АвтомобилизамЕуроимпекс со најновите понуди на брендовите Valvoline и Toyo Tires во City Mall Компанијата Еуроимпекс, ве повикува во Сити Мол на локација спроти познатото кафуле Play café во периодот од 5ти до 10ти април на дружење и запознавање со нанјовите производи и понуди на брендовите Valvoline и Toyo Tires. Маслата Valvoline ќе ве пречекаат со актуелна акција од моделот SynPower - висок квалитет на синтетичко моторно масло со дополнителни хемиски компоненти кои го намалуваат триењето и абењето на моторот. Погодно и за бензин и за дизел мотори. Можете да ги најдете по цена од: SynPower 10W40 = 1.150 мкд / 4L SynPower 5W40 = 1.500 мкд / 4L SynPower 5W30 = 1.800 мкд / 4L А истовремено ве пречекуваат и со целата палета на синтетички, полусинтетички и конвенционални моторни масла за долготрајност на вашиот мотор. Додека пак Toyo Tires на самата локација ја нудат целата палета на летни гуми за најразлични потреби. Од гуми за патнички возила, премиум и луксузни лимузини, комерцијални возила, спортски и SUV возила, како и off road гуми за екстремни услови на теренот. А секако можете да добиете и посебна понуда како дел од моменталната летна акција на Toyo Tires „Летни гуми со -30%“ + бесплатна монтажа и балансирање. За сите купувачи нудат и изненадување поклон „Toyo Outdoor сет“ На самата локација на располагање се одговорни лица од Еуроимпекс кои детално ќе ви ги презентираат производите и ќе ви дадат соодветна понуда согласно вашите потреби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаУапсени се 17 возачи, 12 од нив возеле без дозвола Лишени од слобода 17 возачи за „безобѕирно управување возило“, 12 возеле без положен возачки испит.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 17 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од КЗ. Од нив, 12 управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.И.(31) од тетовско, 17- годишник и 16- годишник од Скопје, С.Ј. (35) од Виница, Д.Г.(29) од Скопје, Б.Ј.(33) од скопско, Б.И.(19) од скопско, К.Ј.(24) од Скопје, 17-годишник од кочанско, M.Ш. (44) од Скопје, М.М.(21) од Тетово и 16-годишна малолетничка од Виница. Исто така лишени се од слобода и Б.Б. (50) од струшко, Р.Д.(51) од Прилеп, Р.Ј. (56) од тетовско и А.Н. (39) од Прилеп, бидејќи возеле под дејство на алкохол. Од слобода е лишен и П.Р. (27) од Гостивар, затоа што управувал возило во спротивен правец на еднонасочна улица. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВиткоф и Кушнер, по Путин се сретнаа и со Зеленски Со воз преку Полска од Москава во Киев пристигнаа претставниците на Трамп испратени да посредуваат за крај на војната меѓу Русија и Украина. Откако на Централната железничка станица во Киев беа пречекани од високите претставници на Зеленски потоа и тој лично ги пречека специјалните претставници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои пристигнаа во Киев, што е нивна прва посета на Украина од почетокот на руската инвазија. Оваа посета беше овозможена со договорот меѓу Русија и Украина за 72 часа целосен прекин на нападите и воените дејствија за да може безбендо да пристигни делегацијата испратена од американскиот претседател Трамп. Нивната посета на Киев доаѓа во време кога Украина ја нагласува важноста на конструктивните и суштинските разговори со САД, според претседателот Володимир Зеленски. Пристигнувањето на специјалните претсавници на Трамп доаѓа по исклучително значајната средба со рускиот лидер Владимир Путин во Москва. Детали од средбата и планот за прекин на 4 годишната војна не се објавуваат никаде а на самиот почеток на средбата Путин изрази благодарност до Трамп за неговите заложби за прекин на војаната. Специјалниот претставник Стив Виткоф се заблагодари за приемот и за овозможувањето на прекин на воените дејства. Специјалните претставници беа во Москва вчера, каде што се сретнаа со Путин. Разговорите траеја повеќе од три часа, што укажува на сложеноста и важноста на дискусиите што се водат во контекст на сегашните геополитички тензии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСПЦ ја исправи грешката околу именувањето на МПЦ-ОАОткако на својот сајт во информација за мегународна конференција СПЦ го употреби името ПОА-МПЦ за нашата црква, грешката во меѓувреме е исправена, потврдија од синодот на МПЦ-ОА.Српската Православна Црква го коригираше спорното именување на Македонската православна црква на нивната официјална интернет-страница. Од МПЦ-ОА за Канал 5 велат дека стапиле во контакт со СПЦ и побарале, како што велат, очигледната грешка да биде исправена. Во првичната објава за меѓународна конференција во манастирот Манасија, епископот Климент беше претставен како секретар на Синодот на „Православната Охридска Архиепископија – Македонска Православна Црква“.Спорно беше што со првичната формулација се добиваше кратенката ПОА-МПЦ. ПОА беше паралелната црковна структура под јурисдикција на СПЦ, која во 2023 година беше интегрирана во МПЦ-ОА. Дополнително, самата СПЦ во Томосот од 2022 година го употреби официјалното име на македонската црква. Дилеми предизвика и неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Српската православна црква е „иста и во Скопје“. Од МПЦ-ОА тогаш реагираа дека својата духовна и пастирска мисија ја остваруваат на сопствената канонска територија. Црковните аналитичари потсетуваат и на низа претходни случаи на поинакво именување – од формулацијата „Охридска архиепископија – Македонска православна црква“, до ословувањето на архиепископот Стефан како „архиепископ на Македонија“ или само како „Охридски архиепископ“. Аналитичарот Бранко Ѓорѓевски смета дека низата различни именувања тешко може да се сведе само на случајни грешки, додека според Цане Мојаноски повторувањето на ваквите примери може да укажува дека во СПЦ се уште има поединци незадоволни од одлуката од 2022 година. „Секоја случајност во комуникациите е значи и одредена порака која треба да ја восприеми оној кому му е упатена. Зачестените грешки повеќе или помалку упатуваат дека во структурата на Српската православна црква постојат незадоволни, така да кажам, елементи, кои на еден или друг начин го изразуваат ставот спротивен на одлуката на Соборот на Српската православна црква од 2022 година.“ „Вакви пораки, слични на онаа која неодамна ја испрати и српскиот претседател Вучиќ, сигурно дека ќе има и во иднина, но нашата црква мора да има јасен страв околу тоа и не смее да дозволи вакви игри со именувањето. Мислам дека се работи за една смислена стратегија со која нашата црква од време на време се потсетува на тоа дека СПЦ нè признала под уставното име и дека тоа не треба да се заборава во нашите релации, посебно со Вселенската патријаршија, врзана за добивањето на конечниот Томос за автокефалност.“ Ѓорѓевски потсетува дека со Томосот од 2022 година СПЦ ја призна автокефалноста на македонската црква, но за официјалното име препорача дијалог со останатите православни цркви. Затоа смета дека македонските владици треба да побараат детално појаснување зошто и натаму се појавуваат различни формулации за МПЦ-ОА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook