ЕУРО: За Пандев офанзивно против силната Холандија - Канал 5

ЕУРО: За Пандев офанзивно против силната Холандија

Најдобрите фудбалери на Македонија попладнево ги завршуваат натпреварите на за нас историскиот прв европски шампионат. Во 3 коло од групата Ц противник на црвено  жолтите е фаворитот  Холандија.

ЕУРО: За Пандев офанзивно против силната Холандија

Дуелот на арената Јохан Кројф во Амстердам ќе биде посебен за нашиот национален тим, тоа ќе биде последниот натпрепревар во репрезенативниот дрес на нашата легенда капитенот Горан Пандев.

Наследниците на „Градне Пандев“ поради тоа што овој натпревар ќе биде посебен за нивниот Гоче, максимално мотивирани се решени попладнево да го прикажат своето најдобро издание на првенството и против лидерот во групата Ц силната Холандија да ги освојат првите бодови на историското еуро.

Сите репрезентативци пред мечот ветуваат дека ќе играат за Горан Пандев, онака како што тој како вистински лидер ги носеше на патот до историскиот пласман на еврошампионатот.

Холандија е голем фаворит во овој натпревар, но македонските фудбалери досега неколку пати покажале дека се вистински туку против најдобрите , како што беше дуелот пред ЕУРО против големата Германија.

Средбата воА започнува во 18 часот македонската селекција иако попладнево ќе ја нема поддршката на фалангата од трибините како во Букурешт , има мотив и желба да одигра уште еден добар натпревар против голем противник и да докаже дека на нашиот тим му е местото меѓу најдобире европсики репрезентации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Баерн Минхен убедлив против Унион Берлин, 100 гол на Кејн за „Баварците“

Фудбалерите на Баерн Минхен со „седмица“ дојдоа до победа против Унион Берлин, Кејн го постигна 100-тиот гол за Баварците

Баерн Минхен убедлив против Унион Берлин, 100 гол на Кејн за „Баварците“

Фудбалерите на Баерн синоќа го декласираа Унион Берлин со убедливи 7:0 во четвртото коло од Бундеслигата. Џамал ​​Мусијала погоди во 18. минута и покажа дека болеста е зад него, а потоа Хари Кејн од пенал во 39 минутаго постигна јубилејниот, својот 100-ти гол за Баварците.

Кејн повторно се запиша во листата на стрелците во 54. минута, Мајкл Олисе постигна хет-трик (во 43., 73. и 76. минута), а Исмаил Саибари погоди во 70. минута. Баерн е лидер на табелата со 10 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио: „Договорот на САД со Данска и Гренланд е победа за американскиот народ“

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека договорот на САД со Данска и Гренланд претставува голема победа за американскиот народ.

Рубио: „Договорот на САД со Данска и Гренланд е победа за американскиот народ“

„Овој историски договор претставува голема победа за Соединетите Држави и за американскиот народ. Благодарение на визијата и лидерството на претседателот Трамп, овој историски договор трајно ги гарантира безбедносните интереси на САД на Арктикот, без никаков трошок за американските даночни обврзници“, изјави Рубио во објава на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Како што наведе тој, Гренланд засекогаш ќе биде дел од стратешката одбранбена зона на Северна Америка, што ќе го спречи присуството на кој било противник на таа територија и во нејзината околина.

„Овој договор трајно и целосно ги решава прашањата за нашата национална безбедност поврзани со Гренланд“, заклучи Рубио.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави постигнале договор со Данска и Гренланд, кој, како што наведе, му обезбедува на Вашингтон трајна контрола врз безбедноста и други прашања поврзани со Гренланд.

Според него, договорот предвидува дека ниту еден противник на САД нема да може да воспостави база или воено присуство, ниту пак да реализира чувствителни инвестиции на Гренланд, без изречно писмено одобрение од Вашингтон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот список на Манчини – девет дебитанти

 Италија е подготвена да започне нова ера по фијаското со Џенаро Гатузо, а сега Роберто Манчини повторно е на чело.

Првиот список на Манчини – девет дебитанти

Искусниот стручњак ја презеде должноста во исклучително деликатен момент, со задача да ги подигне четирикратните светски шампиони кои се најдоа во криза, откако Италија претрпе трет последователен дебакл и не успеа да се пласира на Светското првенство.

За Италија во Лигата на нации претстои исклучително збиен и напорен распоред од четири натпревари за помалку од две недели.

На 25 септември „Аѕурите“ ја пречекуваат Белгија, три дена подоцна гостуваат во Турција, потоа на 2 октомври играат дерби против Франција, додека циклусот го заокружуваат на 6 октомври со уште еден натпревар против Турција.

Манчини прв го објави својот список, на кој се наоѓаат дури девет дебитанти: Мохамед Али Зома, Антонио Вергара, Алесандро Романо, Иса Думбија, Мајкл Кајоде, Масимо Песина, Самуеле Инасио, Себастијано Еспозито и Даниеле Џиларди.

Голмани: Марко Карнесеки (Аталанта), Џанлуиџи Донарума (Манчестер Сити), Масимо Песина (Болоња), Гиљермо Викарио (Јувентус).

Одбрана: Онест Ачанор (Кристал Палас), Алесандро Бастони (Интер), Рикардо Калафиори (Арсенал), Диего Копола (Париз), Џовани ди Лоренцо (Наполи), Федерико Димарко (Интер), Даниеле Џиларди (Рома), Мајкл Кајоде (Брентфорд), Еди Квадиома (Брентфорд), Еди Квадиома Џорџо Скалвини. (Аталанта).

Среден ред: Николо Барела (Интер), Брајан Кристанте (Рома), Иса Думбија (Спортинг Лисабон), Николо Фаџоли (Фиорентина), Давиде Фратези (Лацио), Роландо Мандрагора (Торино), Алесандро Романо (Каљари), Сандро Тонали (Тотенхем).

Напад: Николо Камбијаги (Болоња), Франческо Пио Еспосито (Интер), Себастиано Еспосито (Сасуоло), Самуеле Инасио (Борусија Дортмунд), Мојсе Кин (Комо), Даниел Малдини (Каљари), Џакомо Распадори (Аталанта), Џанлукаталакалап (Аталанта), Антонио (Аталанта) Заниоло (Удинезе), Мохамед Али Зома (Нирнберг).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер