3Другар од детството му пукал во глава поради „црна лотарија“- детали за убиството на бугарскиот бизнисмен
Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
1Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
АвтомобилизамЕвропскиот пазар на автомобили тешко се опоравува од пандемијата И покрај тоа што продажбата во март скокнала за 63% во однос на претходниот март, резултатите се уште се далеку од постигнатите пред пандемијата.Со исклучок на минатогодишната криза, минатиот месец продажбата во Европа била најниска од март 2013 година и за 22% пониска отколку во 2019 година. Во исто време, дизелите достигнаа историски низок удел од само 24%. Според податоците од 26 пазари во Европа, продажбата за март скокнала од 842.094 минатата година на 1.374.313 единици, според Јато Динамикс. Дека ова сè уште не е причина за славење потврдува и фактот дека кварталната продажба е само за 1% поголема отколку во истиот период минатата година, односно најниска од 1986 година. „Европскиот пазар е далеку од претпандемијата, а владите треба да преземат активности за зголемување на продажбата и враќање на довербата кај клиентите“, рече Фелипе Муноз, глобален аналитичар во JATO Dynamics. Само две групи возила, џипови и модели со електричен погон, забележале позитивен резултат. Во март, електричните возила достигнале рекордни 16%. Да потсетиме, минатиот март учеството било 9,7%, а во 2019 година само 3,4%. Уделот на џиповите се зголемил уште повеќе. Во март 2019 година, тој бил 37%, минатата година 40%, а овој март дури 45%. Најголем пораст на популарноста е забележан во Шведска, Норвешка ,Словенија и Унгарија. Golf ја вратил титулата најпродаван модел на европскиот пазар, со зголемен удел на хибридните перформанси. Продажбата била од 26.265 примероци или само 836 примероци повеќе од второпласираниот „Пежо 208“, што е квартален победник. Опел Корса е на третото место, пред Клио и Поло, а четвртото место го зазеде Тесла Модел 3, исто така убедливо најпродаван електричен модел. Да ги споменеме и новитетите. Ново лансираниот Citroen C4 достигнал 5.671 регистрации, а Opel Mokka има продадено 5.560 примероци. Електричните VW ID.3 и ID.4 имаа малку помала продажба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
ЖивотНајтешката тиква има 651,5 килограми, ја подигаат со виљушкар Најтешката тиква во Швајцарија оваа година тежи 651,5 килограми и е одгледувана во приватна градина во кантонот Цирих, објавува швајцарската агенција Keystone-SDA.Ова е трета година по ред одгледувачот Флоријан Ислер од Еслинген, во кантонот Цирих, ја освои титулата швајцарски шампион во одгледување џиновски тикви, објави организаторот на натпреварот, Jüker Farm. Рекорди се уриваат! Тиквата припаѓа на сортата „Атлантски џин“, а нејзиниот одгледувач Ислер постави уште три швајцарски рекорди - за најтешкиот примерок од сортата „Бучел Гард“, тежок 136,6 килограми, највисокиот сончоглед, висок 7,695 метри, и најтешката лубеница, која тежела 97,2 килограми. Срушени се и други швајцарски и светски рекорди во одгледување џиновски зеленчук. Семејството Мајер од Детликон, исто така во кантонот Цирих, сега го држи светскиот рекорд за најтежок сладок компир, еден со тежина од 13,6 килограми, додека Јирг Висли од Досвил, во кантонот Тургау, во североисточна Швајцарија, го постави светскиот рекорд за најдолга лута пиперка, со должина од 54,3 сантиметри. Вкупно 18 џиновски тикви беа измерени на фармата Бихлихоф. Ништо без виљушкар На натпреварот учествуваа 16 тима, вклучувајќи два тима одгледувачи и две семејства. Меѓу 18-те измерени примероци беа 14 портокалови тикви од сортата „Атлантски џин“ и четири зелени тикви. Актуелниот швајцарски рекорд за најтешка тиква е 1.054 килограми, додека светскиот рекорд е 1.278,8 килограми. За време на вчерашниот натпревар, разни видови зеленчук беа транспортирани до вагата со виљушкар.Тагови: тиква Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево време со температура до 29 степениУтре времето ќе биде сончево и релативно топло, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 14 Попова Шапка, 17 Крушево, 21 Претор, Маврови Анови, Охрид, 23 Берово, 24 Прилеп, Виница, Битола, 25 Крива Паланка, 26 Тетово, Штип, Демир Капија, 27 Кавадарци, Велес, Скопје Петровец, 28 Струмица, Скопје Зајчев Рид, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. До крајот на денот ќе биде стабилно и ведро. ВРЕМЕТО УТРЕ Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во четврток времето ќе биде сончево и релативно топло со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаГаши се сретна со поранешните претседатели на Собранието Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната трета средба со поранешните претседатели на Собранието, ја потпиша Одлуката за формирање на Совет на поранешни претседатели на Собранието на Македонија. Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната трета средба со поранешните претседатели на Собранието, Тито Петковски, Никола Поповски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески, ја потпиша Одлуката за формирање на Совет на поранешни претседатели на Собранието на Македонија. За идејата, односно целта за донесувањето на одлуката претседателите на Собранието беа известени на претходните две средби, одржани на 21 октомври 2025 година и на 7 април 2026 година. Имено, целта за формирањето на Советот, како неформално советодавно и консултативно тело, е обезбедување континуитет на институционалната меморија на Собранието; унапредување на парламентарната практика и демократијата и давање стручни и советодавни мислења за прашања од значење за работата на Собранието. Покрај ова на средбата беа разменети мислења за одделни процедурални прашања во работењето на Собранието, прашања што се однесуваат на дигитализацијата на работењето на Собранието во рамките на Националната стратегија за дигитализација, идејата за Библиотека на Собранието и за други актуелни прашања од интерес на работењето на Собранието и прашања од интерес на државата, с е наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08