Федерер победник на турнирот во Хале - Канал 5

Федерер победник на турнирот во Хале

Швајцарецот Рожер Федерер победи на турнирот во германскиот град Хале откако во финалето со 2-0 во сетови го победи Андреас Сепи од Италија. За Федерер ова е вкупно 86. титула во кариерата или осма на овој турнир во неговото десетто финале.

Федерер победник на турнирот во Хале
Првиот сет Федерер го доби со 7:6 во тај брекот беше 7:1 на поени, додека во вториот сет Швајцарецот беше поуспешен со 6:4 во гемови. Федерер во 2015 година досега има победено на турнирите во Бризбејн, Дубаи и Истанбул.

Неговиот ривал во финалето Сепи, до финалето стигна откако претходните двајца ривали Гаел Монфис (четвртфинале) и Кеи Нишикори (полуфинале) поради повреди ги предадоа мечевите.

За Федерер ова беше 15.та титула освоена на тревната подлога.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаосот во Франција продолжува; Макрон свика итен состанок

 Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа свикал состанок со неколку министри по повод протестите низ земјата, откако во вторникот на улиците излегоа меѓу 256.000 и 450.000 луѓе.

Хаосот во Франција продолжува; Макрон свика итен состанок

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа свикал состанок со неколку министри по повод протестите низ земјата, откако во вторникот на улиците излегоа меѓу 256.000 и 450.000 луѓе, според податоците на Министерството за внатрешни работи и синдикатите од секторот за образование.

Како што беше најавено, на состанокот во Елисејската палата треба да присуствуваат премиерот Себастијан Лекорни, министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез и министерот за национално образование Едуар Жефре, објави БФМ.

„Фигаро“ утрово пренесува дека Нуњез и Жефре денеска ќе бидат сослушани пред Националното собрание, во 15 и во 18 часот.

Според проценките на Министерството за внатрешни работи, на протестите низ Франција учествувале 256.000 луѓе, од кои 56.000 во Париз, додека синдикатите од секторот за образование ја процениле бројката на околу 450.000 демонстранти.

Синдикатите им се придружија на учениците и студентите во вчерашниот ден на протести на национално ниво, кои се одржаа во Париз и во други големи градови, вклучувајќи ги Лион, Лил, Марсеј, Тулуза, Бордо, Рен и Стразбур.

На протестите се приклучија и наставници и родители, а некои од нив се обидоа да ги заштитат младите демонстранти од безбедносните сили.

Младинските протести со барање за подобри услови во училиштата започнаа минатиот месец и прераснаа во едни од најголемите демонстрации во Франција во последните години.

Синдикатот на наставници во средните училишта USL соопшти дека околу 1.800 средни училишта низ земјата биле блокирани или затворени од безбедносни причини, додека Министерството за образование наведе дека наставата била целосно или делумно прекината во 891 средно училиште.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера се уапсени 488 лица, а 43 припадници на безбедносните сили се повредени за време на вчерашните протести, пренесува „Фигаро“.

Од почетокот на протестите се приведени вкупно 5.060 лица, од кои 87 отсто се малолетници, според податоците на Министерството за правда објавени во понеделникот вечерта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Колач со боровинки

Во среда (30.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Ани Малинкова.

„Гответе со Дракче“ - Колач со боровинки

Состојки за денешниот рецепт:

200 гр. овесни снегулки

3 - 4 јајца

2 банани

150 гр. грчки јогурт

300 гр. боровинки свежи или смрзнати

1 лажиче екстракт од ванила

1 ќесичка прашок за печиво

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаосот продолжува – Жезус „не стигнал“ да го прочита соопштението на Роналдо

 Ситуацијата околу Кристијано Роналдо и селекторот на Португалија, Жорже Жезус, не се смирува ниту еден ден откако капитенот на репрезентацијата излезе со остра изјава.

Хаосот продолжува – Жезус „не стигнал“ да го прочита соопштението на Роналдо

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња изјави дека Жезус во два наврати го прекршил договорот, а особено го погодило тоа што селекторот за време на прес-конференцијата не спомнал ниту една од осумте точки од документот што, според Роналдо, тој лично ги одобрил.

Португалските медиуми пренесоа дека Роналдо ја следел прес-конференцијата на Жезус и очекувал тренерот јавно да се извини. Бидејќи тоа не се случило, уследила одлуката да го напушти репрезентативниот камп. Поради сето ова, се очекуваше реакција од Жорж Жезус, кој е познат по својот темпераментен карактер и бројните конфликти со играчите и раководството на клубовите во текот на кариерата.

Сепак, искусниот стручњак овојпат не се впушти во полемика.

„Бев во Леирија и го гледав натпреварот на португалската репрезентација до 21 година. Сега ќе го прочитам соопштението. Немам што да кажам“, кратко изјави Жезус.

Инаку, конфликтот започна по натпреварот меѓу Португалија и Норвешка. Според претходниот договор меѓу селекторите и Роналдо, капитенот на репрезентацијата требаше да има внимателно дозирана минутажа за време на овој репрезентативен собир. Првичниот план бил Роналдо да не игра против Норвешка, со оглед на тоа што само неколку дена претходно одигра 67 минути против Велс.

Сепак, Жезус процени дека напаѓачот на Ал Наср е доволно подготвен повторно да настапи. Роналдо беше испратен на загревање, но на крајот не влезе во игра. Токму тој момент беше вовед во нова тензија, која потоа кулминираше со неговото напуштање на репрезентативниот камп. По јавното истапување на Роналдо, Жезус одлучи дополнително да не ја поттикнува полемиката. Неговата кратка реакција, со оглед на темпераментот што го следеше низ целата тренерска кариера, дополнително го привлече вниманието на португалската јавност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер