2Од вирусот Западен Нил во Европа починале 130 лица- заразата се шири на север, состојбата е сериозна
Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
1Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
АвтомобилизамЕуроимпекс го претстави новиот Peugeot 208Во втората генерација на моделот 208 Peugeot промени многу. Нова платформа, но исто така и нов дизајн.Иако првата генерација на моделот 208 на сите нам ни е познат уште од 2012 год, приказната за овој модел датира уште од дамнешната 1983 год и е поврзана со моделот 205. Токму овој модел, поради своитe покрај останатото одлични резултати во продажбата, е причината да PSA продолжи со понатамашен развој токму на овој концепт на возила. Следеше моделот 206 во 1998 год, моделот 207 во 2006, па споментата прва генерација 208, шест години подоцна. Меѓутоа сето ова беше вчера. Денес, осум години подоцна, зборуваме за втората генерација на моделот 208, каде што Peugeot промени многу. Нова платформа, но исто така и нов дизајн. Како што споменав и на почетокот, Peugeot има испишано историја со претходните модели. И’ имал тешка задача...треба да ја оправда историјата, а воедно да ја предвидува и создава иднината. „“Unboring the future” – новиот потпис со кој Peugeot го дава своето ветување дека иднината нема да биде здодевна. Со ова брендот алудира на тоа дека предизвикот е прифатен и модел по модел започнува да ги претставува возилата на иднината. Постојат одредени елементи кај новиот Peugeot 208, за кои е вредно да го добие вашето внимание. Ние сме подготвени да ги задоволиме барањата на најпребирливите клиенти. Јасно ја следиме нашата стратегија за репозиционирање на брендот неколку склалика повисоко, а со тоа смело предизвикуваме потенцијални клиенти од премиум круговите.“ – изјави Ивана Манчева Михајловска, Маркетинг директор. Малиот лав е моќен, атрактивен и атлетски граден. На улица, ќе биде забележителен во секоја прилика. На предната маска, доминираат светла во форма на лавовски заби. Предни светла, кои се земени од многу поголемиот брат Peugeot 508. Решетката од напред е голема и хромирана, со дизајн кој го надополнува енергичниот изглед на возилото. Странично имаме атлетски градено возило, а неговата вкупна должина изнесува 4m и 6cm, што е за импресивни 9cm повеќе од моделот од претходната генерација. Новиот 208, во висина е за 3cm е понизок и 6cm е поширока во однос на претходниот модел. (висина 1.430mm, ширина 1.745mm) Со новите димензии поставен на новата модуларна CMP (Common Modular Platform), новиот 208 има и подобро однесување на патот и поголем конфор за патниците. Од зади најпрво се забележуваат стоп LED светлата во форма на лавовски канџи. Станува збор за 100% Led светла, вклучени и дење и ноќе, со цел да бидете забележани во секое време и при секакви услови на патот од сите учесници кои се наоѓаат зад вас. Истото е пред сe од безбедносен анспект, но со тоа дополнително се зголемува шармот на возилото. Внатрешноста, ќе се уверите и сами. Како да го гушка возачот, ќе ве освои уште од првото запознавање... Тронот припаѓа на револуционерен 3D i-Cockpit, за прв пат е интегриран во овој модел. 3D инструмент табла со холограмски приказ. Две површини, поставени една зад друга кои истовремено прикажуваат податоци согласно приоритетот/важноста. 10’’ eкран на допир, позициониран соодветно на возачот. Чист и современи линии на столбот на кој се поставени прекинувачи/дирки, кои се скратена патека до командите кои сакате да ги зададете.... Прогресивен, компактн и мал управувач со „спуштена спортка“ позиција (по кој брендот е единствен), го крева конфорот на едно многу повисоко ниво. Наша препорака е правилно да го позиционирате управувачот и седиштето, да ја имате целата прегленост на инструмент таблата и околината и да направите тест возење со новиот 208. Само така ќе можете да почувствувате вистинските придобивки на овие револуцинерни изуми на инжинерите и дизајнерите на Peugeot. „Новиот Peugeot 208 нуди цела гама на мотори од последната генерација која што ги исполнува побарувањата на Еуро 6 нормите. Воедно, новиот 208 е богато опремено возило, со најнови технолошки иновативни решенија кои досега можеа да се сретнат во моделите од повисоките сегменти, со одлични возни својства и беспрекорно држење на патот. Се поставува прашањето, кому е наменет овој модел? Одговорот е мошне едноставен, наменет е на сите! Без разлика на полот мажи/жени и без разлика на возраста, новиот Peugeot 208 е наменет на сите.“ – изјави Томислав Нафидов, Директор на продажба. Новиот Peugeot 208 нуди цела гама на мотори од последната генерација која што ги исполнува побарувањата на Еуро 6 нормите. Кога станува збор за бензиските PureTech мотори, се работи за трицилиндричните 1,2 литарски мотори, кои испорачуваат сила од 75, 100 и 130 КС. Во однос на менувачите, во понуда се достапни два мануелни менувачи, 5-то степен и 6-то степен, како и автоматскиот менувач со 8 брзини. Дизелскиот Bluе HDI четирицилиндичен 1,5 литарски мотор испорачува сила од 100 КС. Овој мотор е придвижуван од 6-то степен мануелен менувач. Новиот 208 е автомобил кој што не е само атрактивен. Тој е и економичен и динамичен. Потрошувачката не би ја искажувале во бројќи, бидејќи истата е во директна корелација меѓу: типот на моторот, начинот на возење, навременото менување на брзини, товарот во возилото, користењето на греење/ладење, условите на патот итн... Во однос на бројната технологијата вградена во новиот лав, вредно е да се спомене: - 3D инструмент таблата – иновација чие што прво појавување е резервирано токму кај nовата 208ца; - 10’’ екран на допир кој може да се контролира преку гласовна компанда, компандите на управувачот, преку допир или преку 7те дирки за брз пристап; - 3D навигација; - Mirror screen; - Простор за безжично напојување на телефонот; - Новиот систем Drive assist кој овозможува полу-автономно возење со помош на опрема од најновата генерација, најдобра во овој сегмент; - Потоа тука се адаптивниот темпомат со функција Stop&Go, системот за задржување на возилото во коловозната лента, Park Assist системот, напредниот систем за препознавање на знаци на патот; - Електричната паркирна сопирачка итн... Новиот Peugeot 208 се нуди во 4-ри новоа на опременост – Like, Active, Allure и GT Line. Цената на моделот се движи од 12.990€ за бензискиот PureTech мотор со 75 КС, па се до 22.660€ за GT-Line изведба со бензиски PureTech агрегат со 130 КС и 8 степен автоматски менувач.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
БизарноВо мртовечница заборавиле покојник и веќе 14 години е во ладилник- случајно е откриена морничавата вистинаМишел Менар се сметал за осаменик во селото на југот на Франција каде што живеел. Официјално бил невработен и поголемиот дел од времето го поминувал во трошна вила опкружена со лозја. Неговата соседка го видела само кога поминувала покрај имотот. Потоа го забележала како неподвижно гледа низ прозорецот. Никој не ги известил властите Неговата смрт во 2012 година била подеднакво необична. Тогаш 58-годишен Французин бил пронајден во тоалетот на неговата вила, а неговото тело веќе било делумно распаднато. Се верувало дека бил мртов со недели, без никој да забележи. После тоа, ништо повеќе не се слушнало од него - до сега, објавува HLN. Имено, неговите останки биле пронајдени за време на инспекција на мртовечницата на Универзитетскиот медицински центар во Тулуз. Се покажало дека телото лежело во ладилник 14 години! Во тој период, ниту еден член на семејството не се јавил да го згрижи покојникот. Во мртовечницата, се чини, со години никој не ги известил властите за присуството на телото на Мишел Менар. Градоначалничката на градот каде што живеел, Вирџини Биспели-Беири, за француските медиуми изјави дека болницата ја контактирала уште во 2012 година. Во тоа време, прашале дали општината можеби знае за некој од неговите роднини кои би можеле да организираат погреб. „Мислевме дека има семејство и им ги пренесовме тие информации. После тоа, не слушнавме ништо повеќе. Затоа претпоставивме дека останките се предадени на семејството“, рече таа. „Бев без зборови од шок“ Сепак, тоа не се случи. Никој не се погрижи за телото на човекот, кое лежеше во мртовечницата. Случајот беше откриен претходно оваа година, кога француското судство започна истрага за сомнителни неправилности во работата на мртовечницата. Таму, наводно, во вреќа за ѓубре биле пронајдени останки од два фетуса и две бебиња. Истражителите отишле во објектот за да проверат што се случува таму. Тогаш го пронашле телото на Мишел Менар, кого француските медиуми го нарекоа „заборавениот починат“. Пред две недели, градоначалничката добила телефонски повик од полицијата и дознала дека неговото тело е пронајдено во ладилник. „Бев без зборови од шок. Некаде имало сериозна грешка, но каде? Кој ја направил грешката?“, рекла таа. Француското судство го истражува бизарниот случај. Универзитетскиот медицински центар во Тулуз, во кој се наоѓа мртовечницата, вели дека ќе ги почека резултатите од истрагата и дотогаш нема да коментира за случајот.Тагови: мртовечница покојник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИзраелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување Италијанските обвинители објавија дека покренуваат истрага против израелскиот министер за одбрана Израел Кац и голем број високи воени, полициски и затворски службеници. Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на римскиот обвинител објави дека случајот се заснова на сомневања за тортура, киднапирање, нанесување телесни повреди, грабеж и штета. Горенаведените дела наводно се извршени во текот на 2025 и 2026 година, кога израелските сили пресретнале конвои со бродови на пат кон Газа. Assalto alla Flotilla, indagato a Roma anche il ministro della difesa Katz. Il pm di Roma: 'Sugli attivisti della Flotilla trattamenti degradanti. Mancato rispetto diritti basilari. I ministri Israele indagati per tortura e sequestro' #ANSA https://t.co/LEUdEr1YZE — Agenzia ANSA (@Agenzia_Ansa) October 16, 2026 Постапката е покрената врз основа на жалбите на 50 италијански граѓани. Тие беа приведени откако учествуваа во две мисии на Глобалната флотила Сумуд, едната помеѓу септември и октомври 2025 година, а другата помеѓу април и мај 2026 година. Кац сè уште не одговорил на барањето за коментар. Уште во јуни, Бен-Гвир ја отфрли веста за истрагата и рече дека „ќе продолжи гордо да стои со нашите борци“. Детали за жалбите против израелските сили Според обвинителството, активистите приведени по првата мисија пријавиле тепања, повреди, закани со смрт, навреди и обвинувања за тероризам. Учесниците во втората мисија, како што е наведено во соопштението за медиумите, пријавиле уште построг третман, што вклучувало тепања во темница и употреба на зашеметувачки пиштоли и гумени куршуми. Истражителите идентификувале повеќе лица од воениот и полицискиот команден ланец кои биле вклучени во тие операции. Покрај Кац и Бен-Гвир, обвинителството именувало уште 12 високи израелски функционери од воениот, полицискиот и затворскиот систем како осомничени. Началникот на Генералштабот Ејал Замир е меѓу нив. Flotilla, i pm di Roma: «Sugli attivisti trattamenti degradanti, tortura e sequestro di persona». Indagato anche il ministro della Difesa israeliano https://t.co/qFnQgRLGjC — Corriere della Sera (@Corriere) October 16, 2026 Меѓународна правна соработка Обвинителите потврдија дека во јуни испратиле барање до Израел за правна помош. Тие побарале информации потребни за реконструкција на настаните и утврдување на индивидуалната одговорност. Не е наведено дали израелските власти одговориле на барањето. Исто така, беше потврдено дека се водени разговори со Евроџаст, агенцијата на ЕУ за судска соработка. Причината е што слични истраги за истите две мисии се спроведуваат во други, неименувани европски земји. Италијанскиот закон дозволува злосторствата извршени во странство против италијански граѓани да бидат судени во Рим. Статусот на осомничен во Италија не значи признавање на вината, ниту автоматски води до судење. Меѓутоа, ако истрагата покаже дека обвинувањата се основани, обвинителите можат да поднесат формално барање за покренување судска постапка. Организаторите на флотилата нагласуваат дека целта на мисијата била да се пробие израелската блокада на Газа и да се достави хуманитарна помош. Израел, од друга страна, ја смета својата поморска блокада на Газа за легална.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
ЖивотБританците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата Велика Британија ќе забрани порнографска содржина што прикажува давење или задушување, сексуални односи меѓу луѓе кои се во сродство или се преправаат дека се во сродство .Велика Британија ќе забрани порнографија што прикажува давење или задушување, сексуални односи меѓу луѓе кои се во сродство или се преправаат дека се во сродство и возрасни кои лажно се претставуваат како деца под 16 години од 6 ноември, објави владата. Мерките беа објавени по меѓупартискиот притисок поради загриженоста за негативното влијание на таквата содржина врз жените и девојчињата, објави Скај њуз. „Владата има обврска“ Британските пратеници рекоа дека новите правила би можеле да доведат до тоа земјата да воведе некои од најстрогите прописи за интернет порнографија во светот. Министерката за правда на Велика Британија, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата има обврска да го преполови насилството врз жените и девојчињата во следните 10 години, нагласувајќи дека штетната порнографија сè уште е лесна за пристап преку интернет. Таа нагласи дека целта не е да се криминализира безопасно сексуално однесување, туку да се спречи ширењето на содржина што може да влијае на перцепциите за здрави врски, особено кај младите луѓе. „Може да ја замагли линијата...“ „Содржината што го нормализира или дури и го величи насилството врз жените е опасна и може да ја замагли линијата помеѓу она што е прифатливо во реалниот живот“, рече Дејвис-Џонс. Според студија од 2024 година на Институтот за давење, повеќе од една третина од возрасните на возраст од 16 до 34 години изјавиле дека доживеале давење или задушување барем еднаш за време на консензуален сексуален однос. Анкета спроведена од истата организација покажа дека 43 проценти од сексуално активните млади на возраст од 16 до 17 години изјавиле дека биле изложени на такво искуство.Тагови: порнографија девојчињата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter