Европските земји почнуваат да ги отвораат границите

Земјите низ цела Европа започнаа да ги олеснуваат ограничувањата за патувања и границите и се подготвуваат за враќање на домашните и странски гости, според „Гардијан“.

Патувањето меѓу државите може да се одвива помеѓу оние земји кои имаат слична епидемиолошка ситуација. Естонија, Литванија и Латвија веќе создадоа „патнички балон“ и ги отворија своите граници. Гардијан состави список од тековната состојба на патните услови за европските земји.

Албанија

За странските туристи, границите треба да се отворат на 1 јуни. И тогаш треба да се отворат некои хотели и плажи. Некои продавници и ресторани веќе се отворија, а јавниот превоз треба постепено да се враќа во нормала во текот на следниот месец.

Австрија

Прво ќе ги отвори границите за лицата кои доаѓаат од соседните земји со слична епидемиолошка ситуација - Германија, Швајцарија, Лихтенштајн, Чешка, Словачка и Унгарија. Железничкиот превоз меѓу Австрија, Италија, Словенија, Швајцарија и Чешка сè уште не работи. До 31 мај, аеродромите во Виена, Инсбрук и Салцбург ќе бидат отворени, но со ограничен сообраќај. Рестораните и баровите се отворени, а хотелите ќе бидат отворени од јуни. По влегувањето во земјата, потребно е да се донесе здравствено уверение со кое се потврдува дека лицето нема коронавирус. Ако некое лице кое влегува во земјата го нема овој сертификат, тој мора да се изолира 14 дена. Тестирањето може да се направи на аеродромот во Виена по цена од 190 евра.

Белгија

Белгија има намера да ги отвори своите врати пред странските туристи до 15 јуни, а конечната одлука се очекува да биде донесена кон крајот на мај. Работи јавниот превоз, а патниците мора да носат маски. Продавниците започнаа со работа, музеите ќе се отворат на 18 мај, а од 8 јуни ќе започнат со работа кафулињата, рестораните, некои туристички атракции и помалите настани на отворено. Во моментов, секој што влегува во земјата мора да премине во самоизолација 14 дена.

Бугарија

Од први јуни се очекува да се отворат границите со Грција и Србија, по што следат Австрија и Германија. Отворени се некои хотели и базени, а дозволени се и индивидуални спортови. Некои пазари и барови на отворено се исто така отворени, а рестораните ќе бидат отворени од 1 јуни. Дозволени се посети на планини и национални паркови.

Хрватска

Некои граници се отворени. Странците кои поседуваат недвижнини, чамци или блиски членови на семејството и туристи со резервации можат да влезат во земјата. Парковите, плажите, продавниците, музеите, хотелите, рестораните и баровите се отворени, како и дел од јавниот превоз. Некои од домашните и меѓународните авиокомпании исто така функционираат.

Кипар

Постепеното отворање на аеродромите и пристаништата е планирано за периодот од 9 јуни до 13 јули. Не е познато кога ќе се отворат границите за туристите. Во периодот од 21 мај до 9 јуни постепено се отвораат кафулињата и рестораните. Некои хотели се отворија, а музеите ќе се отворат од 1 јуни. Парковите, плоштадите и марините ќе бидат отворени од 21 јуни.

Чешка

Границите со Австрија и Германија се очекува да бидат отворени на 15 јуни. Се отворија продавниците, рестораните на отворено, пабовите, музеите и другите културни институции. И дозволени се собири до 100 луѓе. Хотелите и камповите ќе се отворат од 25 мај.

Данска

Данската влада ќе донесе одлука на 1 јуни за патувања и отворање на границите. Отворени се аеродромите во Копенхаген и Билнд. Продавниците, парковите и дел од хотелите се отворени, а достапен е и јавниот превоз. Рестораните и баровите се отворени од 18 мај. Кината и театрите ќе бидат отворени по 8-ми јуни.

Естонија, Литванија, Латвија

Во моментов, патувањето е можно само меѓу овие три земји едни со други.

Финска

Сè уште не е познато кога ќе се отворат границите за туристите. Баровите и културните институции ќе бидат отворени на 1 јуни, а продавниците и рестораните веќе започнаа со работа. Но, многу хотели и ски-центри остануваат затворени.

Франција

Од 15 јуни ќе се отворат границите со Швајцарија и Германија. Во моментов, секој што ќе влезе во земјата мора да биде во изолација од 14 дена. Јавниот превоз функционира, а патниците што го користат мора да носат маски. Некои продавници се отворија и рестораните и баровите ќе се отворат уште на 1 јуни. Дотогаш, повеќето музеи, плажи и паркови ќе останат затворени.

Германија

Границите се отворени со Луксембург, а отворањето на границата со Швајцарија, Франција и Австрија е планирано за 15 јуни. Во моментов, секој што влегува во земјава мора да се изолира 14 дена, со исклучок на оние што доаѓаат од ЕУ, Шенген-зоната и Велика Британија. Се отворија продавниците, рестораните и некои хотели. Големи настани како фестивали ќе бидат можни по август.

Грција

Премиерот Киријакос Мицотакис го најави почетокот на туристичката сезона за 15 јуни, но многу меѓународни летови нема да започнат до 1 јули. Во моментов, сите што влегуваат во земјава треба да се изолираат 14 дена, но тоа најверојатно ќе биде укинато од 15 јуни кога ќе бидат воведени тестови при пристигнување. Во моментов, 50% од домашните летови и морскиот сообраќај се во функција, а патувањето до островите е дозволено. Маските се задолжителни во јавниот превоз и продавниците. Баровите и рестораните се отворија, а трговските центри ќе се отворат во текот на јуни. Кината, забавните паркови, игралиштата и спортските терени, хотелите ќе започнат со отворање на 1 јуни. Веројатно нема да има поголеми собири како летни фестивали.

Унгарија

Унгарија ги отвори своите граници со Романија, а од 15 јуни ќе ги отвори своите граници со Австрија и евентуално со Словенија. Задолжително е да се носат маски во продавниците и во јавниот превоз. Парковите, баровите и рестораните се исто така отворени.

Исланд

Ублажување на мерките поврзани со меѓународните пристигнувања се очекува до 15 јуни. При влез во земјата, тестирањето или 14-дневната самоизолација ќе биде задолжителна. Странците исто така ќе треба да ја преземат апликацијата за следење. Повеќето хотели, ресторани, ноќни клубови, спортски сали и продавници се отворени. Дозволени се и собири до 200 лица.

Италија

Границите за странските туристи ќе бидат отворени на 3 јуни. Баровите, рестораните и музеите се отворени. Некои хотели исто така ќе се отворат во јуни. Делумно,почна и железничкиот сообраќај во земјата. Сицилија најави дека ќе го субвенционира патувањето за домашни и странски туристи откако ќе се изврши безбедно пристигнување.

Луксембург

Границата со Германија е отворена. И носењето маски во јавниот превоз и супермаркетите е задолжително.

Малта

Сè уште не е познато кога ќе се отворат границите за туристите. Аеродромот се очекува да биде отворен кон крајот на мај. Во моментов, секој што доаѓа во земјава мора да биде во изолација 14 дена. Носењето маски во јавниот превоз и супермаркетите е задолжително. Некои ресторани и продавници се отворија, а хотелите ќе се отворат на почетокот на јуни.

Холандија

Границите се отворени за туристи од Шенген зоната, а по 15 јуни за другите. Продавниците и некои хотели се отворени. Рестораните и баровите на отворено, театри, музеи и кина ќе бидат отворени на 1 јуни. По 1 септември ќе бидат дозволени концерти и фестивали со повеќе од 100 луѓе.

Норвешка

Од 15 јуни се очекува да се отворат границите со другите нордиски земји. Отворени се некои хотели и продавници.

Полска

Отворањето на границите за туристите се очекува од 13 јуни. Рестриктивните мерки се опуштија од 4 мај, а носењето маски на јавни места е сè уште задолжително.

Португалија

Министерот за туризам, Августо Сантос Силва, на 22-ри мај рече дека туристите се добредојдени. Олеснувањето на мерките варира од регион до регион. И јавниот превоз во земјата работи со ограничен капацитет. Плажите, камповите и рестораните и баровите се отворија во намалена мерка.

Романија

Границата со Унгарија е отворена. Хотелите, некои продавници, музеи и ресторани започнаа со работа.

Словачка

Сè уште не е познато кога ќе се отворат границите за туристите. Во моментов, секој што доаѓа во земјава мора да биде во изолација 14 дена и да го објави своето пристигнување 72 часа однапред. Градежните работи и продавниците, маркетите, баровите, рестораните, музеите и галериите се отворени.

Словенија

Се очекува да ја отвори границата со Унгарија до 1 јуни. Секој што доаѓа од надвор од ЕУ мора да биде во изолација седум дена. Продавниците, помалите хотели, баровите и рестораните на отворено се отворени.

Шпанија

Од јули постепено ќе се отвораат границите за странските туристи, а патувањето во земјата ќе биде дозволено од 22 јуни. Во моментов, секој што доаѓа во земјава мора да биде во изолација 14 дена.

Шведска

Границите се отворени за оние што доаѓаат од државите на ЕУ и Велика Британија, а за други тие се затворени до 15 јуни.

Швајцарија

Од 15 јуни ќе се отворат границите со Германија, Франција и Австрија. Отворени се хотелите, продавниците и рестораните.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер