Палевски наскоро ќе го даде првиот исказ пред обвинител

Откако синоќа беше екстрадиран од Турција и директно од скопскиот аеродром со полициска придружба пренесен во затворот во Шутка наскоро се очекува Љупчо Палевски-Палчо да го даде првиот исказ пред обвинител.

Откако синоќа беше екстрадиран од Турција и директно од скопскиот аеродром со полициска придружба пренесен во затворот во Шутка наскоро се очекува Љупчо Палевски-Палчо да го даде првиот исказ пред обвинител за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски. Палевски од ноќеска го издржува претходно определениот 30 дневен притвор. Сместен е во посебна просторија, кон која се доаѓа од посебен ходник каде нема никаков контакт со останатите притворени. Поради безбедносен ризик за него важат посебни протоколи од начинот на негово обезбедување со едни исти лица, до крилото каде се наоѓа, но и неговата исхрана. Како што информираше директорот на затворот Филип Андов при приемот Палевски не се пожалил на здравјето, а за него биле извршени редовни прегледи кои се прават како за сите притвореници.

„И за отворање на вратата, кога треба да му се отвори вратата точно се пишува време , кога е отворена и зошто и кога се затвора, се носи во посебна бања и се шета на посебно место. Ограничена е и храната, со детална проверка и сите други параметри каде што притвореното лице има право по куќниот ред да ги исполнува. Нема никаков контакт со останатите тука затворската полиција е ограничена каде што едни исти лица ќе бидат задолжени за него во постапката која секојдневно ќе ја извршува,“- Филип Андов – Директор на истражниот затвор Скопје.

Истрагата за двојното убиство за кое Палевски е првоосомничен, а која беше отворена во декември, е во завршна фаза, информираат од обвинителството, но во интерес на истражните дејствија од таму не споделуваат повеќе детали.

- „ Во однос на ова лице, јавниот обвинител презема истражни дејствија на прибавување и анализа на докази кои во оваа фаза на постапката не можат да бидат споделени со јавноста.“ – ОЈО Скопје.

За грозоморните убиства наскоро се очекува да биде поднесено и обвинение, а осомничените да седнат на обвинителна клупа во судница. Палевски се терети за две тешки кривични дела: „грабнување„ и „ убиство на свиреп начин„. Тој откако беше идентификуван како главен организатор на двете убиства кои ја шокираа јавноста во земјава, но и во регионот, избега од Македонија во Србија, па оттаму преку Бугарија во турскиот град Баликесир, каде и беше уапсен во декември минатата година и во екстрадициски притвор остана речиси пет месеци. Покрај Палевски, за двојното убиство осомничени се и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски. Осомничен за помагање е и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски, кој по неколку месеци поминати во затворот во Шутка од неодамна се наоѓа во куќен притвор по одлуката на Врховен да му ја уважи жалбата.

Американка заработува 4 милиони долари месечно на сајт за возрасни: Христијанка сум и девица

Таа е најуспешната корисничка на OnlyFans, заработувајќи неверојатни 3,2 милиони фунти месечно - но Софи Рајн, 20-годишната девојка од Флорида, исто така е посветена христијанка и тврди дека сè уште е девица.

Оваа девојка заработила неверојатна сума пари за само една година на платформата за содржини за возрасни – сето тоа без никаков секс. „Јас сум девица. Сè уште сум девица, до ден-денес“, рече Софи на подкастот.

Покрај тоа, таа рече и дека е посветена христијанка. „Не правам ништо со никого на моите OnlyFans. Тоа сум само јас“, додаде таа. Софи може да се пофали со повеќе од девет милиони следбеници на TikTok, пет милиони на Instagram и три милиони на Snapchat.

Еден анонимен обожавател, маѓепсан од младата инфлуенсерка, потрошил дури 4,7 милиони долари на нејзината содржина во последните неколку месеци, за што добил јавна благодарност од интернет ѕвездата.

Во неодамнешниот подкаст со Камила Араухо, креаторката на содржини за возрасни отворено зборуваше за нејзината заработка. Камила праша: „Свесна си дека си главна ѕвезда на OnlyFans, нели? Само треба да знам, колку заработуваш месечно?“ На што Софи, малку колебливо, одговори: „Не сакам да ти го скршам срцето“.

Но, откако на водителката ѝ го дала телефонот на кој се прикажува нејзината заработка на OnlyFans, Камила, јасно шокирана, признала: „Мислам дека ќе се расплачам... Четири милиони долари? Четири милиони долари за еден месец?“

„400.000 долари во последната недела... И повеќе од тоа“, одговорила Софи. Камила потоа ги прашала обожавателите на Софи: „Како давате толку пари? Имате сопруги, деца, поранешни партнери, сметки. Дами, ако го гледате ова, проверете го телефонот на вашиот маж, бидејќи 4 милиони долари месечно. Ќе ја најдете таа врска во неговата историја на пребарување“, заклучила таа.

Иако Софи отсекогаш сакала да стане позната инфлуенсерка, не можела да замисли дека еден ден ќе заработи милиони на OnlyFans. Таа призна: „Сè уште чекам да се разбудам од сонот. Ништо од ова не ми е реално“.

Иако Софи заработува неверојатни суми пари, кога зборува за својата иднина, таа вели дека само „ја чека вистинската личност“ со која ќе го помине остатокот од животот. Иако нема проблем да ги плати сметките, кариерата не ѝ го олеснила пронаоѓањето на мажот од соништата.

Таа претходно изјави за Џем Прес дека нејзината работа ѝ го отежнува излегувањето и изразила фрустрација од додворувачите кои „сакаат да излегуваат со неа само поради нејзиното тело, а не поради тоа што е како личност“. Иако, според извештаите, Софи од Тампа пораснала на социјална помош, таа сега ги користела своите приходи за да им помогне на нејзините родители да ги платат долговите.

Таа гордо изјави: "Сега моите родители не мора да живеат од плата до плата. Тоа е сè што некогаш сакав да го правам и тоа е една од главните причини зошто го правам тоа што го работам. Ги гледав како се мачат додека растев. Погодивте, а тие не го заслужија тоа“.

Поради својата провокативна работа, Софи често се наоѓа на удар на интернет тролови. На платформата X, Софи му одговори на еден корисник кој напиша: „Ве молам, престанете да ги нарекувате проститутките „модели“. Ви благодариме“.

Но, се чини дека на Софи не ѝ пречат ваквите коментари на интернет, бидејќи таа одговори: „Можете да ме викате што сакате. Ќе се смеам на пат до банката“. Покрај соочувањето со скептиците, Софи мораше да ги предупреди обожавателите и за корумпирани поединци кои ги користат нејзините фотографии за да измамат наивни мажи.

„Сметам дека е крајно морничаво да гледам како моето тело или лице го користи некој друг. Луѓето се преправаат дека сум јас за да ги измамам наивните мажи и да вадам пари од нив“, ја откри својата загриженост во подкастот.

Го чекале таткото да се врати, кога дознале страшна вистина: Летот му бил резервиран по смртта

Летот на убиениот татко за дома од Шпанија бил резервиран по неговата смрт.

Џон Џорџ (37) исчезнал на крајот од неговото тринеделно патување во Аликанте. Тој требало да се врати дома во Белфаст со авион на 18 декември, соопшти неговото семејство, но никогаш не се качил на летот.

Кога последен пат се слушнал со семејството на 14 декември, звучел нервозно. После тоа, неговиот телефон замолкнал.

Алармот се вклучил откако Џон, татко на две деца, не се вратил дома. Сепак, дотогаш тој бил мртов веќе четири дена, застрелан и убиен вечерта на 14 декември.

Шпанската полиција открила дека неговиот лет на easyJet од Аликанте до Белфаст бил резервиран откако бил убиен, објави Метро.

Речиси еден месец откако е убиен, неговото тело во распаѓање било пронајдено под дрвја на приватен имот во руралните средини Рохалес, 45 минути јужно од Аликанте.

Маж (32) е уапсен под сомнение за убиство откако телото на таткото било пронајдено на 6 јануари. Во меѓувреме тој е пуштен откако платил кауција, додека полицијата трага по уште две лица.

Метро пишува дека обдукцијата се уште не е завршена, а Џон ќе биде погребан следната недела откако неговото тело ќе биде префрлено во Белфаст.

Мотивот за убиството се уште не е познат, додека истрагата продолжува.

Мајка од Австралија го труела своето бебе, го снимала додека се грчело и снимките ги продавала

Мајка од Австралија е обвинета дека ја злоставувала својата едногодишна ќерка, ја труела и потоа поставила нејзини снимки на интернет.

Таа на интернет поставила снимки од својата ќерка, за која тврдела дека е болна, а потоа од своите следбеници барала пари, објави Њуз18.

Полицијата во Квинсленд соопшти дека 34-годишната жена ѝ дала на својата ќерка неколку лекови без рецепти.

Злоупотребата на девојчето ја откриле лекарите во болницата, кои сомнителниот случај веднаш го пријавиле во полиција.

„Додека детето имало болки, таа го снимала, а потоа снимката ја објавила на социјалните мрежи. На овој начин го привлекла вниманието на луѓето, кои ѝ платиле пари за лекување“, се вели во полициското соопштение.

Жената, чиј идентитет не се соопштува, е уапсена и обвинета за пет точки за труење дете, злоупотреба и експлоатација на малолетно лице.

Полицијата соопшти дека ќе направи сѐ за да го спаси детето од опасност и да ги повика на одговорност сите престапници.

Се очекува жената утре да се појави пред судот во Бризбејн.

притисни ентер