„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
Почина синот на Синди Крафорд: Трагедија во семејството на познатата манекенка, Пресли имаше само 27 години
1„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
2Почина синот на Синди Крафорд: Трагедија во семејството на познатата манекенка, Пресли имаше само 27 години
СветЕвропратениците повикаа на активности за зајакнување на економијата и одбраната на ЕУПратениците во Европскиот парламент денеска во рамките на дебатата за резултатите од Самитот на ЕУ одржан на 20 март, повикаа на активности за зајакнување на економијата и одбраната на Европската Унија. Во дебатата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, европратениците се заложија за зајакнување на стратешката автономија и прилагодливоста на ЕУ, како одговор на американските царини за одредени стоки произведени во Унијата. За постигнување на овие цели, според европратениците, потребно е да се поедностават условите за работа на европскиот бизнис сектор и да се намали неговиот административен товар. Сепак, според дел од нив, овие „економски реформи“ не треба да ги поткопаат целите утврдени со Европскиот зелен договор, насочени кон заштита на климата и постигнување на климатска неутралност. Кога станува збор за Украина, повеќето европратеници повикаа на целосно спроведување на воведените санкции кон Русија, користење на замрзнатите руски средства за обнова на Украина, како и за преземање зголемени безбедносни обврски кон Киев. Дел од пратениците посочија и дека ЕУ мора да посвети подеднакво внимание на ситуацијата на Блискиот Исток, како што посветува и на Украина, оценувајќи дека надворешната политика на Унијата има двојни стандарди. Во расправата не беше одмината ниту одлуката на Унгарија да го блокира усвојувањето на заклучоците за Украина на мартовскиот Самит, при што дел од пратениците оценија дека со ваквото свое однесување, Будимпешта ја поткопува способноста на Унијата да дејствува ефикасно во услови на криза. Некои европратеници во дебата изразија и „загриженост за демократските случувања“ во Унгарија, повикувајќи ЕУ да преземе мерки за заштита на основните права и европските вредности во земјата. Во однос на прашањето за миграцијата, неколкумина европратеници ја истакнаа потребата од координиран пристап во процесот на враќање на мигрантите чии барања за азил се одбиени, залагајќи се за побезбедни и поефикасни патишта за нивно враќање. Дел од нив повикаа и на зајакнување на партнерства со земјите на потекло на мигрантите, насочени кон надминување на основните причини за миграцијата. Во своето воведно обраќање на дебатата, Кошта нагласи дека меѓу лидерите на земјите членки на ЕУ преовладува „јасното чувство на итност“ за зајакнување на конкурентноста на Европа и создавање услови за повеќе инвестиции во одбраната. Тој оцени дека Самитот од 20 март беше пресвртница во заложбите за посилна и суверена ЕУ, истакнувајќи дека само попросперитетна економија ќе се обезбедат ресурси за инвестиции во европската одбрана. За таа цел, според него, потребна е „решителна акција“ за зголемување на иновациите и продуктивноста и за намалување на бирократијата. Фон дер Лајен, пак, истакна дека ЕУ има за цел преку преговори да дојде до решение за царините воведени од страна на САД, додавајќи дека доколку тоа не се случи, Унијата има „силен план“ за да одговори на овие американски мерки и дека ќе ги искористи. Таа се заложи и за диверзифицирање на односите на ЕУ со другите партнери и за „поврзување на единствениот пазар“, најавувајќи дека Европската комисијата во текот на следниот месец ќе предложи мерки за отстранување на постојните пазарни бариери и за спречување на појава на нови. /МИАТагови: ЕП ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Водовод и канализација: Водата во Скопје безбедна за употребаНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 14.09.2026 до 18.09.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: Водата во Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПорака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод еврејскиот празник Јом КипурПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати порака до претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и до сите нејзини припадници, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур.Почитуван г. Пепо Леви, Дозволете ми, Вам, лично, како и на сите припадници на Еврејската заедница во Македонија на чие чело сте, со длабока почит кон Јом Кипур, да ви упатам искрени желби за духовен мир, здравје и благосостојба! Јом Кипур, најсветиот и највозвишениот празник во еврејската духовна традиција, е празник на тишината и молитвата, на постот и преиспитувањето, на покајанието и простувањето. На овој ден, човекот се повлекува од секојдневната врева и, со искрено и смирено срце, се соочува со сопствената совест, со своите постапки и со одговорноста што ја има кон ближниот, кон семејството и кон заедницата. Нашата човечка големина не е во совршеноста и безгрешноста, туку во храброста да признаеме грешка, да се преиспитаме, да побараме прошка и да најдеме сила да простиме. Денешниот ден нè потсетува дека помирувањето не е само религиозна, туку и суштинска човечка и цивилизациска вредност. Во свет во којшто сме сведоци на поделби, нетрпеливост и отуѓување, вредностите на Јом Кипур се повик за човечност, достоинство и заемно почитување. Заеднички да го градиме македонското општество како место во кое секој човек слободно и достоинствено ќе ја живее својата вера, традиција и културен идентитет, а различностите ќе бидат мостови на разбирање, а не линии на поделба. д-р Гордана Сиљановска-ДавковаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПОЦ: Санкционирани 123 непрописно паркирани возила минатата неделаЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 13.09 до 20.09.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Тагови: ЈП ПОЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter