Федерер ќе ги распродава на аукција своите патики и рекети од Гренд Слем турнирите - Канал 5

Федерер ќе ги распродава на аукција своите патики и рекети од Гренд Слем турнирите

Милиони фанови на Роџер Федерер ширум светот ќе добијат единствена можност да поседуваат неколку предмети од неверојатната кариера на швајцарскиот тенисер, откако објави дека ова лето ќе организира лицитација за личните предмети.

Федерер ќе ги распродава на аукција своите патики и рекети од Гренд Слем турнирите

Победникот на 20 Грен Слем титули ќе стави голем број свои лични предмети на две аукции во јуни и јули за да собере пари за неговата фондација.

На аукцијата во живо, што ќе се одржи на 23 јуни, ќе се најдат 20 предмети, секој поврзан на некој начин со секоја од гранслем титулите на Федерер. Цените ќе се движат од три илјади фунти до 70 илјади фунти.

Предметите што ќе се понудат ќе бидат облека и рекети од победата на Федерер на Ролан Гарос во 2009 година над Робин Содерлинг, со која се заокружија четири грен слема, вклучувајќи ги патиките кои се уште се обложени со прашината од црвеницата на Ролан Гарос.

Навивачите и колекционерите исто така ќе можат да наддаваат за сетот и рекетот од 2007 година што го користел за време на второто од неговите три финалиња на Вимблдон против долгогодишниот ривал Рафа Надал, вклучувајќи патики украсени со знамиња на Швајцарија, кои ги обележуваат неговите титули на Вимблдон.

Елегантниот бел кардиган на Федерер со украс РФ, кој го носел пред соочувањето со Енди Мареј во финалето на Вимблдон 2012 година, исто така е подготвен на аукција, како и патиките што ги носел кога го освоил третиот последователен Вимблдон против Енди Родик во 2005 година.

„Секое парче на овие аукции претставува момент во мојата тениска кариера и ми дозволува да споделам дел од мојата лична архива со моите фанови ширум светот“, рече Федерер.

„Што е уште поважно, приходите се наменети за фондацијата Роџер Федерер за да ни помогне да продолжиме да обезбедуваме ресурси за образование на децата во Африка и Швајцарија“, додаде тој.

Втората аукција преку Интернет се одржува во јули, на која ќе бидат претставени 300 предмети со пониска цена, како нараквици што ги носел Федерер на неговиот 1500-ти професионален натпревар на турнирот во Базел.

Аукциската куќа Кристи проценува дека целата колекција може да достигне цена од 1 милион фунти, но се надева дека ќе достигне 1,5 милиони фунти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер