Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
2Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
СветЕвропа мора да ја зближи САД со Украина, вели чешки министер Европа треба да ја ангажира САД во дебатите за безбедноста и да помогне во пронаоѓањето начин да ја зближи со Украина, откако Вашингтон ја стопираше воената помош за Киев, изјави чешкиот министер за надворешни работи, Јан Липавски. Европа треба да ја ангажира САД во дебатите за безбедноста и да помогне во пронаоѓањето начин да ја зближи со Украина, откако Вашингтон ја стопираше воената помош за Киев, изјави чешкиот министер за надворешни работи, Јан Липавски. Тој истакна дека Европа мора да биде подготвена да ја замени поддршката на САД за Украина и европската безбедност со сопствени ресурси. Чешката влада веќе дискутира за зголемување на трошоците за одбрана на 3 отсто од БДП во наредните години, во споредба со 2 отсто лани. Чешка е и предводник во иницијативите за обезбедување муниција за Украина. Липавски нагласи дека оваа иницијатива веќе осигурала испораки за следните месеци, а се работи и на дополнително финансирање од донаторските земји. Европската комисија вчера предложи план за ре-вооружување, со кој владите на земјите членки на ЕУ би можеле да позајмат до 150 милијарди евра, во услови на зголемени стравувања дека Европа веќе не може целосно да се потпира на американската заштита. Липавски го поздрави овој план, оценувајќи го како добра основа за самитот на лидерите на ЕУ, на кој ќе се расправа за Украина и безбедноста. - Мораме да продолжиме со ангажманот на САД во дебатата за европската безбедност и да најдеме начин како да ги зближиме САД и Украина, рече Липавски, додавајќи дека Европа не треба да се откаже од соработката со Вашингтон. Липавски смета дека Украина мора да биде дел од преговарачката маса, предупредувајќи дека претходните договори за прекин на огнот меѓу Киев и Москва не беа успешни. - Клучен интерес на Чешка и, се надевам, на повеќето европски држави е да се спречи рускиот империјализам и да се заштити принципот дека границите не можат да се менуваат со сила, истакна тој. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупцијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница. Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги. Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази. Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избориАмериканскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп. Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес. На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето. Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАМСМ: Промена на сообраќајниот режим на автопатот Кичево–ОхридНа автопатот Кичево–Охрид, на потегот меѓу Пресека и Песочан, кај клучката Арбиново, од денеска ќе се применува привремена измена на сообраќајниот режим поради работи за санација на левиот коловоз.Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на останатите државни патишта сообраќајот се одвива без пречки, при претежно суви коловози. Сообраќајот надвор од населените места е со умерен интензитет, додека на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook