Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
ФудбалФабрегас би можел да ја преземе РомаТренерот на Комо, Цеск Фабрегас, би можел да ја преземе функцијата менаџер на Рома, пишува „Sky Sport“.Управата на „Римската волчица“ го вклучила 37-годишниот Шпанец во потесниот круг на можни замени за Клаудио Раниери, кој ќе работи со тимот до крајот на сезоната. За место во Рома се борат и поранешниот тренер на Милан, Стефано Пиоли, Франческо Фариоли (Ајакс) и Патрик Виеира (Џенова). Фабрегас е на чело на Комо од летото 2024. Под негово водство дебитантот во Серија А се наоѓа на 11. место во поредокот со 42 бода по 34 кола. Рома со 60 освоени бода во моментов е на шестата позиција во Италијанското фудбалско првенство. /МИАТагови: Рома Фабрегас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
ЕкономијаДиректорот Димовски во посета на компанијата Леар во ТИРЗ ТетовоСогласно активната и транспарентна комуникација со сите инвеститори, директорот Гоце Димовски денес ја посети компанијата Леар во ТИРЗ Тетово. За време на посетата, покрај состанок со менаџментот, беше остварена и обиколка низ производствениот погон. Во рамки на средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, идните планови и можности за понатамошен развој. Посебен акцент беше ставен на отворената комуникација и соработката со Дирекцијата за ТИРЗ, со цел навремено согледување на потребите на компанијата и обезбедување соодветна поддршка во рамки на надлежностите на Дирекцијата. Димовски истакна дека непосредната комуникација со компаниите е важна за подобро разбирање на потребите, но и за навремено наоѓање решенија за предизвиците со кои се соочуваат. Тој посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветена на отворена и редовна комуникација со компаниите, како и на создавање услови во кои тие ќе можат непречено да работат и да ги реализираат своите развојни планови. Од страна на менаџментот на компанијата, беа презентирани тековните активности, како и плановите за во иднина, а се разговараше и за дополнително унапредување на работните процеси. Беше изразена благодарност за континуираната поддршка и конструктивниот дијалог со Дирекцијата за ТИРЗ, истакнувајќи ја важноста на заемната соработка за одржлив економски раст. Оваа посета е дел од редовните активности на Дирекцијата за ТИРЗ за одржување директен контакт со инвеститорите во технолошките индустриски развојни зони ширум земјата, со цел да се обезбеди стабилна деловна клима и да се поттикнат нови вложувања.Тагови: ТИРЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
МакедонијаЈО: Отворена истрага против три лицаНадлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“.Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“, а заедно со останатите двајца осомничени и кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени во текот на претходно спроведена предистражна постапка, на документација и докази од предмет што е во фаза на судење, како и докази обезбедени преку меѓународна правна помош. Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување мерка притвор, јавниот обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог на тројцата осомничени да им биде определена мерка притвор во траење од 30 дена,стои во соопштението на Јавното обвинителство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола на дивите продавачи на Бит пазарОтстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена .Денес, во раните утрински часови, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во координирана акција со комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи, спроведоа вонреден инспекциски надзор над дивите продавачи на земјоделски производи, лоцирани долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, на потегот од трговскиот центар Мавровка до Бит пазар. Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена на пешачките и велосипедските патеки. Во координација со комуналните инспектори на Град Скопје на сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки. Во заедничка акција со СВР Гостивар, вчера, официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство на приватен имот во село Чајле, запленија и на депонијата Русино нештетно уништија 150 килограми месо со изминат рок, без декларација и со непознато потекло.Тагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter