Средба на Министерството за финансии, УЈП и Царинската управа – буџетските приходи за 8% повисоки од лани
1Средба на Министерството за финансии, УЈП и Царинската управа – буџетските приходи за 8% повисоки од лани
3Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици
ФудбалЕуро2020: Англија и Италија вечерва во битка за европскиот фудбалски тронВечерва ќе одекне последниот свиреж од спектакуларниот фудбалски месец ... Фудбалските гиганти Англија и Италија во меѓусебна битка ќе решаваат за кој од нив ќе го освои европскиот фудбалски трон.„Ќе дојде ли дома“ европскиот трофеј за прв пат или сепак пехарот ќе одбере еден од патиштата кои што водат кон Рим. Фудбалските велесили Англија и Италија на култниот Вембли во Лондон пред 65.000 навивачи ќе ја водат последната битка од ова континентално првенство што ќе го одреди наследникот на европскиот трон. Селекторот на гордиот Албион, Герет Саутгејт вели фудбалерите се подготвени да го освојат долгоочекуваниот трофеј, а покусо не остана ниту шефот на италијанскиот табор Манчини кој верува во победа, но меѓусебниот респект е на виското ниво. Имаат фантастични играчи, имаат добар тактички план, искусен тренер и неверојатна статистика во последните 30 натрепвари и навистина сме свесни за тоа, но ние сме во финалето и сакаме да излеземе на терен и да го однесеме трофејот дома./ Ја имаат брзината на Стерлинг, тука е и Кејн, имаат навистина добри играчи и ќе мора да бидеме дефанзивно дисциплинирани, сепак ние ќе ја играме нашата игра со оглед на тоа што можеме да дадеме одличен перформанс и тоа ќе биде нашата главна замисла. Времето вечерва во 21 часот ќе застане, навивачите со нетрпение го исчекуваат првиот свиреж на холандскиот судија Бјорн Кујперс. За тоа кој ќе победи мислењата по скопските улици се поделени. Некои од нив веќе дома го ладат пивото, други пак спектаклот ќе го проследат во кафеаните. Учесник за прв пат во историјата на Европските првенства беше и Македонија, која што битките ги водеше со Холандија, Австрија и Украина. И покрај храбрата игра, репрезентативците учеството го завршија во групната фаза. Љубителите на фудбалот деновиве наплатија за се што беше одложено поради пандемијата. Покрај европскота завршница, утрово се одигра и големото финале на Копа Америка каде што битка за трофејот водеа лутите ривали Бразил и Аргентина. Лионел Меси по долгогодишните критики и обиди успеа да и донесе голем трофеј на нацијата, а прекрасниот лоб и победничкиот гол за Аргентинците го постигна Анхел Ди Марија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ЕкономијаСредба на Министерството за финансии, УЈП и Царинската управа – буџетските приходи за 8% повисоки од ланиБуџетските приходи заклучно со август изнесуваат околу 3,75 милијарди и се за 8 проценти повисоки во однос на истиот период лани, додека даночните приходи бележат раст од 8,2 проценти.Овие податоци биле разгледани на средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со директорите на УЈП и Царинската управа, Елена Петрова и Бобан Николовски. Од Министерството оценуваат дека буџетот засега се реализира согласно планираната динамика, без позначајни отстапувања. Средбата доаѓа само неколку дена откако Димитриеска-Кочоска не ја исклучи можноста за нов ребаланс или прераспределба на средства поради случувањата на глобалните пазари и влијанието на кризата врз цените на енергентите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКрвав напад во Пакистан- најмалку 16 загинати во експлозија во џамија (ВИДЕО)Најмалку 16 лица, вклучувајќи пет полицајци, беа убиени во напад врз џамија во северозападен Пакистан откако возило натоварено со експлозив се удри во неа. Висок полициски службеник во Пешавар ја потврди веста, според Би-Би-Си. Борби на местото на настанот Нападот се случил во округот Кохат, во покраината Хајбер Пахтунхва, каде што сè уште се водат престрелки меѓу напаѓачите и безбедносните сили. Еден официјален претставник изјави дека еден напаѓач е убиен и дека се во тек спасувачки операции. Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари испрати „најдобри желби за брзо закрепнување на повредените во експлозијата“ во официјално соопштение. Никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападот. Премиерот Шехбаз Шариф, исто така, ја осуди експлозијата. An explosion at a mosque during Friday prayers has left at least 5 dead and 33 injured in Kohat district, Khyber Pakhtunkhwa province, Pakistan. As rescuers continue to search for more people, Police say they are still collecting evidence as to what might have caused the explosion. — Iftikhar Firdous (@IftikharFirdous) September 18, 2026 Активноста на милитантите во граничните области на Пакистан нагло се зголеми во последните месеци, а цел беа армијата и полицијата. Исламабад тврди дека милитантите користат безбедни засолништа во Авганистан за обука и планирање напади во Пакистан. Талибанската влада во Авганистан ги негира обвинувањата и вели дека милитантното насилство е внатрешен проблем на Пакистан.Тагови: Пакистан џамија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Шоу бизТом Круз открива за што разговарал со Тејлор Свифт: „Таа е брилијантна“Том Круз откри за што разговарал со Тејлор Свифт откако заедно го гледаа натпреварот со кој тимот „Канзас Сити Чифс“ ја започна сезоната, претходно оваа недела.Актерот гостуваше во емисијата на Џими Фалон во четвртокот и раскажа како музичката ѕвезда го учела на правилата на американскиот фудбал додека навивале за Тревис Келси од трибините. Лекција по американски фудбал Водителот Џими Фалон го праша 64-годишниот актер за што разговараат најголемата филмска ѕвезда и најголемата музичка ѕвезда во светот кога ќе се најдат еден до друг. Круз, кој го промовира својот нов филм „Digger“, одговори: „Таа ме учеше за американскиот фудбал“. На изненадување на Фалон, актерот потврди дека зборува сериозно. „Таа навистина го познава спортот. Како прво, таа е генијалец. Ја следам уште од времето кога беше дете. Сите што беа таму, сите нивни пријатели... тие се прекрасен пар и магични се сами по себе. Целата екипа во таа ложа“, рече Круз. Тој додаде дека дружењето на стадионот „Ароухед“ било посебно искуство за него. „Не бев бил на натпревар уште од пред пандемијата бидејќи постојано работев. Беше навистина забавно да се дружиме таму и да го доживеам тој момент. Таа навистина се разбира во тоа“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by The Tonight Show (@fallontonight) „Брилијантен текстописец и музичар“ Круз и Фалон исто така спомнаа како 36-годишната Свифт претходно признала дека не знаела ништо за американскиот фудбал кога првпат го запознала Келси. „Таа рече: 'Знаеш, тој е толку трпелив'“, раскажа Круз. „Јас одговорив: 'Верувам дека е така'. Мислам дека секој би бил многу трпелив со неа“. Актерот истакна дека пејачката сега целосно ја разбира играта и дека разговарале и за музика и за филмови. „Таа е духовита. Има одлична смисла за хумор. Плус, таа е брилијантен текстописец. Брилијантен музичар и режисер. Таа е многу талентирана“, заклучи Круз говорејќи за пејачката која стои зад албумот „Opalite“. Извор: Индекс.хрТагови: Том Круз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29