот Станислас Вавринка со 2-0 по сетови 7:5 и 6:3. Федерер на завршниот турнир во Лондон ги доби сите четири меча досега, меѓу кои и дуелот со Ѓоковиќ, одигран пред пет дена, а во рамките од групната фаза, кога Федерер славеше триумф со 2-0 по сетови 7:5 и 6:2. За 32-годишниот Швајцарец ова ќе биде јубилејно 10-то финале во Лондон, каде нема триумф од 2011 година. Овие двајца тенисери и минатата година требаше да се судрат во финалето, но Федерер откако кој и тогаш го доби полуфиналето против Вавринка, поради болки во грбот не го одигра финалниот меч. Денешниот финален меч со кој ќе биде спуштена завесата на годинашното издание на АТП Мастерс серија, меѓу Федерер и Ѓоковиќ ќе започне од 15 часот. Во досегашните меѓусебни дуели поуспешен е Швајцарецот кој има 22 победи наспроти 21 на Ѓоковиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаСветската банка ги зголеми проекциите за македонската економијаСветската банка ги зголеми проекциите за македонската економија. Наместо претходно очекуваните 2,9 проценти, сега растот е проектиран на 3,2%. Според најновиот октомвриски извештај, меѓу главните двигатели на економската активност се наведени инфраструктурните проекти. За 2027 и 2028 година е проектиран умерен раст од по 3%, додека за Западен Балкан прогнозата е 3,4%. Но, во друг извештај за долгорочниот економски раст и создавањето работни места во Македонија, Светска банка предупредува дека без структурни реформи, растот до 2050 година би можел да забави на само 2,4%, што е само 55% од просечниот доход во ЕУ. Како главни причини ги посочуваат ниската продуктивност, слабите инвестиции, недоволната конкуренција и намалувањето на работоспособното население. Од Светската банка предлагаат повеќе инвестиции во технологија и иновации, реформи и подобро искористување на работната сила. -Ако се искомбинира овој пакет за реформски пакети што го предлагаме, ќе го зголеми порастот од 2,4 на 3,8% во просек и директно ќе придонесе за околу 190 илјади подобро платени работни места и околу 60 илјади повеќе работни места, односно зголемувањето на платата реално ќе биде околу 25% во овој период,- Сања Маџаревиќ – Шујстер – виш економист во Светска банка за Западен Балкан. Светска банка предупредува дека до 2070 година работоспособното население во Македонија би можело да се намали за повеќе од половина, поради стареењето и иселувањето. Проекциите покажуваат дека до 2040 година Македонија ќе биде земја со над 20% население на возраст над 65 години. Недостигот на работна сила веќе е предизвик за економијата, предупредува и премиерот Мицкоски. Според него, за посилен економски раст ќе бидат потребни најмалку 800 илјади вработени, односно уште околу 90 илјади во однос на сегашниот број. -Ние во моментот треба да најдеме нови 90.000 вработени коишто ќе создаваат доход во државата. Ние мораме тоа да го направиме. Се плашам дека со проекциите во, еве да речеме за 15, 20, 25 години од денеска, дека таа бројка ќе дојде под 500.000. Тогаш ќе настанат вистинските проблеми и за пензискиот систем, и за здравствениот, и за државата и во целост во економијата. Затоа, кога зборувам за просемејни политики, тогаш треба да бидам сериозно сфатен, затоа што ова е начинот на којшто ние мораме да се движиме или, или ќе треба да се увезува работна сила којашто носи со себе други предизвици,- Христијан Мицкоски – претседател на Владата. Извештајот нотира и ниска продуктивност – речиси две третини од инвестициите на компаниите се насочени кон градежништвото, а само околу една третина во машини и опрема. Ниско е и учеството на жените и младите на пазарот на труд – жените учествуваат 19 процентни поени помалку од мажите, додека само 26,9 проценти од младите се дел од работната сила. Нотираат и дека бизнисот страда од институционални слабости, во најголем дел од корупција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
МакедонијаГрад Скопје: Средба со делегацијата на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на ЕвропаНа средбата се разговаравше за напредокот на локалната самоуправа во Република Македонија, за јакнењето на општините и за заедничките чекори кон поквалитетни услуги за граѓаните.Градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари конструктивна средба со делегацијата на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, составена од Андерс Кнапе од Шведска и Матијас Гисин од Швајцарија, коизвестувачи и членови на Конгресот, како и Ивета Реинхолде, експерт за Европската повелба за локална самоуправа, и претставници на Секретаријатот на Конгресот. На средбата се разговаравше за напредокот на локалната самоуправа во Република Македонија, за јакнењето на општините и за заедничките чекори кон поквалитетни услуги за граѓаните. - Ја истакнав значајната финансиска поддршка што општините ја добиваат од Владата за реализација на инфраструктурни проекти. Тоа е поддршка што се преточува во нови улици, подобра инфраструктура и решавање на потребите на граѓаните. Унапредената соработка со министерствата и новиот Меморандум меѓу Владата и ЗЕЛС се цврста основа за уште повеќе заеднички резултати. Ја нагласив и нашата посветеност на натамошна децентрализација, финансиски посилни општини и поефикасна локална администрација. Преку партнерски однос со Владата, продолжуваме да работиме на решенија што ќе им овозможат на општините побрзо и поуспешно да одговараат на секојдневните потреби на граѓаните. За мене, успехот на секоја соработка се мери со она што граѓаните го чувствуваат во својот живот - уредена општина, подобра услуга и општина што е достапна и подготвена да помогне – рече на средбата Ѓорѓиевски Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека делегацијата го препозна ЗЕЛС како силна и обединета организација, која успешно ги застапува интересите на локалните власти, што претставува признание за заедничката работа, но и поттик да се продолжи уште попосветено.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДронови погодија два брода покрај брегот на Бугарија, еден потона, се трага по посадатаСе потенка линијата помеѓу воената зона и цивилната пловидба – два трговски брода утринава дронски беа нападнати во бугарскиот дел од Црното Море, едниот, под знамето на африканско Того е потонат на самото место, екипажот се води како исчезнат. Вториот брод од Палау поминал со големи оштетувања, но екипажот е евакуиран, дел со посериозни повреди, пренесуваат тамошните медиуми. Бугарскиот премиер Румен Радев итно го свика советот за безбедност. Не се откриени луѓе во првиот брод, екипажот е во неизвесност. Апсолутно, грубо, погазување на меѓународното право и воопшто на морското дејствување. На оваа војна, ако не се стави крај на време, таа ќе продолжи да го проширува својот просторен опфат и да го зголемува ризикот, дури и од глобален конфликт. Гледаме дека војната се вжештува, се погазуваат веќе секакви правила на меѓународното право. Се гаѓаат цивилни морски пловила. Кој и со каков мотив стои зад овој напад кој е на 130 километри од приморскиот град Бјала, засега останува непознато. Единствено, бугарските медиуми шпекулираат дека непотонатиот брод превезувал украинско жито. Како високо загрижувачка состојбата на Црното Море ја оцени и претседателката на ЕК – Урсула Фон дер Лајен, по видеоконференцијата на ЕУ лидерито со бугарскиот премиер. Таа гледа можна поврзаност со вчерашниот напад врз турскиот брод со украинско жито на романскиот брег. -Ова доаѓа само еден ден откако туски брод, кој носи укранско жито беше погоден и потонат на ромаскиот брег. Иако точните околности на овие инциденти се уште се утврдуваат, случувањата се многу загрижувачки. Нападите врз цивилни бродови се неприфатливи. Фон Дер Лајен - Статус. Лицата на бродот од Палау, кои беа евакуирани се пренесени во Варна, дел од нив се хоспитализирани. Во меѓувреме надлежните трагаат по екипажот од Того, брод кој засега останува непознато што превезувал. Тагови: брод дрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00