Федерер донира милион долари за Африка , обезбеди оброци за децата

Роџер Федерер плати милион долари преку својата фондација за да обезбеди оброци за 64.000 деца во Африка погодени од пандемијата на коронавирус.

„Глобалната здравствена и економска криза е во тек, а Фондацијата Роџер Федерер одвои милион американски долари за африканските деца и нивните семејства“, се вели во соопштението.

Фондацијата Федерер веќе долго време и помага на Африка, па славниот тенисер веќе им помогнал на сиромашните во Боцвана, Малави, Намибија, Замбија, Зимбабве и Јужна Африка, татковината на мајката на Роџер.

Најдобриот швајцарски спортист им помогна и во медицинска опрема за болниците во Швајцарија со милион евра.

притисни ентер