СветЕвропарламентот се заканува со „правна постапка“ против Европската комисија Претседателката на ЕП, Роберта Мецола упатила предупредување до Европската комисијата дека „заобиколувањето на Европскиот парламент“ при предлагањето на одлуката за воспоставување на иницијативата „Безбедносна акција за Европа“ .Претседателката на ЕП, Роберта Мецола упатила предупредување до Европската комисијата дека „заобиколувањето на Европскиот парламент“ при предлагањето на одлуката за воспоставување на иницијативата „Безбедносна акција за Европа“ (САФЕ), вредна 150 милијарди евра, би можело да резултира со покренување правна постапка против неа пред Судот на правдата на ЕУ. Во допис до претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен, во кој увид имал бриселскиот портал „Еурактив“, Мецола бара ЕК да ја преиспита својата одлука за повикување на членот 122 од Договорот за функционирање на ЕУ за усвојување на САФЕ. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, според став 1 од членот 122, по предлог на Комисијата, Советот може да одлучи за усвојување на соодветни мерки ако се појават „сериозни тешкотии во снабдувањето со одредени производи, особено во областа на енергетиката“. Во вториот став на истиот член се наведува дека „кога земја членка е во тешкотии или е сериозно загрозена од сериозни тешкотии предизвикани од природни катастрофи или вонредни настани надвор од нејзина контрола, Советот, по предлог на Комисијата, може да додели, под одредени услови, финансиска помош од Унијата на засегнатата земја членка. Претседателот на Советот го информира Европскиот парламент за донесената одлука“. Европската комисија во март, повикувајќи се на членот 122, ја промовираше иницијативата САФЕ по итна постапка, со која се обезбедуваат 150 милијарди евра позајмици за земјите членки за заеднички набавки на одбранбена опрема произведена во ЕУ. Но, минатиот месец, Комитетот за правни работи на Европарламентот усвои правно мислење со кое се оценува дека правната основа на која се повикува ЕК е „процедурално несоодветна, бидејќи предлогот не го исполнува критериумот за вонредни овластувања“. Врз основа на ова правно мислење во своето писмо, кое покрај до Фон дер Лајен, било упатено и до претседателот на Европскиот совет, Мецола предупредила дека „заобиколувањето на стандардниот процес ризикува поткопување на демократскиот легитимитет со ослабување на законодавните и контролните функции на Парламентот“. - Доколку Советот ја усвои оваа Регулатива користејќи го членот 122 од Договорот за функционирање на ЕУ како правна основа, Парламентот ќе ја преиспита законитоста согласно член 155 од својот Деловник, предупредила Мецола. „Преиспитувањето на законитоста“ според овој член претставува прв чекор кон можно покренување постапка пред Европскиот суд на правдата. Мецола би можела да го иницира прашањето пред Европскиот суд на правдата, покренувајќи постапка во име на Парламентот во согласност со препораката од Комитетот за правни работи. На овој начин, според „Еурактив“, на Судот ќе му биде препуштено да решава за „институционалната борба за моќ“ и да утврди дали избраната правна основа од страна на Еврокомисијата е законска. Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook