Фановите се убедени дека Симпсонси предвиделе дека Том Хенкс ќе се зарази со коронавирус (ВИДЕО) - Канал 5

Фановите се убедени дека Симпсонси предвиделе дека Том Хенкс ќе се зарази со коронавирус (ВИДЕО)

Актерот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон утрово објавија дека се позитивни на коронавирус, а фановите и теоретичарите на заговор се убедени дека Симпсонови го предвидувале ова сценарио од многу одамна.

Фановите се убедени дека Симпсонси предвиделе дека Том Хенкс ќе се зарази со коронавирус (ВИДЕО)

Том Хенкс имал настап во една од епизодите на Симпсонови во 2007 година. Во епизодата, Хенкс го воведува новиот Гранд Кањон и истакнува дека американската влада го изгубила кредибилитетот.

„Јас сум Том Хенкс и ве молам, не се приближувајте до мене ако ме гледате во живо“, вели Хенкс во цртаниот филм.

YouTube video

Многумина ги поврзаа овие зборови со самоизолацијата во која Хенкс се најде заразен со коронавирус. Некои исто така тврдат дека Симпсонови исто така го предвидиле самиот коронавирус во епизодата во 1993 година кога Спрингфилд се заразил со таканаречениот вирус Осака, откако ликовите од цртаните филмови конзумирале сокови од Јапонија.

YouTube video

Важно е да се напомене дека во серијалот, вирусот потекнува од Јапонија, наместо од кинескиот Вухан, кој е оддалечен 2.000 километри.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите ја преземаат режисерската палка: Филмски крик против булингот со Марија Џиџева

Во организација на МФФ Киненова и Општина Кисела Вода, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ успешно се реализира тридневната филмска работилница за основци „Снимај паметно, остави трага“. 

Младите ја преземаат режисерската палка: Филмски крик против булингот со Марија Џиџева

Овој иновативен проект, кој се одржува под менторство на истакнатиот македонски филмски режисер Марија Џиџева, се фокусира на една од најчувствителните теми во современото општество – насилството меѓу децата и младите, со акцент на булингот и сајбербулингот.

Проектот има за цел да ги трансформира паметните телефони на т.н. „Алфа-генерација“ – деца родени и израснати со технологија – од потенцијален извор на дигитално насилство во моќна уметничка алатка за социјални промени. Учениците од VIII и IX одделение низ интензивни лекции ги поминаа сите фази на филмското изразување: од генерирање идеја и пишување сценарио, преку снимање со мобилни телефони, па сè до финалната монтажа.

Тие учат како да ги преточат своите лични соочувања со врсничкото насилство во филмски сценарија.

Ова не е само едукација – ова е платформа каде гласот на децата станува визуелна реалност, а возрасните се тука за да научат како децата го доживуваат светот денес.

-Работилницата е наменета токму за децата кои секојдневно се изложени на технологијата што придонесува за алармантно зголемување на врсничкото насилство. Целта на овие кратки форми е тимски да создадеме филмови каде што ќе го чуеме гласот на младите, ќе откриеме што ги мачи и ќе им помогнеме нвозрасните подобро да разберат како децата денес ги доживуваат булингот и сајбернасилството“, истакна менторката Џиџева..

Поддршката за овој визионерски проект доаѓа директно од Општина Кисела Вода. На прес-конференцијата по повод отворањето на 11. издание на фестивалската програма под мотото „На прво светло“, градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска изрази силно задоволство од соработката со фестивалот.

-Преку ова партнерство и ставањето во функција на нашите две киносали во Кисела Вода, директно придонесуваме за создавање услови за промоција на филмската уметност, даваме конкретна поддршка на младите автори и ги доближуваме современите културни содржини до граѓаните, рече Стаменкоска-Трајкоска.

Кратките филмови што децата ги создадоа во рамките на тридневната работилница ќе ја доживеат својата официјална премиера пред пошироката јавност на големото платно за време на претстојното издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова, кој свечено се отвора на 14 октомври во киното „Фросина“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Вевчани со нова инфраструктура, модерна механизација и подобри услуги за граѓаните

Општина Вевчани во изминатата година реализираше значајни инфраструктурни и комунални проекти со кои се подобруваат условите за живот на граѓаните и се создава поуредна, побезбедна и пофункционална општина.

ВМРО-ДПМНЕ: Вевчани со нова инфраструктура, модерна механизација и подобри услуги за граѓаните

Во патната инфраструктура, во соработка со Министерството за транспорт, обезбедени се средства за целосна реконструкција на четири локални улици во должина од околу 5 километри. Паралелно, реконструирано е и уличното осветлување, со поставување подземна инсталација и нови канделабри.

Во текот на годината се реализираа и повеќе активности за уредување на јавните површини, пешачките патеки и пристапните патишта, како и изградба на бетонски канали за наводнување.

Вевчани доби и бесплатен интернет во централното подрачје преку проектот „Wi-Fi за Западен Балкан“, реализиран во соработка со GIZ.

Значајни вложувања се направени и во развојот на туризмот. Реконструиран е дел од осветлувањето во локалитетот „Вевчански извори“, а активностите за целосно обновување продолжуваат. Воедно, продолжи и традицијата на манифестацијата „Вевчанско лето“, со која се збогатува културната и туристичката понуда на општината.

Со средства од општинскиот буџет е уреден и дворот на детската градинка, со проширување на пристапната патека, изградба на потпорен ѕид, поплочување и обезбедување дополнителни паркинг места, како и поставување нова ограда, клупи и корпи за отпадоци.

Особено значајни се инвестициите во капацитетите на Јавното комунално претпријатие. Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион обезбедени се нова специјална машина за одржување на канализациониот систем и хидрауличен мини-багер.

Дополнително, обезбедени се 850 канти за комунален отпад, со што секое домаќинство во општината доби бесплатна канта. Во рамките на регионалниот проект за управување со цврст отпад обезбедено е и ново специјално возило за собирање отпад.

Општина Вевчани продолжува со реализација на нови инвестиции, со фокус на инфраструктурата, комуналните услуги, туризмот и создавањето подобри услови за живот.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ предупредуваше сега се случува: Ново задолжување од 250 милиони евра за до крај на годината!

Се случува тоа што СДСМ и претседателот Филипче предупредија. Владата на арамијата Мицкоски  не може да ја заврши годината без нови задолжувања.

СДСМ предупредуваше сега се случува: Ново задолжување од 250 милиони евра за до крај на годината!

На седница одржана на 29 септември Владата на Мицкоски одобрила ново задолжување до 250 милиони евра преку издавање должнички хартии од вредност на меѓународниот финансиски пазар. Парите се за буџетска поддршка.

Ново задолжување од 250 милиони евра до крајот на годинава. А во 2026 година веќе нема доспеани долгови за враќање. Ова не е за враќање долгови туку за пензии и плати затоа што нема пари во Буџетот, и секако за криминални тендери.

Со ова јавниот долг е веќе 11 милијарди евра, а со скриените долгови кон ЈПДП и другите јавни претпријатија тој надминува 63% од БДП.

Дупката во буџетот е 900 милиони евра, дупката во ПИОМ е 1 милијарда евра, состојбата со буџетот, со народната каса е катастрофална.

Без економски резултат Мицкоски ги турка граѓаните кон должничко ропство. За само две години арамијата го зголеми долгот за 4 милијарди евра, половина од вкупниот долг на земјата од независноста до денеска.

Ова е уште една потврда на предупредувањата на СДСМ за катастрофалната состојба со буџетот и дебаклот на економските политики на арамијата.

Скопје, 07.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер