Европски парламент: Разочарани сме од одлуката за овластувањата на претседателот на Црна Гора - Канал 5

Европски парламент: Разочарани сме од одлуката за овластувањата на претседателот на Црна Гора

Европскиот Парламент денеска го изрази своето длабоко разочарување од неуспехот на Црна Гора да именува судии на Уставниот суд и усвојувањето на законот со кој се намалуваат овластувањата на претседателот на државата.

Европски парламент: Разочарани сме од одлуката за овластувањата на претседателот на Црна Гора

Од таму предупредуваат дека тоа го загрозува патот на Црна Гора кон ЕУ, соопштено е од канцеларијата на Тонино Пицула, постојан известувач на ЕП за Црна Гора.

Црногорските пратеници вчера усвоија закон за намалување на овластувањата на претседателот Мило Ѓукановиќ, што предизвика судири меѓу приврзаниците на опозицијата и полицијата пред парламентот.

Венецијанската комисија, советодавно тело на Советот на Европа, во петокот препорача законот да не се менува, а дипломатите на ЕУ и САД го делат истиот став.

„Го изразуваме нашето длабоко разочарување од неуспешниот обид за именување судии на Уставниот суд и усвојувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за претседател на Црна Гора. Разочарани сме што не беше земено во предвид итното мислење на Венецијанската комисија. “, објавија Пицула и шефот на делегацијата за Црна Гора Владимир Билчич.

Словачкиот претставник на Европската народна партија и хрватскиот претставник на социјалистите и демократите предупредија дека усвојувањето на овие измени е „директна закана за долгогодишните европски амбиции на Црна Гора“.

„Резултатите од гласањето се закана за процесот на пристапување на Црна Гора во Европската унија и може да ја турнат во долга политичка криза и уставен хаос“, се вели во заедничкото соопштение.

Двојката упати апел до сите политички чинители во Црна Гора „да се издигнат над нивните поделби и веднаш да ја обноват функционалноста на демократските институции во согласност со уставните принципи“ и да ги исполнат очекувањата на мнозинството Црногорци кои ја поддржуваат европската иднина на земјата.

Билчик и Пицула изразија жалење што Подгорица сè уште нема затворено ниту едно преговарачко поглавје во последните пет години и што развојот на политичката ситуација во таа земја „во последните неколку месеци ја доведува во прашање позицијата“ на Црна Гора како лидер на процесот на пристапување во ЕУ.

„Затоа повикуваме на брз политички договор што ќе го заврши мандатот на оваа влада без никакви одложувања и ќе го отвори патот за нови избори за Собранието на Црна Гора“, се заклучува во заедничката изјава.

Измените на законот на Собранието имаат за цел да го принудат Ѓукановиќ да му го довери мандатот за состав на нова влада на Миодраг Лекиќ, поранешен дипломат од времето на Слободан Милошевиќ, што наиде на остра реакција кај опозицијата.

Законот го поддржаа претставниците на просрпскиот Демократски фронт, Обединетата реформска акција на премиерот Дритан Абазовиќ и демократите на поранешниот претседател на парламентот Алекса Бечиќ.

Поголемиот дел од опозицијата предводена од Демократската партија на социјалистите на Ѓукановиќ не гласаше.

Црногорскиот устав предвидува дека Ѓукановиќ е должен да го објави законот кога по втор пат ќе биде усвоен во парламентот.

Претходно вчера пратениците не ги избраа судиите на Уставниот суд, па највисокиот суд во Црна Гора е блокиран и не може да носи одлуки за уставноста на спорниот закон за претседател на Црна Гора.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Мексико веднаш да ги запре колоните кои формираат инвазија на нашата земја

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги удвои царините за Мексико ако не ги спречи големите групи мигранти кои, според него, се движат кон границата со САД. 

Трамп: Мексико веднаш да ги запре колоните кои формираат инвазија на нашата земја

Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, тој тврди дека по поразот на републиканците на конгресните избори, повторно се случува „инвазија“ на САД.

„Еве нè повторно! Поради наводниот пораз на републиканците на конгресните избори - на кои ЈАС НЕ СЕ КАНДИДИРАВ - ИНВАЗИЈАТА на нашата земја повторно се случува“, напиша Трамп.

„Мексико мора да ги запре сега“

Трамп тврди дека во Мексико се формираат големи каравани мигранти и се движат кон Соединетите Американски Држави.

„Се формираат огромни каравани и започнуваат нелегална кампања низ Мексико. Многу луѓе во овие каравани се оние што разни земји не ги сакаат - „Испратете ги во Америка“, велат тие - но нема да бидат прифатени!“, рече тој.

Потоа му се закани на Мексико со економски мерки ако не ги спречи мигрантите. „МЕКСИКО МОРА ДА ГИ ЗАПРЕ СЕГА, а ако не го сторат тоа, царините за Мексико ВЕДНАШ ќе бидат ДВОЈНИ“, напиша американскиот претседател.

„Нема да има отстапки“

Трамп рече дека Мексико, гувернерот на Тексас, американската гранична патрола и Службата за имиграција и царина (ICE) биле информирани за неговото барање. Тој конкретно го спомена новиот гувернер на Тексас, кого го опиша како „многу либерален“. „Нема да има отстапки! Ви благодарам за вниманието“, заклучи Трамп. Трамп не даде докази во објавата за тврдењата за караваните со мигранти, ниту прецизираше за кои постоечки царини ќе се однесува најавеното удвојување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфлуенсерка открива како за една недела заработила 90.000 евра на Јутјуб (ВИДЕО)

Интернет ѕвездата Триша Пајтас откри дека за само една недела заработила дури 100.000 долари (околу 90.000 евра) на YouTube. 

Инфлуенсерка открива како за една недела заработила 90.000 евра на Јутјуб (ВИДЕО)

Таа ги откри овие информации за време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ на Енди Коен, во која учествуваше во играта „Plead the Fifth“. Откако ја откри сумата, таа отсечно додаде: „Тоа беше добра недела“.

Пејтас, која е домаќин на подкастот „Just Trish“, објавува видеа на Јутјуб од 2007 година. Сепак, не заработувала секогаш толку многу. Во интервју за Polyester Zine во 2023 година, таа објасни дека нејзините приходи варирале многу, во зависност од тоа колку често објавувала содржина и на кои платформи била активна. Инфлуенсерката, исто така, се потсети на периодот кога снимала видеа секој ден и заработувала значително повеќе.

YouTube video

Од mukbang до Холивуд

Триша Пајтас се занимавала со различни видови содржини низ годините. Таа е позната по нејзините вирални мукбанг видеа, во кои јаде големи количини храна пред камера, но и по нејзините музички видеа и влогови за секојдневниот живот. Повеќе од 20 милиони луѓе ја следат на различни социјални мрежи.

Во последните години, нејзината кариера се прошири и надвор од социјалните мрежи. Покрај водењето подкаст и снимањето ASMR видеа, претходно беше активна на платформата OnlyFans, се појавуваше на телевизија и се обидуваше да глуми.

За време на нејзината кариера, таа се појави во повеќе од 50 телевизиски и филмски проекти, вклучувајќи ги „Saturday Night Live“, „Celebrity Big Brother UK“ и „America's Got Talent“. Најавени беа и нејзините улоги во сериите „Hacks“ и „Euphoria“.

Во интервју за британскиот Vogue во 2024 година, таа откри дека реинвестира голем дел од својата заработка во снимање содржини. Како што рече, трошела десетици илјади долари за продукција на раскошни видеа.

Семејство и нови мемоари

Големи промени се случија и во нејзиниот приватен живот. Во декември 2021 година, таа се омажи за израелскиот уметник и фотограф Мозес Хацмон, кој редовно ѝ се придружува во водењето на подкастот „Just Trish“. Двојката има три деца: ќерката Малибу Барби, родена во септември 2022 година, ќерката Елвис, родена во мај 2024 година, и синот Аквамен Мозес, роден во јули 2025 година.

Порано оваа недела, Пајтас објави и мемоари од 368 страници со наслов „Плачење на кујнскиот под“. Во книгата, таа го опишува растењето во Илиноис, обидите да успее во Холивуд, контроверзиите што следеа по нејзината интернет кариера и нејзините проблеми со менталното здравје. Таа, исто така, пишува за тоа како со текот на времето пронашла стабилност во семејниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО)

Русија губи повеќе од 40.000 војници во Украина секој месец, вклучувајќи мртви и тешко ранети, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. 

Руте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО)

Тој истакна дека оваа бројка е споредлива со вкупните американски загуби во текот на 14-те години од војната во Виетнам. Руте го изјави ова во говорот на форумот „Атлантска иднина“ што се одржа вчера, пренесува Украинска правда.

Споредба со Виетнам

Руте објасни дека рускиот претседател Владимир Путин не успева да ги постигне своите цели на бојното поле, наведувајќи ги огромните човечки загуби што Русија ги претрпува во последните месеци како причина.

„Соединетите Американски Држави изгубија 56.000 луѓе во Виетнам за 14 години. Тука, Русија има 40.000 мртви или тешко ранети само за еден месец. Првите податоци за октомври покажуваат дека овој број би можел да надмине 50.000. Педесет илјади за само еден месец“, рече Руте.

Напади врз цивили и хибридна војна

Генералниот секретар на НАТО смета дека Путин, откако не успеа на фронтот, се свртел кон напади врз цивили за да ја скрши волјата на Украина за борба. Тој рече дека Русија ги таргетира украинските градови со ракети и беспилотни летала и се обидува да уништи клучна инфраструктура пред зимата.

„Русија, исто така, ја интензивираше својата кампања на непријателски активности низ Европа. Путин се обидува да нè подели, да ги дестабилизира нашите општества и да ја наруши нашата поддршка за Украина преку палежи, инциденти со беспилотни летала, кибернапади и други злонамерни дејствија. Но, да бидеме јасни - тој не успева. Ние одговараме на секој руски хибриден напад врз нашите земји со испраќање уште поголема помош на Украина“, рече тој.

Проценки за вкупните загуби

Алијансата претходно процени дека Русија имала повеќе од 50.000 жртви само во септември, од кои 28.000 биле убиени, што е значително повеќе од загубите на украинските вооружени сили. Според проценка објавена ова лето, НАТО верува дека Русија изгубила повеќе од 1,4 милиони војници од почетокот на инвазијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер